02.05.2008 :: Фершпед Работнички го пречекува Фени Индустри
Утре продолжува полуфиналната серија во плејофот од македонскиот кошаркарски шампионат.
Фершпед Работнички е домаќин на Фени Индустри, а моментниот резултат е 1:1 во победи.
Избраниците на Марин Докузовски ја прекинаа серијата на Кавадарчани без пораз на домашен терен и ја превземаа предноста на домашен терен, и сега ќе мора да го потврдат успехот и пред сопствените навивачи.
Од друга страна, кошаркарите на Фени Индустри ќе се обидат да покажат дека поразот во Кавадарци бил само лоша епизода, и ќе се обидат да ја вратат предноста со победа во “Градски Парк“.
Натпреварот се игра утре во 19.30 часот (МТВ Пренос) во салата “Градски парк“.
Судии се: Зоран Златевски, Петар Денковски и Александар Милојевиќ. Делегат е Антонио Угринов.
Вториот полуфинален натпревар, помеѓу МЗТ ФОН Универзитет Скопје и Струмица 2005 е одложен.
Судии на тој натпревар се: Марјан Стојовски, Игор Митровски и Јовица Крстевски, а делегат е Ѓорѓи Пиперков.
leee ama e kasno znaci doma duri u 11-12