Фан Клуб : Фени Индустри

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Се зборува оти екипата во Кипар кај што играше Кицурис банкротирала , и се распаднала , па постоела можност да се врати у Струмица
Ама тоа за следната сезона
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
дај боже да се врате незнам шо ке прават ....
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
АЛЕКСАНДАР ДИМИТРОВСКИ ТЕШКО ГИ ПРЕЖИВУВА МОМЕНТИТЕ НА СЛАВЕЊЕ НА ФЕНИ ИНДУСТРИ
Ќе се вратам, ... и тоа на голема врата!
"Среќен сум што Фени Индустри го освои Купот на Македонија, но навистина ми е жал што не бев активен дел од овој успех. Мора да ме сфатат сите, дека јас губам најмногу, повеќе од кој било друг и дека не е с$ во парите. Почнувам со тренинзи и ветувам дека ќе се вратам"- вели репрезентативниот бек на новиот куп-освојувач.
Го нема одамна на нашите терени. Се знае и зошто. Тешката повреда, поточно кинењето на Ахиловата тетива на едно од двете гостувања на Фени Индустри во Стурмица го оддалечи Александар Димитровски од паркетот.

И тоа на подолго време. Затоа помалку и заборавивме како "изгледа" нашиот репрезентативен бек.

Барем до моментот кога популарниот "Мачка" заедно со своите соиграчи од Фени Индустри се искачи на свечената ложа во салата " Јасмин" за да го прими златниот медал наменет за победниците во Купот на Македонија.

Се чини дека заздравувањето од тешката повреда оди потешко од очекувањата?
"Кој не знае што е ова, подобро и да не помислува, а камоли да се соочи со една ваква повреда. Не му ја посакувам на ниту еден спортист"- вели Димитровски. "Само јас знам низ што с$ не морав да поминам овие неколку месеци наназад по оној кобен момент во Струмица кога ја заработив оваа повреда со која се борам цело време. Да, тешко оди оваа работа и бев подготвен дека мора да се соочам со подолга пауза. Правам с$ што ќе ми советуваат лекарите, но нема ништо од играње во оваа сезона.

Твоите клупски другари, сепак, успеаја да дојдат до првиот трофеј во сезоната?

"Среќен сум што Фени Индустри го освои Купот на Македонија, како не би бил, затоа што се чувствувам како дел од тимот. Но, навистина ми е криво што не бев активен дел од овој успех. Сепак, мора да ме сфатат сите дека јас губам најмногу, повеќе од кој било друг. И дека не е с$ во парите. Излегоа многу приказни во последно време на моја сметка. Можам само да кажам дека тие ме мотивираат уште повеќе. Да се вратам, да ги уверам сите скептици кои не веруваат во Александар Димитровски. Ќе им порачам само едно, Димитровски ќе се врати, и тоа на голема врата".

Прв чекор кон овие оптимистички најави на репрезентативниот бек е "појавувањето" во салата за кревање товар.

"Рано е за тренинг во сала, тоа е дефинитивно одлука на лекарите. Но не сакам да губам повеќе време. Се вклучувам во тренинг. Во прво време ќе работам во вежбалница. Мора да ги зајакнам и двете нозе, и онаа повредената, но и онаа која трпеше поради тоа. Не верувам дека ќе заиграм во оваа сезона. Се надевам дека Фени Индустри и без моја помош ќе ги обедини двете титули затоа што го заслужува тоа, во секој поглед. Времето е пред мене, ме чека макотрпна работа. Но подготвен сум да се судрам со новите предизвици. Ако ништо друго, да се подготвам добро за оние репрезентативни настапи во квалификациите. Доволно добро се знам себеси и знам дека ќе успеам во тоа" - посакува Димитровски.
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
И да се врати, нема да е истиот.
Сета а знаиш ти нема што па усвари што те засега тебе дали ќе биде истиот глеај си таму Струмица и бркај работа а Мачка и Фени остај ги на мира дали кога или како ќе се врати нека не ти е ич гајле.
 
V

Viktoranius

Гостин
Сета а знаиш ти нема што па усвари што те засега тебе дали ќе биде истиот глеај си таму Струмица и бркај работа а Мачка и Фени остај ги на мира дали кога или како ќе се врати нека не ти е ич гајле.

Да ти кажам на мене и ич не ме боли к*р дали ќе се врати, уствари на мене ми одговара да не се врати...
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Сета а знаиш ти нема што па усвари што те засега тебе дали ќе биде истиот глеај си таму Струмица и бркај работа а Мачка и Фени остај ги на мира дали кога или како ќе се врати нека не ти е ич гајле.

a ima li dogovor dimitrovski za odgodina so feni...
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
a ima li dogovor dimitrovski za odgodina so feni...
Знаете некои хипотетички работи дека Фени ке игра Јадранска, дека ке биде шампион, а поима немате како стојат работите во клубот со црно на бело :toe:
 
Член од
7 март 2008
Мислења
138
Поени од реакции
4
da ti kazam deka macka ima potpisano dve godini so feni taka da ke go gledate sigurno i drugata godina
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Хаха.. арно ви кажаа и да се врати нема да е истиот! РАЗБЕРЕЈТЕ!
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Вака сеа глеам не сте запознаени многу со ситуацијата Александар Димитровски тој не потпиша 2 годишен договор туку само на една година но по честите повреди односно кој ти сака инвалид така кажано во екипа тој не ја примаше платата според која беа договорени со управата примаше само едно 1000 евра за терапија но во знак на благодарнос и за сето трпение на луѓето од Фени и покрај толкуте повреди и малери тој на негово инсистирање сакаже да продолже и наредната сезона т.е идната во Фени. А Диме секако дека не ти одговара сите знаат кој е Мачка и што се може да сторе сите што велат сега дека нема да биде оној стариот ќе се уверат следната сезона здравје..
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Вака сеа глеам не сте запознаени многу со ситуацијата Александар Димитровски тој не потпиша 2 годишен договор туку само на една година но по честите повреди односно кој ти сака инвалид така кажано во екипа тој не ја примаше платата според која беа договорени со управата примаше само едно 1000 евра за терапија но во знак на благодарнос и за сето трпение на луѓето од Фени и покрај толкуте повреди и малери тој на негово инсистирање сакаже да продолже и наредната сезона т.е идната во Фени.
Еве го единствениот кој знае како е. А за другите што е битно тоа што се случува во клубот, важно се видовте како шампиони, се видовте во Јадранска лига и Улеб Куп....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom