Ами вие со кој играчи игравте бе тогаш пак со Врбица Стефанов ај кажи 5 души од аеродром кој успеале во Кошарката а и дали се познати колку нашите а ти ако мислиш дека Чемата и Ристе не се екстра играчи можеби Чемата не испадна надвор од Македонија ама е најдобар плеј во Македонија и после повредата на коленото уште кога играше во Фершпед а Јане Петровски изузетен талент страшен играч е сварно детето и му престои светла иднина ама да е од ранг на Чемата и Ристе Стефанов тоа мислам дека е далеку али има време можеби и ќе биде најдобар играч на Македонија ама сега не пошто непознавам многу играчи кои се од аеродром и се прославиле во мак баскетот ај те молам кажи пошто сум многу помал одтебе и неупатен па дај да чуеме кои се тие таканаречени ваши ѕвезди?
Не сфатив како од Аеродром дали никнале играчи. Немора да значи дека ако Мзт е од Аеродром дека играчите што ги продуцира треба да се од Аеродром исто.
Врбица Стефанов потекло кавадарци, почнал да тренира во Кавадарци, но целото кошаркарско знаење го стекнува во Мзт Скопје со огромна напорна работа и и тренирање сам како лудак до ниедно време во ноќта. Понатака, Тони Симиќ, Мирза Куртовиќ, Синиша Аврамовски, Димитар Караџовски, Тони Грнчаров...не ми текнува други сега станав од спиење. И да, Јане Петровски не е наше производство. Јане дојде кај нас скоро целосно оформен играч.
Сега поштедете ме од Врбица Стефанов дека е продукт на Тиквеш. Врбица Стефанов е роден во Кавадарци, он е најсјајната ѕвезда на Кавадарци, доаѓа од тоа поднебје, ама играч стана во Мзт Скопје. За Шуш (самарџиев), Ристе и Гечевски пеки, нема утка, продукти на КК Тиквеш, без сомнение.
За Самарџиев, го памтам уште пред да се повреди, уште пред да го добие името Орка, пола од вас тогаш во јасли беа, дечкото беше огромен талент, страшен плеј, слаб, брз, со убиствен шут и одлична прегледност. Штета што се повреди ќе имаше Европска кариера. Затоа и не го кажувам во екстра играчи, поради тоа што можеше и многу повеќе да постане.
За Ристе, он е добар играч, ама ништо поразличен од Тасов, Мачка, никогаш не одскокнувал, нешто посебно за да може да биде на нивото на Врбица, Гечевски, Антиќ... он е таа пратечка класа на нашите ѕвезди. Далеку од тоа дека не чини, ама далеку е и од тоа дека може да стане лидер на генерација во репрезентацијата