Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Да, да, така е... 70 страници тука веземе за целите и причините за постоењето... ама нејсе...
 
petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
не ми треба вашиот благослов, и нема што мене да ме благословуваш тои јас не викам ништо лошо за масоните туку кажувам онака како што сум слушнал
за масоните само знам дека се тајни организации кои никогаш не кажуваат што им е целта и за што постојат, кога самите не каживаат кои се и зошто се тогаш барам информации од разни места кои кажуваат дека масоните го владеат светот (значи сите војни и нереди) а слушнав дека хитлер ги убивал поради некаква причина.
Дан се имаш помешано со евреите случајно?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ѕидарски ... ако може од тебе (или и некој друг кој ги има прочитано скоро 80 страни) да ми кажеш Дефиниција за масон ... значи Масон е личност која бла бла бла ....

однапред благодарам.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Наједноставна дефиниција - Масон е член на Масонското Братство. :)
А тоа вклучува - човек кој живее според високи морални и духовни вредности. Човек кој е верник. Човек кој повеќе го вреднува моралот и добродетелта, отколку рангот и позицијата. Човек кој на прво место го става семејството. Човек кој потребите на другите ги става пред своите лични. Човек кој држи на својот збор, по секоја цена, дури и по цена на својот живот... можам вака уште долго да редам... но верувам ја сфаќаш идејата...
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Можеби сте кажале до сега ама неможам да читам 78 страни сега.Како се станува масон?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Пред се, треба да се има 21 година... а реално, пожелно е барем 25-6.
Не може некој да те покани, треба сам да побараш членство. Има два начини на кои тоа може да се направи - или да прашаш некој масон (во земјата во која живееш), или да пишеш до Големата Ложа (во соодветната земја). Треба да се исполнуваат доста услови - да се верува во Бог, да се биде чист пред законот, да се биде со углед и почит во семејството, средината, работата...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Како ти стана масон?

Ако не е премногу лично, би те молел накратко да ни го кажеш патот кој го изоде да станеш масон.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Јас имам уште едно прашање за масоните.
Која е поврзаноста на масоните и алхемијата?Прашањево ми е стварно важно.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
MadDoc - има масони кои активно се занимаваат со Алхемија. Едни од најпознатите алхемисти од 15-ти век наваму биле масони.

Тапетарот - ќе одговорам, ама во друга прилика, кога ќе имам повеќе време.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.696
Поени од реакции
4.871
MadDoc - има масони кои активно се занимаваат со Алхемија. Едни од најпознатите алхемисти од 15-ти век наваму биле масони.

Тапетарот - ќе одговорам, ама во друга прилика, кога ќе имам повеќе време.
alhemijata e realna ????? ..mislam na pretvaranje na obicen metal vo skapocen ...
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
alhemijata e realna ????? ..mislam na pretvaranje na obicen metal vo skapocen ...
Тоа воопшто не е алхемија! :)
Тоа е дефиницијата која ја даваа во соц учебниците и енциклопедиите, заради недоученоста на составувачите на истите.
Алхемијата е создавање на совршената материја - и на материјален и на духовен план. Да, има масони што активно се занимаваат со тоа, но не е главен фокус, ниту пак битен елемент во масонството.
Во работата на ложите алхемијата не постои. Нејзиното проучување е присутно во еден од страничните ордени - Розенкројцерите.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Да, има масони што активно се занимаваат со тоа, но не е главен фокус, ниту пак битен елемент во масонството.
Во работата на ложите алхемијата не постои. Нејзиното проучување е присутно во еден од страничните ордени - Розенкројцерите.
Ова ми беше важно,благодарам.:salut:
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Наједноставна дефиниција - Масон е член на Масонското Братство. :)
А тоа вклучува - човек кој живее според високи морални и духовни вредности. Човек кој е верник. Човек кој повеќе го вреднува моралот и добродетелта, отколку рангот и позицијата. Човек кој на прво место го става семејството. Човек кој потребите на другите ги става пред своите лични. Човек кој држи на својот збор, по секоја цена, дури и по цена на својот живот... можам вака уште долго да редам... но верувам ја сфаќаш идејата...
леле па тоа се поштени и примерни луѓе БРАВО, ја се чувствувам таков но што е целта на тоа здружување на чесните граѓани?
Не сваќам која е целта? дали само дружење?

Дали Масоните по карактеристиките се исти како евангелистите кои исто така се верници, чесни и хумани ?

Зошто името е Слободен Зидар, што означува тоа?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Целта е здружување со луѓе кои се со истите идеали како тебе... Со луѓе кои ќе ти помогнат во твоето лично усовршување, а и ти во нивното. Не е за секого, не е нешто кон кое секој може да има интерес, ниту пак секој може да си го најде таму местото.
Не би можел да направам споредба со евангелистите, затоа што во масонството има од сите вери, и не се извршува никаква религиозна активност.
Слободен Ѕидар е останато од средниот век - од камено-резачките (ѕидарските) гилдии во Западна Европа, кои ги граделе во тоа време катедралите, дворците, јавните објекти. Преку нив е настанато денешното масонство, кое ја користи ѕидарската симболика...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom