Mистеријата на Пентагон
Верувам сите сте слушнале за Пентагон. За оние кои не слушнале тоа е седиштето на Американската воена сила. Изградбата е почната со неверојатна брзина во Јули 1941 година, а завршена е на 11 септември истата година. Хм, 11 септември, мислам дека запознати сме што се случи на истиот датум 60 години подоцна. Случајност? Можеби...
Повеќето од нас знаат како изгледа Пентагон (5 аголна зграда позната исто како Масонски знак). Интересно е тоа што од еден до друг влез/излез во Пентагон се стасува за помалку од 7 минути. Интересно. Малку факти: Пентагон е пет-страна зграда со пет спрата,направена од пет концентрични пентагона,поделена со пет предворја (се разбира во истата пет аголна форма) и во средината има мала ширина. Покриена е со 28327
квадратни метри стакло. Има 131 степеници и 13 лифтови. Во таа зграда работат околу 23000 луѓе.
Сега незнам кој колку го познава Washington D.C. само колку за информација тој град е главен град на Соединетите Американски Држави каде што и се наоѓа Белата Куќа. На некој начин пет-аголната зграда на Пентагон со едниот врв покажува накај Белата Куќа.
Сите можеме да видиме дека улиците кои се наоѓаат околу Белата Куќа формираат геометриски точен Пентаграм. Пентаграм- Пентагон? Случајност или не?
Пентаграмот е ѕвезда свртена наопаку која знаеме дека е знакот на ѓаволот.За да биде уште поинтересно во центарот на пентаграмот се наоѓа Белата Куќа.Сега зошто Масонски знак би (на некој начин) покажувал кон знакот на ѓаволот?
Сето ова кога ќе го поврземе со денот 11 септември (изградбата на Пентагон и неговата 60 годишнина) добиваме навистина запрепастувачка приказна.
За ова можеме навистина долго да зборуваме, но вистината околу Пентагон, Масоните,Белата Куќа и Пентаграмот останува мистерија