Не сакам да изневерувам. Најчесто и немам потреба, зошто ако сум заинтересирана за моменталниот човек, тешко друг да ми привлече внимание.
Ама еве да речеме дека може да се случи некогаш... Јебига, човек сум.
Не ми се случило до сега и не сакам да глумам Мајка Тереза со конечни ставови кои НЕ можам да знам како ќе испаднат во соодветната ситуација, па затоа оставам простор за некоја хипотетичка ситуација, некогаш и некаде, дека никој не е имун на човековата слабост и дека на секого може да му се случи да потфрли вака.
Јас го сметам за хипокритска и нефер ствар, зошто во суштина се работи за изигрување на човек кој ти верувал, што никогаш не е добра работа. Ама ние сме себични и ненаситни... Па правиме вакви глупости.
Најретардирана работа ми е варање од курташак... Демек, да докажеш колку си јебо и како ти можеш да манипулираш две и повеќе жени одеднаш без никој да дознае. Вау. Знам дека е осмоодделенски, ама и возрасни луѓе го практикуваат овој инфантилен пристап и тоа е за жалење.
Колку и да се филозофира на оваа тема, се се сведува на тоа дека... Колку и да сум во теорија против ваквото дејствување, во пракса не можам да знам на какви ситуации ќе налетам.
Во секој случај не би простила доколку ме изневерат, а самата би прекинала со тој човек кој би го изневерила.