Zelenasite - ајде едно по едно...
1. Против што се масоните? Против незнаењето, против немаштијата, против неморалноста, против ограниченоста, против ограничувањето на правата на другите луѓе. Како се борат за тоа? Со знаење, со промовирање на наука и уметност, со овозможување на подобри услови за учење на луѓето, со организирање на добротворни настани и цели, со почитување на другите, на нивните права и определби...
2. Мислењето за Хитлер? Исто како за Сталин, Франко, Мусолини и сличните ним... Зошто тие биле против масонството? Сам одговори си - масонството е организација која промовира демократија, еднаквост на сите, неправење на разлика врз основа на раса, нација, вера, која промовира знаење и ја промовира слободата на личноста... спореди со се она што погоре наведените промовираат и ќе ти стане јасно.
3. Како реагираат на Ден Браун? Како на белетристика и фикција. Како поинаку да реагираат?! Ни прв, ни последен е што прави милиони изнесувајќи измислици што добро се продаваат. Братството е присутно јавно од 1717 година. Стотици автори од тогаш се збогатиле пишувајќи глупости на таа тема. Не се занимаваме со нив - имаме попаметни и поважни работи.
4. Ниеден од фамилијата Кенеди не биле членови на ниедна ложа. Последниот претседател на САД масон, беше Џералд Форд (мандатот му завршува во 1976-та година). Картер, Реган, двајцата Буш и Клинтон - не биле никогаш масони.
5. Не. Структурата на масонството е таква што Големиот Мајстор нема таква улога каква што ти опишуваш. Освен тоа - дури и некој таков да склучи каков било договор - тоа нема никаков начин да се спроведе од страна на ложите, затоа што не постои систем на наредби и на извршување. Едноставно не функционира така. Никој не може да ти каже што треба да направиш, како да постапиш, кого да слушаш. Не е таков вид на организација. Соодветно - таквите претпоставки се апсурдни.
6. Вистинската моќ на масоните е во довербата која ја имаме меѓу себе. Во тоа што веруваме во иста цел - подобро утре. Но, за разлика од стотици милиони кои само декларативно го прават тоа - ние навистина веруваме во таа идеја и работиме на тој план. Погледни ги последниве 300 години - стотици видни масони учествувале во речиси сите значајни откритија во науката, медицината, во уметностите...
Штета? Каква штета имаат направено? Како што многу пати велам низ форумов - ајде со факти да зборуваме, а не со муабети...