Напротив - на сите кои имаат нужда, многу им се помага... имам пишувано и за тоа на форумов... како што реков - убаво е прво да се прочита, после да се коментира.
Да те прашам тебе - ако родениот твој брат има продавница за храна, оддалечена на 5 минути пешки од твојата зграда, а долу во зградата имаш исто продавница за храна, која по исти цени ги продава истите производи - дали нема секој ден да го правиш тој дополнителен напор и да одиш до продавницата на својот брат? Истото го правам и јас со мојот брат, зарем не?
Освен тоа - од лично искуство знам (ова особено се случуваше додека живеев во Македонија) - многу пати, дури и кога сум имал писмени договори за завршената работа, нарачателите или не ми плаќале, или ме оставале да чекам со месеци, понекогаш со години. Во неколкуте години работење со масони - такво нешто никогаш не ми се случило. Ако нема да ми плати - ми кажува однапред, за да не се зафаќам со работата. Освен тоа - далеку од тоа дека се што правам во работата и секојдневното живеење, е врзано со масони.
Така што - бесмислена е тезата дека целта е "богатството да се шири меѓу масоните", и е доста грубо извртување на идејата на мојот претходен пост - затоа што целта беше само да го објаснам "феноменот" околу идејата за заговор и да објаснам дека не е тоа заговор, туку е почит и доверба.
А ако тоа што ти помагаш на брат ти и на родителите твои (на пример) го сметаш за заговор, тогаш - имаме доста различни разбирања за работите.