Масони

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Јас имам читано дека масоните не јадат свинско не пушат и не пијат алкохол.
а да и не пцуеле никогаш.
Дали е тоа вистина?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
koj ti kazal te izlazal

Јас имам читано дека масоните не јадат свинско не пушат и не пијат алкохол.
а да и не пцуеле никогаш.
Дали е тоа вистина?
Da da koj toa ti go kazal te izlazal.Pa ima li nesto poubavo od peceno prasence i toa vo furna na drva:nenene:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Нема такви забрани масонството - ниту во однос на храната, ниту во однос на алкохолот. Алкохолизмот не се толерира, но умереното конзумирање не е забрането.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
да.. во право сте ја ги помешав саботјаните и масоните.
 
Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
До почетокот на Втората светска војна најблиску до нашиве простори била масонската ложа во Загреб. Сега се шират гласини дека и во Македонија е оформена масонска ложа. Сте слушнале ли нешто во врска со ова? Инаку, има масони Македонци,и тоа доста моќни, високо позиционирани.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Пред почетокот на војната имало ложи и во Белград и во Софија и во Солун.
За другото потпрочитај ја темава...
 
Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Пред почетокот на војната имало ложи и во Белград и во Софија и во Солун.
За другото потпрочитај ја темава...
Да, ги најдов постовите кои содржат и повеќе податоци од тоа што ме интересираше (gerard, стр.2 ако некој друг сака да се информира подетално и соодветно):helou:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ох, погрешно го разбрав претходниот твој пост... Се извинувам...
Мислев дека прашуваш дали е формирана ложа во Македонија пред војната, а колку што можам да разберам сега, прашуваш за сега...
Да, сега е формирана, истотака - пишувано е многу во темава за тоа. Адресата е www.glm.org.mk . Јас не сум член на ГЛМ, туку на Канадската ложа.
Информацијата што ја има на втората страница е за ложа формирана од страна на Големиот Ориент на Франција. Сепак - ГОФ не е регуларна ложа, односно, не е дел од меѓународното братство!
Ако имаш дополнителни прашања, повели...
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.273
Поени од реакции
8.407
Јас денеска со еден професор разговарав и ми текна за темава и ми кажа дека тоа што се труби тука е гола вода
Значи професор има предавано на факултет и е доста образован и знае што се дешава во светот ми кажа дека масони како масони се луѓе со многу пари и многу моќ и тие се неколку ама со својата моќ се во можност да командаат со светот т.е се така наречена НЕВИДЛИВА РАКА која се движи и ги прави сите спорови војни и слично со цел да имаат профит !
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Јас слушнав исто од еден мој професор по право дека позади изборот на Обама за претседател на САД стојат Масоните, кои всушност биле главни лобисти за негово седнување на претседателската фотелја. Незнам колку е вистината оваа информација, ама ништо чудно и да е така.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Штом професорот рекол, значи така ќе да е...
Е сега... според професорот, масоните се неколку во светот... ама според фактите (а фактите се најважни) - има околу 6 милиони масони по светот (само во Македонија има околу 150). Во Онтарио само (една од сојузните провинции на Канада, каде што живеам), не има над 80.000, организирани во над 600 ложи. Лично познавам сигурно над 2.000 масони во различни земји во светов. Да, меѓу нив има и многу богати, но има и доста просечни (во однос на материјалното) - познавам масони кои се кондураџии, молери, возачи на камион, машинисти, полицајци, пожарникари, учители...
Ама штом професорот рекол... :kesa:
Македон - нема како да стојат "масоните" зад изборот на Обама. Од проста причина, што не може ниту да ти нареди некој како да гласаш, ниту да ти каже дека сега треба да работиме Обама да биде избран, а не другиот... По некоја случајност, познавам масони кои работеа на кампањите - и во тимот на Обама имаше, и во тимот на МекКејн. Ниту едните, ниту другите не го прават тоа во име на масонството, ниту заради некаква масонска кауза, а заради личните политички убедувања.
Имам браќа кои се страшно конзервативни, јас сум ултра-либерал во однос на политичките убедувања. И сега? Кој кого ќе избира?! Едноставно ложата не е конфигурирана така да може да постои систем на наредби или да постои можност да се меша самата ложа во политиката.
Последниот масон кој седеше во Белата Куќа, беше, сега покојниот, Џералд Форд. Ниту Реган, ниту двајцата Буш, ниту Клинтон, ниту Обама не се масони (иако за сите има такви гласини).
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Јас слушнав исто од еден мој професор по право дека позади изборот на Обама за претседател на САД стојат Масоните, кои всушност биле главни лобисти за негово седнување на претседателската фотелја. Незнам колку е вистината оваа информација, ама ништо чудно и да е така.
Tie vassi profesori kako da se Nostradamusi od kaj tie toa go znaat koga ne se del od ekipite na USA pretsedatelskite kandidati,toa moze da e samo nivno mislenje laicko isto kako sto i vie mozete da si imate svoe mislenje za taa rabota.A toj ne moze da znae nisto za masonite koga ne e del od niv so garancija.A kako ako e toa drustvo na bogatasi ima i takvi kako nekoi tuka na forumot znaci makedonci koi ne se bogatasi oti da se bi gi imalo non stop po TV bi se culo pa MK e sepak mala zemja.Zatoa ostavete gi mislenjata na tie seznajkovci i pravete si svoi stavovi i mislenja bez ogled dali ke se isti so nivnite ili kontra od toa.Da ima bogati masoni no ima i normalni luge a kako dokaz imate tuka na forumot barem 2ca od niv i toa clenovi na lozi od Kanada i od USA.:helou:
 
Не реков дека професорот е во право, ама судејќи по моќта што ја поседуваат масоните, не би ме зачудило и тие (индиректно) да го бираат претседателот на САД (кој би се сложиле е сепак моќна и влијателна институција во светот).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom