А бе што се карате како деца мали за играчка! Како вие ќе добиете нешто ака Скопје или Битола бидат главни градови!
Реално гледано Скопје е пренатрупан, се е таму и ги жалам луѓето што живеат таму зошто квалитетот на живот е на најниско можно ниво во цела Македонија! Огромно загадување(цела индустрија е таму, сообраќаен метеж и огромен број превозни средства иако сообраќајниците се правени за пред 20-30 години, односно за тогашните потреби на градот), се јавува депопулација во државава(сите одат да живеат во Скопје зошто другите места се запуштаат од страна на државата), огромна бучава(влијае на здравјето и квалитетот на животот, предизвикува поголема појава на срцеви заболувања и слично).
Значи да не ме разберете погрешно, треба да се води сметка и за луѓето кои што живеат таму, и тие не се криви за се што се слушува, крива е државата!
Треба да го следиме примерот на високоразвиените земји, каде индустријата е рамномерно распоредена низ цела држава, најголемиот град не е секогаш и главен(САД, Германија, Швајцарија, Холандија, Австрија, Канада, Аустралија и.т.н.). Значи треба да се распоредат сите гранки(индустрија, образование, министерства, култура, земјоделство, сточарство и слично-не ми текнуваат сите во моментов) рамномерно.
Сите велат дека имаме сонце и дека имаме одлишни услови за развој на земјоделство ама кој ќе произведува кога сите одат за Скопје и пак ќе треба да вршиме увоз и да имаме излив на девизни средства надвор од државата наместо да останата кај нас! Се надевам дека ме свативте на што алудирам! Инаку не ми смета Скопје да е главен град!