Автомобилот на вашето детство!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertone
  • Време на започнување Време на започнување

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Возраст
39
Кој бил автомобилот во кој сте растени?

Моето било

Zastava 128 1.1

89zastava128arrirepm6.jpg


Била купена ганц нова од Прилеп за тогашни 12000 марки.

Имало во избор 3 бои. Плава како горнава (таква беше и купена), бела и војничко зелена. Иначе се работи за моделот 1.1 GX најдобрата генерација. Оваа горната (Скала 55) брзо пропаднаа...
 
Мојата беше иста како оваа:Opel Record 1986 2.2
ca0b_1.jpg

Многу ми беше жал кога ја продадовме али тенк беше колата за нејзино време бомба мислам гледам се вози уште по некоја таква во градот.Поздрав
 
Автомобилот кој го памтам како прв во мојот живот:
18a6_24.JPG

Volkswagen Golf 1.6D (само темно сив со алуминиумски бандажи).
 
мојата е Лада Самара незнам која година е купена
CR060027_1.jpg
 
Уф кога ќе се потсетам дека во колава сме патувале 4ца до Грција натоварени со торби чамец во багажникот Адриа приколка со фул опрема, телевизор тенџериња за цела година итн итн итн а јас спиев на два ниски куфера ставени до задните седишта ми доаѓаат солзи...растев со РЕНО 9 Француско од 82 година, уште ја има првата боја т.е. не ве лажам првата боја била некоја крем шкарт па одма ја префарбале во некоја си зелена боја со интересни точки...уште го чува татко ми реното ќе го биде сега и плинка има:pos:
gtltrhk8.jpg
 
Додека растев имавме прво пежо од оние широкине и долги ко американски, мислам дека од 60ти беа, па една роднина ни позајми 101 застава на неколку години, ама кола која што највеќе ке ја паметам од детството што ја имал татко ми е Полонез. Класика права :vozbud: Беше огромен, позади слободно со сестрите се ширевме, можеше до 10 души да ги збуташ у него. А колку гласно брчеше, хухуху. И на крај татко ми го продаде на цигани за 100 евра мислам :( Сеа веќе жал ми е што не го чуваме.

250px-FSO_Polonez.jpg


еве полонез и во Top Gear :pos:

http://www.metacafe.com/watch/108087/polonez_in_top_gear/
 
Гижо, она Пежо од `60-ти е 404. Класика:

Полонезот е модернизирана каросерија на 125 ПЗ со механика на ФИАТ 1300/1500. Брчел оти ауспухот бил малце дупнат. Кога е таа машина ОК, многу е тивка и има прекрасен звук :)
 
Ете тоа пежо, и плус и бојата си ја погодил :)

Ваљда тоа ке да било проблемот, оти многу брчеше Полонезот, ама и се расипуваше бајаги. Како и да е, коа нешто ке ти прирасне за срце пак ти е жал колку и да е крнтија :)
 
Има сеуште 404-ки зачувани низ МКД. Во СК има еден бел, мислам човекот живее кај Кузман (студентскиот) тука некаде овој регион. Многу е добар. Се е зачувано на него, исто како на сликата горе.
 
Прво со ова:
70.vw.beetle.500.jpg

па одкако татко ми го продаде, купи ваков Opel:
opel-rekord_c-klasicni-4.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom