Масони

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Една интересна работа што боди во очи е тоа дека првиот меѓу еднаквите кај Темпларите официјалната историја и писателите на белетристика го нарекуваат мајстор.Е сега пошто Темпларите се монашки ред(братство) поголема веројатноста да го нарекуваат брат или отец а не мајстооре бре хехехе.Инаку општо познато е дека зборот мајстор означува човек кој што поправа машини или човек кој што работи со машини.Инаку тој поим е добиен за време на индустриската револуција во Англија во исто време кога се основа и масонеријата коинциденција или не оценете сами.Така да според мене и моите податоци кои што ги имам првите меѓу еднаквите кај Темпларите во нивното релно време на живот не можеле да се нарекуваат или некој друг да ги нарекува мајстори затоа што тој поим не постоел.Тоа ти е исто како зборот компјутер да се употребува во речникот на луѓето пред да биде направен првиот компјутер.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Master (англиски), Maister (германски), Мајстор.
По логиката твоја, можам да кажам дека Мајстор е шофер на автобус.

Ама, логиката твоја не држи, нели? :)

magister (латински) : master, canon / master of a school, professor


итн итн...
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Логикава ќе беше смешна, ако не беше... ај на јавен форум сме...

Титулата на водачот на темпларскиот орден е Голем Магистар на орденот. Магистар или во превод на англиски Master, не значи мајстор во смисла на занаетчија, туку означува водач, управувач. Дури и масонската титула мајстор, не значи занаетчија, затоа што е симболичка титула, а не оперативна.
Освен тоа - дечко (извини за изразот, не знам колку години имаш) ама имаш ептен големи дупки во познавањата по историја! Терминот Мајстор не настанува во технолошката револуција, а многу многу порано. Во Библијата дури има го има спомнато поимот мајстор, во неколку наврати при тоа. Во римски и старо-грчки списи има детални описи на мајсторската работа (конкретно - за каменорезци). Во средновековието има детален опис и правила за работа на мајсторите - првите гилдии во западна Европа потекнуваат од 9-тиот век, и голем дел од нивните устави и прописи се сочувани до денес. Масонски списи каде што се користи терминот мајстор има уште од раниот 14-ти век - Манускриптот Региус на пример. Англиската технолошка револуција е од 17-тиот век... така што касниш едно 2000 години во пресметките за употребата на зборот. :kesa:
Титулата Голем Магистар се користи сеуште во разни универзитети на запад (не е исто со титула магистар на науки), со која се насловува почесниот управител на универзитетот за таа година.
Најсмешно е што сево ова се лесно достапни факти, и тоа од најразлични извори. Но секогаш е поинтересно и поприфатливо да се верува на измислици и на теории, отколку на факти... проблемот е само што - таквите измислици никогаш не го издржуваат тестот на времето.
Како што реков веќе еднаш - идејата дека историјата се пишува од победниците не е точна. Толкувањата на фактите се пишуваат од победниците, а голите фактите се факти и за едните и за другите. Затоа - секогаш кога читаш нешто - спореди го со барем 3-4 различни извори на информација (по можност спротивставени), и така ќе дојдеш до чистите факти, бројки, податоци. Потоа - извлечи си сам заклучок од нив, наместо некој друг да ти го изведува заклучокот наместо тебе.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Зидарски, по кој начин се станува масон? Каде може да се стапи во контакт со Македонската ложа?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Зидарски, по кој начин се станува масон? Каде може да се стапи во контакт со Македонската ложа?
Ќе купиш облека во Мејсонс (Mason's) и веќе си масон.
Во контакт со македонската ложа може да стапиш на телефонот кој ти е достапен на информации. Заврти 188 и прашај: Македонска ложа, бројот ќе ве молам. Па јави се и кажи дека баш ти имаш голем ќеиф да бидеш масон, пошо е кул.

Добро бе човек...
зошто не ја читаш темава? Пишува мал милион факти, некој се трудел да ги изнесува, да ги презентира, да дискутира.

Уште еден ваков испад и ќе бидеш баниран од тема.
Или уште еден пост да видам од типот : да да да, какви шо ти бришев.
Ај фала.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ако не познаваш лично масон кој е член на Големата Ложа на Македонија, тогаш единствен избор ти е да отидеш на нивниот сајт - glm.org.mk и да им пратиш писмо.
Сепак - тоа е премногу голема одлука, многу долготраен процес и не треба да се сфаќа несериозно. Односно - не е работа што се прави од "досада", туку треба човек да е вистински подготвен. Ако аплицираш, а не ги исполнуваш условите, ќе бидеш одбиен. Потоа не можеш да аплицираш барем една година. Ако бидеш и втор пат одбиен, не можеш да аплицираш никогаш, никаде во светот.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
dali imaat vrska rotarite so masonite
informiran sum deka bile kako zaedno
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не, никогаш не биле заедно. Има луѓе кои се членови и на двете здруженија, но тоа не значи дека здруженијата се поврзани. Има масони кои се членови на политички партии, на фудбалски клубови, на невладини организации - па не значи дека сите овие се масонски организации, нели?
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Извинете ја вака наеднаш што се убацуам :)
Сакав да прашам, која е целта на масоните, какво и врз што имаат влиание во светот, на што се спротиставуваат? (неможам да читам претходни постови)
Пример илуминатите се научници - настанале во времето кога католичката црква забранувала било каква научна дејност и се бореле против црквата и нејзините догми.
Масониве како поорганизирани ми делуваат, имам читано и дека видни личности биле масони и слично.Па што цел имаат?
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Па според тоа како сум информиран ја,масоните имаат цел да манипулираат со другите луѓе и да имаат корист од сето тоа!Поседуваат моќ и способности да шират свој морал и да придобиваат.Најчесто управуваат со туѓ ум и подсвесно(неприметно за другите) дејствуваат во некој заедница.Колку што сум слушнал јас,се збореше дека Тупурковски е масон.Колку е точно незнам:toe:Иначе познавам човек,поточно мојте познаваат,кој тврди дека бил нападнат од масони во Балтимор,Америка!Не буквално нападнат,но имале некакво влијание врз него!Патем човеков има неколку работи кои што воопшто не ги памти во тој период од живото!
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
masonite se grupa na luge koi se organizirani pred se toa se ugledni luge koi so svojata rabota i trud stvaraat nesto vo zivotot pa taka zaedno organizirani mnogu mozat da postignat uste poveke toa e kako edna potkrepa da receme i dogovor kako da kazam
primer ti si biznismen i rabotis so da receme ete stovariste i si vo lozata na masonite
isto taka clen na masonite vo istiot grad raboti so toa i taka dvata propagate pa tuka e toa drustvo koe na edniot mu nalozuva ti veke nema da drzis stovariste ke drzis salon za sanitarija i taka tie dvajcata prosperiraat ovoj prodava materijali i im go preporacuva ovoj so sanitariite ovoj so sanitariite prodava a za materijal gi prepraka kaj ovoj so stovaristeto taka i dvajcata prosperiiraat i dvete familiii jaknat toa e moe mislenje prema ona sto go kazuva zidarski koj tvrdi deka e clen
a na istiov princip rabotat i albancite vo mkd se drzat eden so druk mu pomagaat na nekoj koj evo kriza itn
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Што се нема да се изначита човек...
The Great - прочитај наназад по темата, тоа е премногу опширно за да се одговори со еден пост. Ако некогаш имам повеќе време, ќе пишам и тука.
Вуки - врска нема целиот пост. Какво управување со туѓ ум, какви потсвесни влијанија. Аманте луѓе - читајте малку, необразованоста е најголемиот непријател на човекот!
Селтик - истотака - нема врска тоа што го пишуваш. Јас се занимавам со маркетинг. Имам своја фирма. Во ложата имам неколку луѓе кои се занимаваат со маркетинг и адвертајзинг, истотака со свои фирми, со некои соработувам, со некои сум директна конкуренција. Истотака - сопствениците на две многу конкурентни софтвер компании се членови на истата ложа. Никој не ти се меша во приватниот живот. Се додека си морален човек и се водиш од јасни принципи и критериуми, никој не го интересира со што се занимаваш, кој ти е конкуренција и слично.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
dobro toa e moeto mislenje i kamo neka ima nekoe drustvo koe vaka ke gi nasocuva lugeto sto da rabotat ama neznaci toa sto go napisav deka e tocno od kade da znam ne sum ni clen anitu poznavam nekoj osven zidarski i toa na forumov
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Zidarski,а да не го дудлаш до толку ти!Јас напишав како сум слушнал и што знам од блиски луѓе!И не изигравај магистар на оваа тема,него глеј си работа!
 

5pammeR

Love
Член од
24 август 2008
Мислења
338
Поени од реакции
9
Истото го имам слушнато како вуки затоа реков мота.. пред неколку страници кога прашав која е целта на масоните.. за да видам шо ќе рече шо цел имат ама не одговори..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom