Масони

Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Малце си досаден, нели?
Еве ти ја молитвата, ако не разбираш, ќе ти дадам и превод на англиски:

Sancti spiritus adsit nobis gratia. Maria, Stella maris, perducat nos ad portam salutis. Amen.

Domine, Jesu Christe, sancte pater, aeterne Deus, omnipotens, sapiens creator, largitor, administrator benignus, et carissimus amator, pius et humilis redemptor, clemens, misericors salvator, Domine, te deprecor humiliter et exoro ut illumines me, liberes et conserves fratres Templi, et omnem populum tuum chistianum turbatum.

Tu, Domine, qui scis nos esse innocentes, facias liberari, ut vota nostra et mandata tua in humilitate teneamus, et tuum sanctum servitium et voluntatem faciamus ; contumelias iniquas, non veras, contra nos oppositas per graves oppositiones, et malas tribulationes et tentationes, quas passi fuimus, et pati ulterius non possumus.

Omnipotens, aeterne Deus, qui beatum Joannem evangelistam et apostolum tuum valde diligis, qui super pectus tuum in caena recubuit, et cui secreta caeli revelavis et demonstravis, et stante in ligno sanctae crucis, pro redemptione nostra, sanctissimam matrem tuam virginem commendavis, in cujus honore gloriose fuit facta, et fundata religio ; pro tua sancta misericordia liberes et conserves, prout tu scis nos esse innocentes a criminibus contra nos oppositis, et operas possideamus, per quas ad gaudia paradisi perducamur, per Christum dominum nostrum. Amen.
[/quote
Малку извини ама мораше да знам,добар обид друже ама оваа молитва не е таа со која се молеле пред битка,ајде втора шанса која молитва ти би ја кажал ако си соочен со смртта хехе не мора да ми одговараш поздрав.Ти кажав дека се нема споменато во ниедна литература и за тоа глава давам единствено човек може да ја знае само ако...
Само ако што братко?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Нео - само ако се замислува себе си дека е темплар.
Молитвата е таа, ама некој треба да чита малку повеќе стручна литература, а малку помалку жолт печат...
Ако мислиш на "Не во свое име, не во свое, туку во твое име Господи" - тоа е борбен извик (како што е и Beaux Sain), а не молитва.
Патем - јас јасно кажав пред неколку страници (ова морам да го спомнам - бидејќи не си ја читал дискусијава очигледно) - дека НЕ СУМ темплар.
Освен тоа - темава е масонство, а не темплари. Отвори си тема за темпларите - пишувај си ги небулозите, може некој ќе има намера да се занимава со тебе таму...
А ако ти е намерата да тепаш време тука - кажи поарно, немам многу време за такви работи.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Само ако ја знае од неофицијални извори. Се извинувам што не се доискажав имав мала блокада на размислување и не тврдам дека ти јас или било кој на форумов е темплар затоа што тоа не е можно затоа што нивната организација денес не постои па не можи некој од нив подобро да ни објасни.Единствено што ми е криво е дека некој им ја кради нивната историја а нема никој од нив за да се одбрани.Не тепам време тоа што го пишувам зад тоа и стојам.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Bucio ajde de kazi od kade gi dobivas informaciite. Ako ne se od templari, od koj gi dobivas? Ako ne sakas da kazes javno, pisi mi vo PP.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Секогаш пред битка си ја кажувале молитвата на денот(онаа што до пред неколку години ја даваа на мтв точно на пладне во емисијата извор).Не ја знам точно цела ама мислам почетокот беше Господе дај ми сила да го преживеам денот...Обично се молеле пред својот меч забоден во земја кој имал форма на христијански крст,клекнати на колена со главата потпрена на дршката(горниот дел од мечот)секогаш свртени накај просторот каде што ќе се одвивала битката.Мечот иако е многу многу гломазен сепак е направен во совршен баланс така да добро обучен човек може лесно да управува со него.За разлика од нив муслиманите имале меч во форма на полумесечина(спротивност на христијанскиот)али заради својата форма на почетокот бил во многу лоша изработка.Мечевите во тоа време биле главно оружје.П.С.Отворив јас тема за Витезите Темплари ама ми ја избришаа и ми рекоа да пишувам на оваа тема затоа што биле слични иако двете теми врска немаат една со друга.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Буцио - основната фактографија ти е згрешена...
Од тоа што го пишуваш се гледа дека немаш основни познавања од средновековна историја, уште помалку од темпларска историја. За масонство не зборувам - се искажа веќе и јасно е дека немаш воопшто никакви познавања...
Темава не е средновековна историја, но малку лекции по темата не се на штета...

Орденот на Бедните Воини Христови - Темпларите, е формиран во првата половина на 12-тиот век. Витештвото во конкретна форма и вид потекнува од 8-иот век, а влече корени уште од 4-тиот.
Зошто од 8-миот век и зошто Витези?
Непосредно пред тоа се случува франкската инвазија на Европа и утврдувањето на нивната држава. Во текот на 8-иот и 9-тиот век, во франкското општество било многу подобро да се биде војник, отколку да се биде земјоделец или занаетчија, затоа што се воделе војни на неколку фронтови, и тоа освојувачки војни, кои носат многу корист за војниците. Во тој период се формираат првите витешки редови, затоа што аристократијата сака да се издвои од останатите.
Витезите секогаш потекнуваат од аристократските семејства. Интересен е фактот зошто е тоа така.
Франкската традиција налага имотот да се предаде само и единствено на најстариот син! Ќерките се мажат и соодветно за нив се грижи семејството на мажот. Кај синовите, не е толку лесна ситуацијата. Само најстариот добива наследство, а семејствата се големи, сосема вообичаено да има по 2-3 сина и 2-3 ќерки. По смртта на родителите, сите, освен прво-родениот остануваат бездомни и без средства. Затоа - се наоѓа друго решение, со тек на времето.
Оние синови кои се посилни, поспособни за борба, се обучуваат за војна и стануваат витези. Обуката трае од 4 до 6 години. Иако изгледа многу, тоа воопшто не е така - замислете си само - треба да научи да јава коњ перфектно, да научи да мечува, да ракува со останатите оружја (долги и кратки ножеви, стрели, копја) и да научи сето тоа да го прави додека е качен на коњ. Треба да ја вежба својата брзина, спретност итн. Тие момчиња, стануваат витези. Возраста на приемот варира - од 16-20 години. Витезите, стануваат вазали на богатите земјопоседници и војуваат за нив (секој земјопоседник има сопствена армија, бидејќи ниту Франција, ниту Германија биле оформени како стабилни и јасни држави се до крајот на 13-тиот век). Земјопоседникот, за сметка на тоа, им дава дел од земјата на користење и дел од крепосните селани. Витезот се обврзува со војничка служба и со плаќање на данок.
Останатите машки деца, кои не се способни за војување и за борба, стануваат монаси. Затоа во периодот од 8-миот до 14-тиот век има огромен број на монаси и монашки ордени - затоа што луѓето немаат друг избор што да прават со децата. Да, веројатно било полесно да се подели имотот меѓу нив, но ете - тоа била франкската традиција во тоа време. При замонашувањето, родителите давале дел од имотот на црквата или давале големи подароци на манастирот во кој се замонашува нивниот син.
Бедното население немало такви привилегии. Не можеле да се замонашат, ниту можеле да станат витези. Витезите самите си ја купувале опремата за битка и самите се грижеле за своите коњи. Може од денешна гледна точка да изгледа тоа смешно, но во тоа време тоа било исклучително скапа работа.
Та... основачите на Темпларите (и оригиналните 7 и подоцнежните уште двајца) се сите од ситната аристократија и се витези. Затоа и се пријавуваат да учествуваат во крстоносните војни. Првите 7 учествуваат во првата војна, останатите 2-ца биле премногу млади за да учествуваат во ослободувањето на Ерусалим.
Кога Де Пајен решава да формира монашки орден, решава целиот свој имот да го предаде на орденот, затоа што неговата сопруга во тоа време е мртва, и нема ништо што го врзува за Франција повеќе (која патем - не се викала Франција тогаш!). Останатите се во слична ситуација.
Понатаму - услов за некој да се замонаши во темпларскиот орден е да даде големи подароци на орденот или да го даде својот имот. Да се биде темплар било многу престижно, носело големи привилегии за семејството некој од нив да биде дел од орденот (заради банкарските услуги кои ги развиваат). Токму затоа и расте интересот за орденот. Кралеви и аристократи низ цела Европа им даваат огромни имоти, за возврат за разни услуги и за возврат за војничка верност.
Витешкиот дел од темпларите не набројува многу. Варира во различни периоди меѓу 1000 и 3000 души. Уште толку помошници и нешто помалку писари (административци). Помошниците се обично истите оние кои биле оружјеносци на витезите од пред нивното замонашување. Писарите доаѓаат обично од останатите монашки редови, затоа што биле единствени писмени луѓе во тоа време.
Така што - идејата дека сираци и бедни луѓе биле темплари е целосно апсурдна. Не е можно, не е изводливо за беден човек во тоа време да биде витез, да знае да јава, да знае да ракува со оружје, да биде силен и способен за битка. Имотите не се на папата, тоа е истотака погрешно разбирање. Темпларите единствено му полагаат сметка на папата, единствено се одговорни пред него - а не пред кардиналите или кралевите, како што е со останатите монашки ордени во тоа време. Но имотот припаѓа на орденот и е направен како подарок од богатите аристократи и кралеви на Европа. Има и конкретни докази за тоа, има стотици документи и записи од тоа време. Многу често - темпларите давале позајмици на обеднетите кралеви (најчесто на Англија и Франција), кои потоа не можеле да ги вратат долговите, па затоа се раздолжувале со земја и со крепосни селани.
Сево ова што го наведов е основна фактографија, достапна е во секоја посериозна литература на оваа тема и за неа има јасни, конкретни докази, факти, литература уште од тоа време. Нема потреба од шпекулации за работи кои се јасни, докажани и никогаш не биле спорни.
А тоа дека аристократите не би си ги дале децата да војуваат - тука има целосно неразбирање на војничкиот систем на средниот век. Напротив - во тоа време САМО синовите на аристократите војуваат како коњица (бедните не може да си дозволат ниту коњи, ниту опрема, а како што реков - опремата на војникот е негова лична, а не сопственост на кралот за кој војуваат), а бедните само како пешадија и како помошен персонал. Не ги оценувај тогашните односи и работи со денешна логика.
Убаво е понекогаш да се потпрочитаат сериозни книги и да се провери информацијата од неколку извори пред да се пишува, затоа што нема ништо пострашно од тоа човек да не знае, а да е убеден дека знае.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Секогаш пред битка си ја кажувале молитвата на денот(онаа што до пред неколку години ја даваа на мтв точно на пладне во емисијата извор).Не ја знам точно цела ама мислам почетокот беше Господе дај ми сила да го преживеам денот...
Ова е истотака грешка и основно непознавање на релгиозните правила во тоа време...
Молитвата која ти ја наведуваш е ПРАВОСЛАВНА!!! Оригинално е напишана на црковно-словенски јазик! Аман те бе луѓе - проверете основни факти.
Еве го целиот текст на таа молитва, напишана од Свети Филарет, Митрополит Московски (ПРАВОСЛАВЕН):

Господи, дај ми мирно да го примам
она што денов денешен ми го носи
и целосно да и се предадам на Твојата Света волја.
Упати ме и помогни ми во секој миг од денов:
каков било глас да добијам,
научи ме мирно и со цврста вера
да восприемам дека се е по Твојата Света волја.
Управувај со моите мисли, со моите сетила
и со сите мои дела и зборови.
Не допуштај во непредвиден случај
да заборавам дека се од Тебе доаѓа.
Научи ме добро да се однесувам
спрема родителите и спрема ближните,
никого да не го разгневам или да го оскрбам.

Господи, дај ми сили да ја поднесам
Тежината на денот денешен
и се што во него ќе ми се случи.
Управувај со мојата волја и научи ме
да се молам, да верувам, да се надевам,
да поднесувам, да простувам и да љубам.

Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир,
та таму кај што има омраза да сеам љубов,
кај што има осуда - простување,
кај што има раздор - слога,
кај што има очај - надеж,
кај што има темнина - светлост,
кај што има жалост - радост.

0 Божествен Учителу,
нека не бидам утешуван, туку
јас други да тешам;
нека не ме трпат мене, туку
јас да имам трпение за сите;
не мене да ме љубат, туку
јас сите да ги љубам.
Зашто кога простуваме, тогаш
и нам ни се простува;
кога даваме, тогаш добиваме;
а кога умираме, тогаш се рагаме за живот вечен.

Свет Духу, помошник биди ми
денов денешен да Му Го посветам
на мојот Господ и Спасител.

Господи Исусе, Сине Божји,
поарно е да не се живее
одошто да се живее без Тебе или против Тебе.
Ти благодарам, Боже,
за дарот на овој ден и за секое добро
за коешто ќе ми помогнеш денеска да го сторам.
Избави ме, милостив Боже,
од желбата за самоугодување,
и удостој ме во секој миг да бидам подготвен
заради Тебе и заради ближниот свој
да се откажам од себеси,
зашто за таа служба и Си ми го дал животот.
Помогни ми од себе да го отфрлам
сето она што не е Твое,
а она што е Твое да го примам
во длабока вера, надеж и љубов.
Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам:
да ја поставам правдата над користа,
да го поставам чинењето на благочестиви дела
над минливите задоволства,
да ги поставам другите над себеси
за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.
Стори светлоста на Твојата убавина, добрина
и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Леле друже цел роман.Дали прочита погоре како го објаснувам цел ритуал пред битка,тоа нема никаде да го најдеш во официјалната пишана историја никаде.Ова што јас го напишав е точниот редослед на настаните пред секоја битка и сеуште си скептичен.Историјата ја пишуваат победниците а Темпларите излегле како губитници.францускиот Крал ги исклал како пилци во една ноќ.Дотогаш невидена работа дали знаеш колкава организација е потребна да се направи тоа.Човекот бил толку уплашен од нив и затоа бил уверен ако не ги суреди за една ноќ тие ќе го средат него затоа што кај нив нема предавање тие се бореле до смрт.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Со мали измени ама таа е молитвата во основа.Инаку молитвите се многу слични кај сите христијани.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Благодарам што ја најде.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Ај доста беше утакмица за вечерва поздрав.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Молитвата е православна, напишана на црковно-словенски. Молитвата со која темпларите се молеле е на латински, затоа што во тоа време САМО латинскиот бил во употреба кај католиците. Не пишувај работи што не ги разбираш.
Церемонијата на молење пред битка - опишана е детално во уставот на темпларите, напишан од Св.Бернард од Клервју. Таму има детален опис на секоја една работа што тие треба да ја прават. Може да се најде и на нет (не, немам намера сега да барам), но инаку го има во речиси секоја поголема библиотека по светов. Побарај малку, ќе го прочиташ.
Ништо од тие работи не е тајна и воопшто не е така како што си го замислуваш.
Истотака - тотална глупост е идејата дека сите темплари биле убиени на црниот петок (оттаму е легендата за петок 13-ти). НЕ е точно! Темпларите биле уапсени, околу 300 биле убиени или при апсењето или при понатамошното судење. Останатите - продолжиле да живеат, некои од нив доста активен јавен живот. Прочитај малку за темата пред да пишуваш.
Како што реков - малку историја, не е на штета...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Дури и педерот Елтон Џон себеси си се нарекува витез ако нема никаква чест(се дупи в газ вака сликовито да објаснам).
Мислиш лесно е да се дупиш в газ?
Ај пробај па види дал треба за то храброст или не. Сите педери се витези!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Молитвите во сите христијански цркви се слични или исти меѓу себе затоа што на почетокот тоа било една иста црква.Подоцна со поделбата на црквата и со преводите на молитвите на разни јазици молитвите почнуваат да се разликуваат затоа што еден збор во еден јазик нема превод во другиот јазик па така да ги прилагодувале спрема потребите.Молитвата сигурно е преведена на црковно словенски јазик за потребите на тие народи кој што тој јазик им е поблизок.Инаку сите молитви потекнуваат од почетокот на христијанството па до ден денес и има мали измени во нив.Инаку на петок 13 биле убиени скоро сите тие што останале живи биле многу малку така да не можеле да организираат одмазда.Немале стража надвор пред своите касарни затоа што се чувствувале безбедни во христијанска земја и му верувале на кралот,биле убиени во кревет на спиење без да им се даде шанса да се одбранат.Ниту најголемите нивни муслимански непријатели не би им го сториле тоа сигурно би им дале шанса да се одбранат.А тоа дека мирно биле уапсени без борба тоа е историјата на победникот,и според нивната филозофија на не предавање и борење до смрт тешко е да се поверува во тоа.Секој што има служено војска го знае основното правило дека пушката не се дава на никој и тие мечот не го давале затоа што тоа ќе значело дека се предаваат,а тоа во нивниот ментален склоп го немало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom