iMalone напиша:
Графитите се состојат од натписи , слогани и цртежи исчкртани или нацртани на ѕид и/или друга приватна или јавна површина. Зборот "графити" потекнува од латинскиот збор "graphium" , кој значи "да се напише"
Немој на некој да му паднало на памет да напише Ѕинго ***** напред Вардар. (иако тоа е супер парола). Мислам на уметнички дела, и ве молам без гуглање, она што вие ќе најдете низ вашите населби по вашите ѕидови... закачетe, да го видиме.
Значи, те цитирав тебе (и тебе ти се обраќам) и го цитирав првиот пост. Е сега, за да не искочи дека терам инат ќе ти дадам свое мислење околу твојот пост.
Зборот “графит“ што значи е неспорно. Во својата оригинална форма значи тоа што напиша, но како и се` друго на светот и овој збор еволуирал во нешто повеќе и е искористен и за друга намена. Тоа е цртежот на ѕид кој пренесува одредена порака (како и пишаниот графит).
Темата прво се викаше само графити во цртана форма, па потоа споив две теми каде се постави прашањето дали графитите се уметност. Дискусијата продолжи и со презентирање графити од Македонија (пред се`) и со дискусија.
iMalone напиша:
Брао бе друже а и останатите овде ке може ли некој да ми каже што е уметност? а да заборавив незнаете ццц.
Уметноста според мене нема дефиниција. Сатори понапред кажа “Се` од што ќе ми застане здивот - е уметност“. И јас се сложувам со тоа. Денес за уметност го сметаат сликањето со фекалии на платно а камо ли графитите.
Ако веќе морам да смислам своја дефиниција тогаш нека биде: “Уметност е активност во различни форми преку која ќе се пренесе одредена порака.“
Можеби не е идеална, или не сум во право, ама нека стои како провокација за дискусија.
Затоа потоа има добра уметност и лоша, шунд, кич... И графитот “Ѕинго педер, и гласајте за реден број 2“ пренесуваат порака, ама ај сврсти ги во уметност де. Обична реклама се. Од друга страна, и реклама може да биде уметност... ама да не одам толку далеку... :helou: