Дали македонскиот јазик е „кул“?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Веќе во насловот се насетува проблемот. Насекаде се служиме со англицизми за да го направиме нашиот разговор по интересен па дури и во самиот наслов не можев да доловам друг збор кој вистински ќе ја прикаже темата.

Дали македонскиот јазик не е интересен? Зошто постојано мора да кажуваме англиски реченици и дали истото кажано на македонски нема да го остави истиот впечаток кај слушателот?

Еве пример во врска со заразеноста од Холивуд во напиот секојдневен говор. Погледнете го мојот потпис. Зар не би можел да го напишам истото и на македонски? Можам нели... вакви примери како мојот има многу. Зошто се одлучуваме за нешто не наше? Се понижуваме или?

Зарем не претеруваме?
 
Зарем не претеруваме?
Мислам дека не. Во други јазици и држави се користат многу повеќе зборови и цели фрази кои имаат потекло од англискиот. Влијанието е очигледно, ама едноставно е неминовно.

Друг пример - зборови кои се поврзани со технологија, во повеќето јазици се прифаќаат во оригиналното значење и не се преведуваат, уште од старт стануваат интернационализми.
 
I jas mislam deka ne preteruvame i deka trendot na prifakjanje i adaptiranje na stranski zborovi ne e samo kaj nas tuku e na svetsko nivo. Za razlika od drugi jazici koi i glagoli prifakjaat kaj nas pretezno se dodavki i imenki...znae nekoj glagoli od moderno vreme?...ne od tursko koi ushte gi ima i intenzivno se koristat vo nekoi dialekti.

So nashiov jazik mozat da se objasnat dosta slikovito i interesno mnogu raboti, aku e posiromashen na zborovi od drugi jazici..a i pcovkite ni se orginalni, shto ako bi imale samo shit, fuck ili scheisse itn..
 
Поарно да користиме македонски со фрази од други јазици, туку англиски со фрази од македонски. :wink:

Сакам да кажам додека си го користиме сопствениот јазик, работите кои ги додаваме не се толку важни.
 
Се пронајов во муабетов...

Првото објаснување е дека има странски изрази коишто немаат соодветен македонски збор, особено во моја бранша (компјутери, софтвер... па и тие не се македонски зборови).

Второ е дека некои странски (конкретно англиски) зборови подобро ја доловуваат идејата што ја имам отколку македонските еквивалентни изрази. Дали поради тоа што е пофлексибилен јазикот, дали поради навика (почесто ги слушам англиските)... не знам...

Трето... дали професионална деформација (или.. само деформација :) ) ради тоа што многу повеќе го користам англискиот јазик, многу често побрзо ми доаѓа на ум (и на јазик) англискиот него ли македонскиот термин. Макар и за едноставни, секојдневни или изрази коишто имаат соодветен превод на македонски.

А, за кул... Кул може да биде тоа што ќе го кажеш, не на кој јазик...
 
па македонскиот јазик е отворен кон странцизмите(заемки од другите јазици)!дали станува збор за англицизми,турцизми и тн.
а за насловот,поточно за тоа „кул‘‘ доколку би го превеле би значело модерен или современ!што значи да ставеше кој било друг збор од овие два во замена за кул ќе беше прифатливо и немаше да дојде до промена ан реченицата!
но кул не е нималку погрешно!затоа што може да се разбере како сленг!
и македонскиот јазик е богат јазик со традиција и минато!а со самото тоа е многу интересен и убав!
 
Мене ми е многу кул додуша ми е најкул јазик нашиот.Англицизми многу ретко користам сега во некои случаи кога нема чаре и одредени изрази кога не се наши тука мора,мислам дека користењето на тие ''изми'' деведува до изумирање на еден јазик,и носи ситуација како на Хрватските серии кога другарката ти е френдица,место извини викаш сори и ред други глупи преводи што не треба да дозволиме да ни влезат во секојдневие..
 
Проблемот не е во македонскиот јазик туку во Глобализацијата и Американизацијата. Некој термини едноставно се содветни во некоја реченица, а во нашиот јазик нема соодветен превод за тоа.

Единствено што ме буни е не сум сигурен дали ова е само некој тренд/мода, или пак нешто што ќе остане за подолго време. Ова го прашувам затоа што погуглај стана глагол...
 
Не знам дали претеруваме, но знам дека многу ги користиме.
Понекогаш за да може правилно да се долови некоја ситуација мора да се изразиме на англиски за да бидеме сфатени подобро. Тука влегуваат оние фрази од новата современа технологија кои дури и да сакаме да ги преведеме на македонски би звучеле глупаво.
Infrared (во мобилниот со македонско мени преведен ми е како „инфрацрвено“, па како би било bluetooth тогаш, сини заби? :))

Сум за тоа да го цениме и почитуваме нашиот јазик, но неологизми (тука мислам на оние преземени од туѓи јазици) секогаш ќе има заради тоа што јазикот е жива материја и се менува. Но треба да внимаваме тоа менување да не доведе до негово уништување.

Навистина се трудам да ги избегнувам таквите фрази, да користам македонски зборови кога веќе можам да ги заменам соодветно.
 
Проблемот не е во макдеонскиот јазик туку во Глобализацијата и Американизацијата.
да!тоа не е проблем само со нашиот јазик!тоа е насекаде во светот!но јазикот каков што е нашиот мора некако да се заштити во ова време!затоа што можам да го разберам навлегувањето на турцизмите во нашиот јазик!пет века сме биле под нивно робство!но што се случува сега со англискиов,не можам да разберам!
навистина има зборовни групи кои не можат да се преведат(пример од областа на компјутерите,музиката,храната и пијалоците)!во според мене проблемот е во модернизирањето на англискиот јазик!
 
Македонскиот јазик е многу богат и интересен јазик.
 
Не е исто да употрбуваш само фрази, и да употребуваш цели англиски реченици, што според мене е дебилно. А друго е да употребуваш фрази за кои нашиве Академици ги мрзи да измислат наш збор. Тоа е веќе сосема оправдано.

А тоа што имаме многу голем број на турцизми, германизми и други зборови кои што навидум мислиме дека се македонски, тоа е веќе многу подруг сериозен проблем.
 
Не е исто да употрбуваш само фрази, и да употребуваш цели англиски реченици, што според мене е дебилно. А друго е да употребуваш фрази за кои нашиве Академици ги мрзи да измислат наш збор. Тоа е веќе сосема оправдано.
Изгледа многу сум глуп па не знам да го доловам правецот на муабетот. Постот на Гижо е вистинскиот правец.

Значи, зошто е поинтересно да кажеш “I`m a stranger in no mans land...“ отколку “странец сум во ничија земја“
Напишано, англиската верзија изгледа поинтересна нели? Или не?

Комјутерски изрази и интернационализми не спаѓаат во темата. Од нив нема бегање. Но дали мислите и дали употребувате англиски на места каде нема потреба. Јас го правам тоа, и не ми е јасно зошто и од каде таа навика... :toe:

Вие?
 
Споредбата не чини. Не може да се компарира англискиот со јазик кодифициран `44 (воведен како службен јазик на народот во Македонија), `45 (усвоена азбука и правопис). Не дека јазикот ни е помалку вреден и глупав бидејќи го зборуваат смешни 2 милиона и тоа Македонци (и слично), туку едноставно, како стандарден литераурен јазик е се` уште нов. И не е особено богат, да не се лажеме. Сепак, немањето енормен зборовен фонд и не е толкав проблем, јазикот ни е млад и има време да се гради и создава.

Туѓите зборови се составен, неизбежен елемент од еден национален јазик. Ги имало, ќе ги има, па ќе ги нема. Убаво рекоа, јазикот се менува. Освен тоа, има зборови за кои нашиот јазик нема соодветни термини. Не знам, еве... Во механиката пример, најголемиот дел од зборовите се странски, и тоа германски. А да не учев германски шипки шо ќе знаев, и понатаму ќе си мислев дека се наши изрази.
Значи, зошто е поинтересно да кажеш “I`m a stranger in no mans land...“ отколку “странец сум во ничија земја“
Напишано, англиската верзија изгледа поинтересна нели? Или не?
Не. Македонскиот, таков каков што е, мене ми е мајчин јазик, што подразбира и обврска да го користам правилно и да го негувам (најмалку што можам). Немам ниту причина, ниту потреба да го трујам со вакви глупости. Англиски знам за да прочитам литература и комуницирам со луѓе надвор од овде, не за да ми преоѓа во секојдневен говор. Што и ми се случуваше всушност. Знаев да се зд`ткам не можејќи да се сетам на збор од сопствениот ми јазик, додека на англиски немав проблем да го кажам, па и пар синоними. Лошо. Среќа што веќе не ми се случува толку често.
 
Значи, зошто е поинтересно да кажеш “I`m a stranger in no mans land...“ отколку “странец сум во ничија земја“
Напишано, англиската верзија изгледа поинтересна нели? Или не?
:toe:

Вие?

Во овој случај не. Многу ретко се случува.
А имам забележано дека доста членови на форумов го практикуваат тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom