Колку ви значи насмевката?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
највеќе ми значи искрената насмевка
 
Вљијае на моето расположение пред се, среќата на поблиските е и моја причина за радост.Јас сум позитивна личност, насмеана, духовита, и не сакам да ме опкружуваат лица спротивни на тоа, всушност кому му се потребни...Зборот ми е, лица со намќореста фаца ми го уништува и моето расположение.Ценам искрени насмевки најмногу, не го сакам онаа лицемерното од 6ка до 6ка.
 
Важно ми е и сакам да сум опкружена со позитивни,весели луѓе.Се трудам да сум секогаш насмеана и позитивно расположена,а на луѓето кои се негативно расположени пробувам да им го подобрам расположението......
Инаку насмевката не само што може да подобри многу работи,туку и го продолжува животот:wink::pipi:
 
Сакам да бидам покрај расположени луѓе нормално,ама не го бирам друштвото според тоа колку се позитивни како личности.
Многу повеке сакам да бидам со озбилни луѓе,а да се ок,според мене,отколку да бидам со некој нон стоп насмеани а да немат врска од животот.
Побитна ми е кај непознати лица,на пример кога ке седнам негде на кафе,и ке ми дојде некоја намќор келнерка,одма ми крши филм.:)
 
па сакам да бидам покрај расположени луге а јас не тагувам по ништо за долго време па да биде и најголема работа
 
Ми значи коа некој ке ми се насмее без да очекувам али онаква добри,топла,пријателска,пријатна насмевка а таква иронична или намерно возвратена воопшто не ја сакам(нормално) и се чуствувам глупо после таа упатена насмевка
 
Абе од одредени особи многу значи. Како инфузија после операција. Али само од одредени.
 
Премногу ми е потребна од луѓето околу мене, а толку тешко ми доаѓа да ја дадам сам кога ќе паднам во оние мртви расположенија од каде само кран ме извлекува. А се помислив вчера утрото, колку би бил светот поубав кога сите би живееле со некоја барем почетна насмевка. Како оној таксист што ме вози и секогаш знае да ме пречека со убав збор. Дури и на радио станицата одговара весело веќе во седум наутро. Секоја и чест на неговата сопруга која се надевам знае да го искористи тоа и да допринесе.

Патем, искрено и без некакви зборови кажани меѓу редови... им посакувам на намќорите да умрат и да не го трујат светот со нивната (за себе) великост. Ништо особено, само да починат, не мора да се мачат, туку едноставно да легнат и да им престане срцето. Знам дека треба да не напуштат неколку милијарди луѓе, но не ми е многу грижа, или нека почнат да не почитуваат нас кои сакаме да се чувствуваме расположено или нека цркнат. Начинот апсолутно не ми е битен.
 
Зависи од личноста. Ако е од сакана личност значи многу, посебно кога имате лош ден.
 
Искрената насмевка ми значи најмногу од се-поготово кога е од некој мој драг пријател/ка,дечко ми,мама и тато,:pipi:...Затоа што ме исполнува и ме прави среќна...А, понекогаш ми дава надеж за новиот ден.:)
 
Насмевката ми е најубавото нешто во моево монотоно секојдневие...
Ме исполнува до макс кога ќе видам насмевка на лицето кај луѓето што ги сакам :pipi: и дури ако сум нерасположена ме крева во воздух нивната искрена насмевка и нивната среќа :)
само премногу ме иритира саркастична насмевка(зачестена е во последно време)... која што и не ми е потребна :pipi:
 
Насмевката претставува една крива линија која исправува многу нешта ... зборам за вистинска насмевка,не за некоја цинична (лицемерна)
 
Вљијае на моето расположение пред се, среќата на поблиските е и моја причина за радост.Јас сум позитивна личност, насмеана, духовита, и не сакам да ме опкружуваат лица спротивни на тоа, всушност кому му се потребни...Зборот ми е, лица со намќореста фаца ми го уништува и моето расположение.Ценам искрени насмевки најмногу, не го сакам онаа лицемерното од 6ка до 6ка.

Се е кажано
 
Па има некоја добра работа во неа.Кога некој се смее шири позитивна енергија и се знае дека е комуникативен човек за разлика од тие намуртените што се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom