Ми значи многу, најчесто и тоа е дел од критериумите за да откријам со каква личност си имам работа односно да откријам дел од неговиот психолошки профил.
Пристапот со насмевка и ведри, расположени луѓе секогаш ме прават среќна и полесно комуницирам со такви личности.
Смуртени фаци не можам да гледам, намќорите никогаш не може да бидат мои другари.
Јас постојано сум насмеана дури и кога не ми е баш до тоа, не им го уништувам расположението на другите, напротив се обидувам да направам да се чувствуваат пријатно во мое друштво и се надевам успевам во тоа.