- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Никогаш не сум и верувал на „Европа“. Дали од тоа што кога ќе погледнам назад никако да ја видам на наша страна. Израелците имаат поеќе пријатели од нас Македонците. Добрата политика за нас е онаа која наоѓа баланс помеѓу силите, притоа негувајќи јасна и одржлива позиција. Добро е што барем нашата надворешна политика во поглед кон ориентацијата држи еден ист курс, ако се изземат дамките кога СДСМ го смени знамето и се согласи привремено, наместо Република Македонија, да се викаме ФИРОМ, две работи кои и кај добронамерниците кои не се упатени во нашата борба како народ и држава, им става сомнеж во искажувањето на нашата вистина. Уште на почеток да кажам, јас сум за што побрз влез на Македонија во НАТО и Европската Унија. Од НАТО ни е потребна воената заштита на територијата на мојата земја, од Е.У. најмногу нејзиниот пазар. И тоа е во главно се'. Во Македонија се разви една категорија на т.н. „евроболшевизам“ промовиран од СДСМ кои го вметнуваат во секоја пора на животот, а кога доаѓа од нивните усти ми се превртуваат цревата пред се познавајќи ја „цврстината“ на нивните кичми и нивното полтронство кон нешто што неможат да го укапираат, а во основа се коси со нивниот таканаречен систем на вредности и сваќања, развиван со децении во нивните подруми. СДСМ ја идеализира „Европа“ на ниво на рај, а Европа е само територија на која многу добро функционира пазарната економија, демократијата и законот. Надворешната политика на Европа е рабиен батаљон, пред се од различните интереси на нејзините членки. Така и нејзината политика кон Македонија, во која секогаш се наѕирал империјализмот на нејзините најмоќни членки, политика во која Македонија имала само улога на паричка за поткусурување во играта кој блок да ги придобие балканските закрвавени држави Србија, Бугарија и Грција кои потрошија средства и луѓе од кои со малку повеќе разум ќе изградеа општества во кои нивните граѓани ќе живееја во мир и просперитет. Наместо тоа, далдисани од „искрените“ ветувања на „цивилизираните“ политики (балкански комплекс на нижа вредност, кај нас грижливо негуван од комуњарите), нашите соседи се исклаа меѓу себе во борбата кој да ја зграби Македонија. Во таа нивна борба, во која се прикажаа како последни варвари, најмногу настрада токму Македонија. Ене ги, сите околу горе-долу се со истиот мозок, и пак никој ја нема постигнато својата цел. А во Европа сеуште постојат сили, иако далеку понемоќни од некогаш, кои сеуште им ги потхрануваат комплексите на нашите соседи, на Србија за губењето на нејзиното влијание врз Македонија после 1991, на Бугарија што не успеа да го „премине“ Вардар, на Грција што неочекувано на нејзината северна граница (повторно) се појавија Македонците, оној заспан народ чии предци толку многу и дадоа на цивилизацијата, а во денешно време е збунет во поглед на тоа кој е и што е. Сепак, ние се будиме и покрај се, а нашето постоење не загрозува никого, можеби само во нивните глави.
Која е политиката денес на Европа кон Македонија? Европа пред се неможе да се самодефинира.
-Во 1992 ни наложи да си го смениме името или да исчезнеме од картата, што е современ обид за геноцид врз цел еден народ (повторно).
-Нејзините двојни аршини, да не ја „навредуваме“ и „провоцираме“ Грција. Нели сум навреден што неможам да се викам онака како што сум? Тоа е моето основно човеково право.
-1994, грчкото ембарго кон Македонија, една земја членка на Е.У. направи потег кој денес се третира како објавување на војна. Е.У. не реагираше.
-Од „терористи до бунтовници“, патот по кој минаа Ахмети и неговите пријатели, со преќутна поддршка на Европа, која упорно замижува кога гледа дека во на нејзините граници се креира конфликт од кој може и самата да се распадне како кула од карти.
-Премолчувањето на низата изборни неправилности кои од 1991 се случуваат се до денес.
-Мешањето во внатрешната политика во Македонија, свеж пример е притисокот на Ерван Фуере да ја протне ДУИ во Владата. Тоа е преседан.
Европа нема капацитет да се справи со проблем, па макар и од најмал калибар. Луѓето кои ја водат се неспособни и полтронски политичари полни со самобендисаност и ароганција, кои не гледаат подалеку од носот. Потиснувајќи ја оваа нивна карактеристика, уживаат да делат лекции на „балканските варвари“. Не се дораснати на сериозноста на функцијата која ја имаат. Наместо да ги средат проблемите и да помогнат на кандидатките кои географски и припаѓаат, со нивната кратковидост отвараат нови. Последниот од низата бисери е делењето лекции и потегот кој евроелитава едноставно неможела да премине преку него, а тоа е тепачката во македонскиот парламент (која е смислено направена). Прво, во нашиот парламент немаше тепачка, туку шамар и кошкање, што е далеку од тепачка (и тие и ние на Балканот знаеме што е тепачка). Инаку, фала на прашање, во Европа тепачка во Парламент не е непознат термин, напротив многу повеќе им е позната од нас.
Еве еден свеж пример од пред неколку години од италијанскиот парламент, колку да се знае што е тепачка и тепачка:
После ова само можам да заклучам оти ДУИ ми изгледат многу цивилизирани наспроти ова европскиве „цивилизирани“. Тепачките во парламентите не се непозната појава во современите демократии. Онаму кај што се преплетуваат интересите, таму се јавуваат искричења и од ваков тип, за кои законот секаде одделно предвидува санкции. Така е и кај нас. Само што во нашиот случај, СДСМ и медиумите и ен-џи-о-ата на СДСМ креираат поинаква атмосвера и им даваат на некои структури од Брисел изговор за негативна оцена во есенскиот извештај за Македонија. Со тоа само ја олеснуваат работата на евробирократите, а СДСМ го покажува вистинското лице, по којзнае кој пат, оти не му одговара стабилна Македонија. Тоа е така зашто до гуша е заглибан во криминал, криминал кој неможе да функционира во демократско општество и пазарна економија. Последните „критики“ на Рен се од последните кодошки сеанси на Б.Ц. во Брисел. Се надевам оти Рен за последноно клипче (веројатно не го гледал) нема да ја санкционира Италија од Е.У.
И покрај се, верувам во позитивен извештај на Е.У. за Македонија оваа есен. Верувам зашто Владата си ја исполни својата задача (и покрај сите „пролетни, летни, есенски и зимски“ сценарија на СДСМ) и ги добива одличните оценки на релевантни институции од областа на економијата и правото. Нека се дрзнат да постапат поинаку, вклучувајќи го и овој дел во извештајот па да им се смее цел свет и да се убрза крајот на нивната промашена кариера. На Европа и тоа како и требаат вистински политичари и стратези.
Ние продолжуваме. На крај на краиштата она што е предвидено во критериумите на Е.У. за членство на Македонија е предвидено во агендите на сите партии (само што кај СДСМ и сателитите, тоа е декларативно, а истите го дриблаат своето членство на секој можен начин. А и немам видено СДСМ да има агенда на хартија?!). Пазарна економија, владеење на правото. Македонија е Израeл на Балканот. Секогаш сами. Така и овој пат треба да се потпреме на самите себе си и своите капацитети, користејќи и светски современи искуства. Потпора ни е дијаспората и нашите лоби групи, искрените пријатели на Македонија олицетворени во се' повеќе структури кои веруваат во нашата вистина. Македонија и натаму ќе има (за жал) третман каков што го имала досега, барем од соседите. Последен свеж пример е Борис Тадиќ, српскиот претседател кој уште еднаш се обиде да ја вметне Македонија во решавањето на косовскиот статус. Само што тоа кај нас помина скоро и нечујно. Продолжуваме на своја рака и со свој ум (се надевам со помало „интелектуално“ учество на експертите на СДСМ). Македонија со одржлива пазарна економија, кон која цврсто чекориме, драстично подобрување на катастрофалниот образовен систем (досегашниот е креиран само за заглупување и произведува недоквакани интелектуалци), инсталирање на правото и законот на дело, е тоа е онаа Македонија која секој би ја сакал за партнер и никој белосветски политичар не би се дрзнал да ни продава ум. Имаме добри позиции, ги користиме солидно и треба максимално да ги искористиме. Се надевам ќе имаме уште многу сили да ја постигнеме оваа цел иако како држава сме попречувани и однатре (СДСМ и ДУИ) и однадвор од сите оние кои не еволуирале и се наоѓаат во 1913 година.
Trn: edna slika = iljada zborovi!
A SE MISLAM DEKA I CECA IMA ZEMENO BUGARSKI PASOS ZADA MOZE SLOBODNO DA SETA PO SVETOT.E STO TIE DRZAVA 