Im porasna standardot ,porano upotrebuvaa "Lada":
"Затоа, и загинувањето, но и причината за самото заминување на пат на Јордан Мијалков од една седница во Собранието, до денес остана мистерија. Дали станува збор само за несреќа или, пак, за првиот политички атентат во поновата македонска историја?! Имено, според нејасните околности и по чиј повик од Белград и по чија сугестија од Скопје тој заминува на пат, но уште повеќе според кажувањата на очевидците на настанот, оние што имаат некаква поврзаност со увидот од местото на несреќата и од обдукцијата на Мијалков, постојат многу сомневања дека не се работи за обична сообраќајка. Интересно е да се напомене дека како еден од причинителите на несреќата се споменуваше возило лада со регистерски таблички од Врање, управувана од Албанец од Бујановац, а за кој подоцна ништо не се слушна. Исто така, интригантно е што исто таква лада со врањски таблички по две години беше апострофирана како предизвикувач на незгода, којашто, за среќа, не заврши фатално, на службениот автомобил на Стојан Андов, тогашен претседател на Собранието. Набргу по загинувањето, или убиството, на Мијалков, беше лиферувана информацијата дека воениот врв на ЈНА планирал и физичка ликвидација на премиерот Никола Кљусев, како дел од плановите за отворање “Јужен фронт”, со цел на Македонија да не #163; се дозволи отцепување од планираната трета Југославија, којашто тогаш многумина ја нарекуваа Србославија."