Боцевски: Со „Кемофарм“ е исто како и со „Семос“
Мими Шушлеска
Нема судир на интереси, ниту пак какво и да било протежирање во случајот со набавките од веледрогеријата „Кемофарм“ иако директорот на оваа фирма му е кум на премиерот Никола Груевски, а пријател на сопственикот е конзул во Солун, вели портпаролот на Владата, Ивица Боцевски. Антикорупционерите, пак, сметаат дека ова е уште еден случај на роднински и пријателски врски и нагласуваат дека тоа е редовна практика во владејачката партија.
- Лекови и медицински материјал се набавуваат преку Фондот за здравство и преку болниците, во точно дефинирана тендерска постапка која не дозволува протежирање одредени фирми - смета Боцевски.
Тој додава дека со „Кемофарм“ била иста ситуацијата како со компјутерската фирма „Семос“, која во минатиот владин состав ги одржуваше компјутерските системи во државните институции. Во „Семос“ мнозинскиот пакет-акции го поседува сопругата на претседателот Бранко Црвенковски.
Објавено во вчерашен Шпиц
Па нели на сто звона се кажуваше дека Бранко преку Семос обезбедувал доплолнител профит. Дека тоа било злоупотреба на службена должност корупција и слично. Сега кога Грујо преку својот кум прави исто, тогаш тоа е нормално и се правда дека така така правел и БЦ.