Дали се припрема јавноста за лоши вести од НАТО и ЕУ

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
А тоа е голем успех,кандидатски статус еј колку гордо звучи кога знаеш дека по 100тина години можеби некој и ќе живее убаво на оваа територија.
Добро ајде да видиме Груевски што ќе успее да извади па нека си ги мерат после
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Кандидатски статус ништо не ни менува...ЕУ славеше лани 50 години од постоење, а Турција лани „славеше“ 49 години кандидатски статус...ако не сте знаеле...
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Кандидатски статус е нешто што си доаѓа само по себе.
Исто ко матурант пред приемен за факултет да се фали дека има статус на иден студент и да мисли дека којзнае што постигнал, а тоа си доаѓа само од себе : )
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Кандидатски статус ништо не ни менува...ЕУ славеше лани 50 години од постоење, а Турција лани „славеше“ 49 години кандидатски статус...ако не сте знаеле...

Па добро што ти текна, ама по прикладно е овој напис да го испратис на

primeminister@primeminister.gov.mk
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Кандидатски статус ништо не ни менува...ЕУ славеше лани 50 години од постоење, а Турција лани „славеше“ 49 години кандидатски статус...ако не сте знаеле...

Кандидатски статус е нешто што си доаѓа само по себе.
Исто ко матурант пред приемен за факултет да се фали дека има статус на иден студент и да мисли дека којзнае што постигнал, а тоа си доаѓа само од себе : )
Tокму затоа не е вреден ни за споменување,би им посочил на сите што мислат дека кандидатскиот статус нешто значи за една земја примери со Норвешка или Швајцарија кој би биле примени во ЕУ и без кандидатски статус,значи веднаш штом посакаат.:)
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48

Смешно, indeed. :pos2:
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Tокму затоа не е вреден ни за споменување,би им посочил на сите што мислат дека кандидатскиот статус нешто значи за една земја примери со Норвешка или Швајцарија кој би биле примени во ЕУ и без кандидатски статус,значи веднаш штом посакаат.:)
Па навистина е смешно кога се спомнува како успех. Како успех може да им се сервира само на оние закоравените кои сеуште на своите деца им прават веселби кога ќе завршат осмолетка како да прават свадби :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мхм...Успех...не би рекол...
Македонија има волја за влез во ЕУ, така?
Значи, на некој начин аплицираше за влез :) со она формално барање поднесено пред добивањето на кандидатскиот статус. ЕУ ни прифати апликацијата и готово! Земја кандидат! Значи, ништо посебно, еден ден можеби ќе бидеме членка, можеби не.
Успех ќе биде кога ќе завршат преговорите (ако има некој здрав и кадарен да преговара) и кажат европејциве: од ден тој и тој, Република Македонија станува член на ЕУ.
Ама кај нас, како успех се прикажа и потпишувањето на она стабилизацијата и асоцијацијата во 2001, и статусот земја - кандидат во 2005.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Значи прославата на сдсм на плоштад по повод кандидатскиот статус е чист партиски популаризам...:ples:

И кога ќе чујам после како владава сега била популаристичка.....Look who's talking...:pop:

Ееевропа....тоа е нашиот дом.... :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па навистина е смешно кога се спомнува како успех. Како успех може да им се сервира само на оние закоравените кои сеуште на своите деца им прават веселби кога ќе завршат осмолетка како да прават свадби :)
Па секоја влада во недостиг на вистински успеси себеси си препишува апсурдни и смешни работи како невиден успех,вклучуваќи тука и кандидатски статуси кој не значат ништо,преговори без резултати со ЕУ за ослободување од визниот режим кој резултираат само со потврдување на досегашното ГЕТО без либерализација,партнерства за мир кој можат да бидат и немир......Како успех се препишуваат и разни с-рамковни договори кој практично значат ретерирање на предходно мачно стекнатите позиции за еден народ и многу слични работи.
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Мое мислење е дека статусот ’Кандидат’ нема многу големо значење, но земајќи во предвид дека тоа е една од скалите до конечен прием, сепак (колку-толку) треба да не’ радува...
Меѓутоа, проблемот кај нас е во нешто друго... Доколку за тој ’кандидатски статус’ (кој што, нели, ништо не значи) се избореше оваа влада сега, никој од симпатизерите на ДПМНЕ кои што сега го минимизираат тој успех, немаше да го прават тоа... И ќе го опсипуваа Грујо со ловорики!
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
СДСМ убаво се сеќавам, не рече дека тоа е нивна заслуга (кандидатскиот статус), туку заслуга на сите.

Btw, и Албанија има аплицирано за влез во ЕУ ама тоа не значи како што некои мислат, добивање кандидатски статус!? Тоа е знак од ЕУ дека сме биле на добар пат. Ако не го добиевме што ќе значеше тоа? Сеедно ќе ви беше или ќе ги кривевте СДСМ дека ете, не биле способни да ја направат Македонија земја кандидат?
 
Не си го троши времето да докажуваш, сешто е направено за Македонија, а не е направено од ДПМНЕ тоа се подразбирало :toe:, си дошло само по себе
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Многу е нереално и необјективно да не се смета за успех кандидатскиот статус на Македонија, а да се сметаат за успех разноразни приведувања за мито од 5, 100 или 200 евра. :toe:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
СДСМ убаво се сеќавам, не рече дека тоа е нивна заслуга (кандидатскиот статус), туку заслуга на сите.

Btw, и Албанија има аплицирано за влез во ЕУ ама тоа не значи како што некои мислат, добивање кандидатски статус!? Тоа е знак од ЕУ дека сме биле на добар пат. Ако не го добиевме што ќе значеше тоа? Сеедно ќе ви беше или ќе ги кривевте СДСМ дека ете, не биле способни да ја направат Македонија земја кандидат?
Значи до толку се и СДСМ и ДПМНЕ неспособни, па чисто формално процедуралните статуси ни ги претставуваат како успеси, т.е неуспеси?
Смешно!
Значи луѓе, на толку ниско ниво сме дојдени што чистите формалности ни се успеси.
Срамота!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom