Тежок инцидент меѓу полицијата и вооружени цивили пред Собранието
Тежок инцидент се случил вечерва пред зградата на Собранието во центарот на Скопје, кога дваесетина лица предизвикале тепачка со припадници на полициската единица “Алфи“.
МВР ја потврди информацијата на Нетпрес, но додаде дека повеќе детали ќе има во текот на утрешниот ден.
Според засега неофицијални информации лицата биле вооружени и со околу 6 до 7 автомобили ја блокирале улицата пред парламентот. Неколкумина од нив излегле од возилата и почнале да се кошкаат со полицијата. Веднаш било повикано засилување, но додека тоа дошло веќе имало тепачка. Седуммина биле приведени, а останатите насилници се разбегале. Автомобилите ги оставиле на улица. Кај дел од насилниците било најдено огнено орушје, автоматски пушки и пиштоли.
Центарот на Скопје е блокиран и полицајците трагаат по избеганите.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 25.09.2007 21:04:03
А за муабетов,дека се тоа биле луѓе со дипломи,мипломи,жими менгеле.Па и самиот командант на ДУИ и ден денес зима инвалидска пензија со дијагноза-Шизофренија,од Швицарската му.
пиес: замисли им ги фаците на тие 7 приведени
пипиес:а кој го глеаше Латас на сител дневникот,се изгазив од смеење.Имаше телефонско интервју со Шекерка и на крај ја испрати со муабет као,имаме поважни работи од вашите трач муабети дека Арифи била на интензивна,работи како водење дневник.
http://sitel.com.mk/video_vesti.asp ево ги линкот за дневникот