ПОНЕДЕЛНИЧКИ
Одложено
Бев решил за некоја година да се повлечам. Има и други, помлади новинари кои се добри. Некои од нив се мои соработници. Еден ден, некој од нив, би бил подобар од мене.
Ама, по се излгледа, таа работа ќе мора да се одложи.
Мајкл Џордан пет пати се повлекуваше. И враќаше.
Таман решив. Почна да станува мирно, демократски здодевно. ВМРО истера нова генерација, и во СДСМ сакале-нејќеле ќе мораат и тие. Нови лица без комунистичкото лудило во очите.
Било привремено. Лудилото на комунизмот се враќа.
Што прават СДСМ и ВМРО е битно но, не ми е примарен интерес. Не сум во ниедна партија. Затоа, пак, што се случува во политиката надвор од нив, ми значи многу. Сорос Институтот отворено општество, на функционерот од СДСМ Владе Милчин, со платени огласи за акцијата - Ти си Македонија - најавува невладини митинзи за соборување на Владата. Глупо звучи, ама тоа е.
Активистите на Милчин поттикнуваат деца од петто одделение да протестираат против постматурски испит! Не само што употреба на деца од десет години на политички протест спротивен на Закон, и бездушно е. Уредникот на Дневник, и функционер на Здружението на новинари Бранко Ѓорѓевски, на прва страница во Дневник пишува: Основците, за протестите, заслужиле петка по граѓанско образование... Е дечко мој. Да ти ја ебам ја твојата комуњарска политика, кога деца од петто одделение тераат политика за вас.
Како Пол Пот, и Црвените кмери. Во Камбоџа.
Овој гест на злоупотерба на деца не го осудија од ЗНМ, ниту од странските амбасади, или детските организации. Молк. Зошто?
Бранко се враќа во СДСМ. Со книга што му ја напишале двајца новинари од Утрински. Онака, независно. Дали странците имаат нова задача за Бранко.
Кога Фуере и Амерот Рикер молчеа за насилните неокомунистички проетести пред Судот, за поддршка на криминалот на Буч и Заев, ги прашав: Зошто? Не одговорија. Кога на Плоштад, а не пред Уставниот суд, се протестираше - не за поддршка на криминал, туку на црква, Рикер и Фуере рекоа: Тоа е притисок врз судот! Дали се тоа само случајности во серија?
Колку се Бранко и СДСМ послаби, тие се погласни. Се дополнуваат.
Или: имаме спор помеѓу две компании. Австриската ЕВН и македонската ЕЛЕМ. Од австрискиот амбасадор, па до Рикер, излегуваат и ја напаѓаат македонската Влада, судството и македонската компанија...
Каде дипломати така фаќаат страна во спор помеѓу две фирми. Каде дипломати судат наместо Судовите?! И тоа јавно! Знае ли Рикер дека два милиони евра, кои Ски-центар Кожуф сам ги плати за електроинсталации, австрискиот ЕВН ги прикажува како своја инвестиција. Не? Еве, сега знае.
Истите тие што сега низ медиуми, но и пошироко, го бранат ЕВН, го бранеа и монополот на Телеком. Еден пазарен, принципиелен став. Секако, не за џабе.
Рикер ги повика американските компании два пати да размислеле пред да инвестираат во Македонија! Ау! Ова е најтежок збор кој еден дипломат јавно го кажал против Македонија од 2001 година, па наваму.
Каде отидоа умереноста, мудроста и креативноста на дипломатијата од времето на амбасадорите Кристофер Хил и Џилијен Миловановиќ. Македонија на Америка и должи многу. Голем дел од долгот е кредит на Хил и Миловановиќ. Греота е некој друг да го троши тој кредит што не го создал.
Се обединуваат олигарсите од транзицијата, и Сорос финансиерите, со уредниците и новинарите здружени уште од времето на комунизмот. Собрани во А1, Дневник и Утрински. На брифинзи одат по амбасади, а по пари кај Милчин во Институтот на Сорос... а и кај ЕВН или Телеком. Се спори и негира се: од градење црква, споменици на култура, добрите оценки од Светска банка и ММФ за однесувањето во кризата, битката да се донесат инвеститори, да се поттикне учење, наталитет. Се подбуцнуваат Албанците на етнички тензии против црква, против власт, споменици... против се! Лупевска од А1 ја плашел големиот коњ од споменикот на Александар Македонски. Се плашела од големи.
Соросписките новинари пак протестираат.
На Македонија не и се подготвува само насилно менување на уставното име. Изгледа и се подготвува и бришење од етничката карта. Прецизно, примена на грчкиот едностран план: името ќе се смени, а нема да се изврши упис на македонската нација и македонскиот јазик во Обединетите нации. Тоа ќе се остави за друг пат. Ќе се преговара.
Какви ќе бидат тие преговори, јасно е од овие преговори.
Косовизацијата на Македонија, потоа, е само логична последица.
И, решив да не се повлекувам. Се уште не е време.
Комунистите со дипломатска домашна задача бараат да нема цркви, споменици на култура, зголемени плати и пензии, да нема пари за земјоделци, спортски сали, бесплатен интернет, бесплатни учебници, задолжително средно образование... сето ова го нема кога Бранко, и неокомунистите, се на власт.
Што ќе има, ако ова го нема? Страв. И гнев.
Се бутка ли Влада заради интересите на ЕВН. Телеком, Сорос... и Грција.
Ние гласавме за оваа Влада, и ние својот глас ќе го браниме.
Борба без косовски допинг. Без дипломатски амфетамини.
Да го одбраниме своето. А потоа, пак ќе размислувам за повлекување.
Пишува: Драган П. ЛАТАС
Соросоидите ја продаваат државата, а овај не ни жител на државава пошто со србски пасош летува во грција секоја година и и во хотелот се пријавува како србин,ама многу ја сака државава,го брани името,ја брани владата,а срцето и душата му се изгорени за србија.Јавно го посетуваше Милошевиќ(посета новинар кај председател во кабинет на прием за време на нато бомбардирања),а вчера слушнавме и една новост од него-Ѓинџиќ му бил куќен пријател и му доаѓал дома.
Е што ли правел српски премиер кај “нашиов “новинар ???
Ако новинаров не е соработник на тајни и шпионски организации !!!
Ова за српскиот пасош и пријавувањето како србин, да не го имаш од прва рака, да не си го видел со свои очи...