Необично откритие во околината на Штип

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Черепот е со отвор за само едно око, без ушни шуплини и со три рокчиња на челото


Пронаоѓач кој се занимава со карпеста уметност, во пештера во околината на Штип, случајно ископал череп со исклучително необична форма.

Засега само еден општ лекар ја анализирал формата и заклучил дека черепот не е од човек. Сензација или квази-научност?

Раководен од сопственото искуство за распознавање на човечки черепи случајно ископани при обработка на земјата, сопственикот на овој пронајден череп е убеден дека овие коски не се остатоци од човечко суштество.


Иако наликува на череп од човек, оваа глава од двете негови страни има остатоци од три пара коскени израстоци во вид на рокчиња.

Случајниот пронаоѓач тврди дека ова може да дешифрира еден сосема поинаков вид на суштество кое опстојувало или случајно се нашло на ова тло од пред најмалку 1.000 години, исклучувајќи ја можноста дека се работи за некој вид на животно кое живее во земјата.

„Одделно беа закопани главата и телото на ова суштество“, вели пронаоѓачот.

Скелетот бил составен од необично долги коски на екстремитетите. Пронајдениот скелет не се наоѓал во хоризонтална положба, туку во исправена - блага вертикална положба.

Претпоставките на пронаоѓачот дека не се работи за остатоци од човечко суштество засега ги потврдил само еден лекар по општа медицина. Черепот нема два очни отвори, ниту отвори за уши, специфична усна празнина без заби.

„Ова суштество не е од оваа планета. Тоа е со едно око, со рогови и предниот лик на главата е многу интересен. Само науката може ова да го докаже“, тврди пронаоѓачот.

И колку да се расчисти дилемата за да се докаже дали дел од овие „лаички“ претпоставки се точни, потребна е неопходна антрополошка анализа.

Така се согласува и сопственикот на черепот кој ќе го отстапи своето случајно откритие само под еден и единствен услов - да ја добие соодветната материјална награда пропишана со закон.

Човекот, кој за почеток, не сака неговото име да се експонира во јавноста, останува на ставот за можни евентуални измени во базичната еволутивна теорија на Чарлс Дарвин.


:nesvest:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
:iiiiiii: :aoaoa: :nesvest: Боже мој, што све нема да најдат. Баш ме интересира што е тоа?
 

rustyblades

Stiff Upper Lip
Член од
19 февруари 2007
Мислења
611
Поени од реакции
35
Samo za zal znam deka na kraj kraistata nisto nejke da bide, zaso ziveeme u Makedonija i kaj opstiot lekar ke ostane toa... Kamo da imase nekoj naucnici da videa za sto se raboti...
PS: :nesvest:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
еј крш, мутант!!!!
ама тоа дека е од друга планета ....треба подитно да се забранат филмовите од холивуд.
 

Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
ova moze da e se, ama, kade be u mk ke otkrieme neso?
ziv marsovec da najdeme nema da zabelezi svetot
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
А hoody е во право: черепот изгледа ќе остане кај општиот лекар.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ако ова навистина е нешто кое што вреди до сега ќе имаше еден тон научници од цел свет а посебно од САД и ќе утврдуваат што како било и за што се работи, ама ова по се изгледа е некое мутант праисториско прасе или нешто такво.:jaj:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Ако ова навистина е нешто кое што вреди до сега ќе имаше еден тон научници од цел свет а посебно од САД и ќе утврдуваат што како било и за што се работи, ама ова по се изгледа е некое мутант праисториско прасе или нешто такво.:jaj:
хргхмм
не се наоѓал во хоризонтална положба, туку во исправена - блага вертикална положба.
ааа да и ова сакав да кажам
Човекот, кој за почеток, не сака неговото име да се експонира во јавноста, останува на ставот за можни евентуални измени во базичната еволутивна теорија на Чарлс Дарвин.
мило ми беше, МЕРСИ чао :icon_lol:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Добро бе ќе доживееме ли ние оваа генерација што сме на земјава да видиме или барем да искомуницира земјава со друга планета и цивилизација.......само политика и хроника се дешава.....редно е во иднина за extraterrestrian-ци да се збори!!!

:toe::vozbud:
 

proxx

The Hardcore!
Член од
1 март 2007
Мислења
226
Поени од реакции
4
Ако не е од човек, тогаш од што е? Можеби е нејое животно.. ама не верувам..
Едноставно, мистерија!

Поздрав!
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
78
Поени од реакции
7
Ако има некој од Штип,или нкој др. кој знае,дали ова чудо е сеуште во МК,се сеќаван кога беше пронајден скелето(пошто не е само черепот),арно ама интересно беше тоа што само еднаш кажаа на вести ,и толку,јас си мислам дека ова е потоморено некаде и не веќе во МК.
Пошто завладеа голем интерес и мн доктори се огласија по повод ова,најчудно беше тоа што сите се согласија дека дека чудото доживеало одредена старост,а беа едни во мислењето дека,човек со такви деформации,не би можел ни еден ден да преживее......:tapp:
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
обично што и да се најде у мк се продава на црни пазари во другите држави .....зашто мк не дава ни приближно толку пари за предметот или слично.Така да се што ке се најде се губиме:kesa:
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
125
Поени од реакции
0
Навистина чудно е ова! Кој знае од што би можел да биде черепот.:nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom