Епа другари, еве што ми се случи мене на ТВ-то...
Можеби не е најдобар пример, ама станува збор за сиви/бледи вертикални линии, на повеќе места на панелот. Ова е фабричка грешка од која нема бегање, така е произведен, а присутно е и кога го купувате телевизорот...само треба да проверите на темно осветлување и зелена позадина.
Не се познава цело време, туку само на сиви и зелени позадини, да речеме фудбал или голф.
Затоа, би ви препорачал да бапнете било каков зелен wallpaper на USB стик, да го брцнете во телевизор и обавезно да проверите за ова...ако има една линија, потоа ќе станат 2-3-4...и не знам до каде оди, јас на мојот моментално имам 3, а веќе подолго време не се умножиле. : )
Значи, ако ви е под гаранција сеуште ТВ-то, обавезно проверка и во "не дај боже ситуација", враќајте го. Ако не ви е, не проверувајте, зашто еднаш ако го забележите проблемот, нема да можете да прекинете да го забележувате при гледање после...ако ме сфаќате.
Но, идеме на друга тема. Заради овој проблем, решив да го пребацам ТВ-то во моја соба (бидејќи гледам филмови и играм на јаки контрасти, а проблемов највеќе е присутен при телевизииве наши и нивните ЧКЉ квалитетни програми), а за во дневна се решив за ова ѕверче:
PFL-5605
LED, постар модел (има понов 6605, прво тргнав за тој, ама бидејќи е потенок за третина, греењето е лошо решено и екранот е РЕРНА буквално...)
И се беше супер, нудат плаќање на кредит и тоа без камата, види мајката...
Ама, пазете сега ова, за да можете да плаќате на кредит, ќе треба да имате на кредитната НАЈМАЛКУ колку што чини телевизорот (во овој случај 50,000 денари), они ги резервираат средствата и потоа месечно од нив вадат по 2000/3000 во зависност од ратите. Ама, вие не можете да отидете под таа граница од 50,000 до прва рата, 48,000 до втора, 36,000 после 7ма итн...
Што понуда ќе беше, исто како да плаќам во готово, само вака ја имам илузијата дека парите се сеуште кај мене на сметка...преварантски договори колку сакаш.
