Слушај, не е мој проблем шо киријата за една продавница/кафич во чаршијава е поголема од таја во Рамстор. Морат да имат некоја причина зошо е така. И јас го ценам то. Се нервирам и јас ко ке ми наплатит некој чај 100 денари, а во продавницата 20 метри подолу е 40 денари. Ама пак тој со кафичот плаќат дупла кирија од тој со продавницата, капиш? Персонал, струја,вода,заработувачка морат да имат. Ако во вашите мозоци не мојте да ги скоцкате тие работи, поинтлесс е да ти објасвам, по трет пат.
Собите не се секирај, ги кречиме пред секоја сезона, замисли чак и ги чистиме од пајажини, трошак непотребен прајме глупи ние, само ке се најдит некоја будала од турист, шо се понашат бетар од дома, дошол пијан и исповратил по ѕидот, искршил све живо и диво и си заминал.
А повторно да фатиме да ги кречиме ѕидовите на сред сезона, немат да ви мирисат убо па зато решивме така да ги остајме. Заговор е то со топлата вода, ние се капиме првин, па после то шо ке останит за туристите. Шо ќе ви е капење, на езеро се капите. Се договараме пред 1 јули ние- Без топла вода за туристите.
Аман. Сто мани ќе најте. Во јајце влакно барате. Годинава бев Албанија на одмор, предминатата Грција. Топла вода стриктно после 7. Сакаш прифати, сакаш не. Јесте, имавме и посебно вц, и кујна посебна, ама плаќавме 25 евра на ден. А со 25 евра во Охрид цела недела ке поминиш. Ама пусто Македонче, само по нашето да се плукало.