Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Кога велам експерт мислам на "regular Joe" oд нашава земјичка, кој во секој момент, се дури со здивот може да замагли огледало, е максимално подготвен да дискутира т.е. да се тепа за она што го нарекува своја лична партиска определба.
Како дошло до таа определба, е варијабилно...индивидуално. Иако лично мислам дека тој судбоносен ритуал на избор на партија денеска може да се поврзи со изборот на религија - го имаш од "роџење". Малку неблагодарно за една таква света работа...Она во што веруваш го дефинира она што си. Сепак, ова и не е таков проблем, бидејќи иако не е најпопуларен, маркетот т.е. берзата на функционери и пратеници е присутна и неофицијално крајно исплатлива.
Она што е поголем проблем, е вербата. Во што верува еден дежурен политички експерт од Македонија? За да не се разликувам во многу од дневната политичка терминологија (и реалноста, рака на срце) ќе користам два типа на луѓе при оваа анализа: едните ќе ги наречам Црвени, другите Сини- од практични причини. Останатите се само меѓунијанси на биплуралистичкиот спектар под македонското дневнополитичко сонце.
Многу е веројатно дека Сините во глобала имаат потекло од повоените македонски градови, каде веројатно уживале некаков углед, т.е. биле поблиски до идеите на тогашните врховни божества, односно на Екс Југословенскиот Зевс = другарчето ЈБТ. Сите сме негови и тој е наш = со оваа идеја овие синокрвни петокраконосци тргнале и пред некои 16-17 години кога иако го немало другарот, другарските навики останале. Ја имале интелигенцијата, ја имале вербата, У.Д.Б.А. и уште неколку кратенки, па по скратена постапка дошле на власт...
Ако пак погледнеме на вербата на Црвените, сржта на луѓето кои во тој период ја сочинувале оваа групација биле оние кои поради своето место на живеење биле нарекувани "аграрци" или "самостојни сточарски работници", луѓе чии дедовци летувале на некои оголени острови или боледувале од најразлични отоци, може да потврдиме дека барем вербално биле поблиски на идеите до оние врз чии грбови започнало формирањето на независната Македонска држава: пушконосни храбри брадоњи кои во лиено-бронзена вкочанета положба можете да ги видите онаму каде што преостанале низ периодот во кој потребата од метални суровини за леарниците од секојдневниот живот на граѓаните однесе многу бисти и поклопци на шахти.
Каде е тука цаката? И едните и другите фиктивно веруваат во партиски идеологии, во програми и луѓе, во способност и демократија... реално веруваат во духови. Никој не верува во себе. За нив на избори гласаат духовите, посредно преку своите "месинџери" во форма на лидери, пајаци, октоподи или други мрежести структури.
Секојдневието им почнува со привидното читање на утринската штампа и привидното гледање вести. Не смееме да ги изоставиме и трибините кои ги организираат секојдневно по најразличните би(ртии)блиотеки, а еднаш во неделата и по партиските штабови. Своето чувство за демократија го развиваат преку практични активности-најчесто сликовни методи: единката става тампони во ушите; на единката и се покажувани слики од своите сопартијци и од "The Others"; единката на сликите на своите сопартијци мора да реагира со занесна восхитеност, а на останатите со арсенал на новоизмислени пцовки кои ги опфаќаат фамилијарните структури на опонентот од чукун-дедо до денеска. Доколку единката која се подготвува за експерт не ги прикаже задоволителните резултати при тренингот, му се засилува дозата на демократска терапија во зависност од "бојата": едните гледаат партизански филмови- продукција "15-ти септември", другите пак конзумираат строго комитски филмови придружени со музичка терапија приготвена од Војо Стојановски лично.
Каде тоа не носи нас денеска? Во време на толку многу експерти, право чудо е што сепак глобалната приближна експертиза изведена не толку одамна, која се прави еднаш на 4 години се покажа како пристојно точна. Секако дека не ја креираа сите експерти...и секако дека има и незадоволни, кои после кривата проценка останале без работа или им се намалил угледот во локалната кафеана.
Ама едно е јасно... се дури не ги извадиме главите од нашите задници и не оформиме здрав политички став доколку сме се одлучиле да функционираме како експерти, ќе си останеме простаци пар екселанс - без личност и без карактер.
Да, секогаш ќе ја имаме вербата...