Точкест
I'm Awesome
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 7.641
- Поени од реакции
- 458
Инспириран од вчерашната емисија на Чомовски каде ги имаше собрано „комичарите„ од земјичкава наша мала решив да ја отворам темава...
Така седнат пред телевизорот додека го гледав чичко Чомовски како ги изговара самогласките ко да му се домашна задача, цело време се мислев дали стварно има некоја тешка филозофија во комедијата....Има, дефинитивно има многу повеќе филозофија одколку комедија. Додуша ако збориме реално комедијата ја снемува, ја нема онаа стара и добро позната комедија на телевизијата на сцената во драмата...се е некако излитено црно, дури и црниот хумор го нема. Еден од „комичарите„ рече „Како може да има комедија кога нашиве граѓани се седнати пред телевизор гледаат репризи од сите вести и се караат со нив„ Стварно тоа не ми е ама ИЧ јасно, како може луѓето да бидат до толку зависни од проклетите „трагични„ настани, поскапува лебот, солта мечките ги нападнале кравите, чедоморство во Прилеп и Шутка, Џејми Шеј избега/Џејми Шеј го вратија...Грујо и Бране се договараат но неможат да се договорат. Е ова ли треба сериозно да се сваќа и по цел ден да се гледа истото? Цел ден да се расправаме со црната кутија што ни збори, наместо да идеме во видеотека или низ пазариве и да земеме некој филм од кој саат ипол два ќе се прснеме од смеење и ќе заборавиме на некои проблеми. Исто така интересен е фактот дека комедиите за правење се тешки, мислам хелоу живееме во таков свет каде што се е комично-гледано како оптимисти, но по се изгледа дека живееме во свет исполнет со песимистички скотови кои ја гледаат чашата полу празна наместо полу полна....Пу мамата, имаше и еден психолог кој даде перфектно објаснување „ЗАШТО ЈА НЕМА КОМЕДИЈАТА?„ а тоа иде вака „Во школо кога некое дете ќе каже нешто комично професорот наместо да му рече „Браво навистина е добро ова„ тој му одговара „Ова не е место за шегување„. Пак ќе речам „Мислам хеоу„.....комедијата бара интелегенција, мозок многу повеќе одколку што бара нуклеарната физика, поентата на комедијата не е да навредиш некој т.е. да навредиш ама не директно, би дошло како „читање меѓу редови„ или „читање одпозади„....почнаа рекламите и свртев на скај нет да го видам Јанко што јаде бурек, ОДМА сменив. Дечкото беше толку длабоко повреден од случката во Шутка каде што „премногу интелегентниот„ ром го истепал детето до смрт....почна нешто ФАКИНГ ова ФАКИНГ она, пак негативно да влијае врз народот, а сите го знаеме Јанко како коментаторот од 103ка кој не пресмејуваше додека ги коментираше натпреварите од светските фудбалски првенства.
Враќам на Чомовски, гледам почна со Трендо да прави муабет околу интернет комедија и блогерајство....Чомовски како стар прч зема да збори за некои блогови за некои ствари, а Трендо го слушаше и нешто безвезно коментираше-нормално позитивно настроено со фини линии на комичност....Тука се приклучи и ДарМар кој кажа една премногу паметна работа околу комедијата....„Почнало со драмите и луѓето таму ЗАЕДНО се смееле, па продолжило со киното луѓето пак заедно се смееле но биле ПОДЕЛЕНИ во помали групи. Почнаа со телевизијата и луѓето полека почнаа да се затвараат, почнаа со блогерајството и останаа сами„ искрено браво ДарМар, иако си стар сепак некои работи ги знаеш повеќе од другите....
Ама јас се одалечив од темава, па затоа ќе прекинам да пишувам. Само уште неколку прашања на кои би требало да дискутираме

- Зошто паѓа нивото на комедијата?
- Каде се прават грешките?
- Кој е проблемот што народот гледа песимистички?
- И како да се врати комедијата?