Слепите сили на природата кои ја воделе Големата Експлозија не биле ни приближно развиени и интелигентни како човекот, сепак некои веруваат дека тие го создале сето ова комплексно дизајнирано создание.
А што очекуваш идните генерации да откријат за да заклучат дека случајноста го создавала овој Универзум полн со комплесно дизајнирани созданија како што е ДНК молекулата, окото, човековиот мозок итн.
Свесни ли сте дека веројатноста овие созданија да настанат случајно е далеку помала од веројатноста моиве букви да се последица на случаен електричен шум/грешки во интернет мрежата?
Или пак од каде знаете дека коментариве кои ги пишувам не се последица на мачката моја која што се шета по тастатурава?
Веројатноста нејзиното непланирано газење по тастатурава да ги напише овие коментари е далеку поголема отколку веројатноста Универзомот и животот во него да настанале случајно.
Но сепак, иако поголема веројатноста, вие верувате дека моиве коментари не настануваат со случајното газење на мојата мачка и дека зад нив стои некоја личност. Во спротивно не би ми реплицирале нели?
Тогаш зошто кога станува збор за Интелигентниот Создател, вашата логика и критериум за верба се спротивни во тој случај?
Зошто НЕ Бог?