Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Поврзував пред 2-3 дена ТВ-то со ПЦ-во преку HDMI кабел. Кога го приклучив кабелот, се слушна звук, "БИП" ама не ми го најде ТВ-то во Nvidia Control Panel-от. Го извадив и го ставив пак неколку пати но ништо не бидна. Ни звук се слушна, ни ТВ се пронајде.
Пробувам денес пак да поврзам, не сака. Кабелот 100% не е. Пробав и работи со ДВД плеер поврзан. Пробав сменив слотовите на графичката да не случајно се зафркнал некој, но ни тоа не е. Влезот на ТВ-то не е исто така.
Дали е можно да се зафркнал HDMI адаптерот, што ми овозможува да ги приклучам?
 
Како би можел цели текстови напишани на кирилица да ги конвертирам во латиница ?
 
Кога ќе го вклучам компјутерот некогаш стрeлката ми бега на десна страна и никако не можам да ја помрднам,постојано се враќа десно се додека не помине некој извесен период од 5-6 минути.Ако може некоја помош :)
 
Удри и шамар и заврзи и ги нозете:vozbud:
 
Кога ќе го вклучам компјутерот некогаш стрeлката ми бега на десна страна и никако не можам да ја помрднам,постојано се враќа десно се додека не помине некој извесен период од 5-6 минути.Ако може некоја помош :)

Античкото решение: Прво пробај со друг маус
 
Мојот го пробав на друг компјутер и се си беше најнормално,а друг кога ставив на мојот пак бегаше.

Некоја програма/сервис те дупи. Пробај во SAFE MODE дали ти прави така. Ако не ти прави таму, тогаш ќе видиш што си инсталирал/направил последно пред да ти се сјебе ова и среди го.
 
момци ми треба помош... имам микрофон со приклучок оној што е како за во појачало со банана, и сакам да го поврзам на компјутер земав таков редуцир во логин за да можам да го поврзам во 3.5 мм влезот што е на компјутер.. го поврзувам и има некое зуење и многу слабо се слуша микрофонот.. т.е 2 микрофони имам и со 2та пробав и со 2та иста приказна... :S :S
 
Дечки ако можете да ми кажете дали се продаваат вакви кабли?
0104-HDHD.jpg

Имам нов монитор но тие каблите ги заборавив, па ако знаете кажувајте.
 
Малку (повеќе) ти е глупаво прашањево. Да беше кабелов за поврзување на касетофон... па да прашаш дали има....

Имаш секаде (нормално) каде што продаваат компјутери и опрема/делови за нив.

--- надополнето ---

момци ми треба помош... имам микрофон со приклучок оној што е како за во појачало со банана, и сакам да го поврзам на компјутер земав таков редуцир во логин за да можам да го поврзам во 3.5 мм влезот што е на компјутер.. го поврзувам и има некое зуење и многу слабо се слуша микрофонот.. т.е 2 микрофони имам и со 2та пробав и со 2та иста приказна... :S :S

Пробај на друг РС за да се осигураш дали е до џекот/редусерот.
 
Малку (повеќе) ти е глупаво прашањево. Да беше кабелов за поврзување на касетофон... па да прашаш дали има....

Имаш секаде (нормално) каде што продаваат компјутери и опрема/делови за нив.

Па добро, никогаш не ми е потребало таков дел, затоа прашав. Од кај знаеш, да си прашам да не одам за џабе.
 
Ако ти е ваков и влезот (машко) и излезот (женско), само побарај VGA кабел и моја препорака е да земеш позлатен кабел.
Многу подобра слика вади од било кој друг кабел, штити од струја особено ако кабелот ти проаѓа низ штекери, кабли, струи, чуда.... Ќе дадеш малку повеќе пари ама се исплати.
 
Малку (повеќе) ти е глупаво прашањево. Да беше кабелов за поврзување на касетофон... па да прашаш дали има....

Имаш секаде (нормално) каде што продаваат компјутери и опрема/делови за нив.

--- надополнето ---

Пробај на друг РС за да се осигураш дали е до џекот/редусерот.

пробано е и на друг компјутер... не ми се верува и 2та микрофони да се зезнати и 2 редуцира имам, имав еден мислев нешто он ја заебава работата бев до логин земав позлатен демек подобар е ама исто е и со него..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom