Помош, проблеми, прашања, совети...

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Можам некако да го земам директ од дилер, по дилерска цена, така некако, и баш тој, поточно овој модел WD1002FAEX
Тоа е новата Блек серија, малце се побрзи од старата, нема да згрешиш брзи дискови поготово за boot up и лоудинг/стартување на апликации и програми.
 
Член од
2 јуни 2006
Мислења
86
Поени од реакции
1
Сакам да приклучам екстерен SATA 2.5 хард-диск интерно. Најдов SATA кабли, ме интересира само да не случајно ми направи некои проблеми тоа што приклучувам 2.5 на десктоп компјутер?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Сакам да приклучам екстерен SATA 2.5 хард-диск интерно. Најдов SATA кабли, ме интересира само да не случајно ми направи некои проблеми тоа што приклучувам 2.5 на десктоп компјутер?
Не, само обавезно исклучи го прво компјутерот :)
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
ГРИН НИКАКО!

Барам јаки перформанси, брзина, стабилност, да корне! За тоа ми е :)
Јас би одел исклучиво со Samsung F3 или F4.

Инаку рачунај си, ако земеш WD диск, неможеш раид да си направиш, ако некад ти затреба.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Јас би одел исклучиво со Samsung F3 или F4.

Инаку рачунај си, ако земеш WD диск, неможеш раид да си направиш, ако некад ти затреба.
До сега не ми затребало нешто посебно да правам RAID, ама не е проблем тоа.
Кај ги има овие самсунг? Цена, нешто?

И зашто баш F3 или F4?
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
До сега не ми затребало нешто посебно да правам RAID, ама не е проблем тоа.
Кај ги има овие самсунг? Цена, нешто?

И зашто баш F3 или F4?
WD 1TB 64MB, SATAIII, 7200 CAVIAR Black WD1002FAEX го имаш 5200 ден малопродажна во мебиус, нешто поефтино дилерски.

јас пред пола год го земав претходниот сата2 модел и сум презадоволен, екстра тивок, брз, ниски температури итн. и се мислев меѓу него и Samsung Spinpoint F3 103 SJ кој беше 800 ден поефтин а во перформанси исто, дури и за 5% побрз од WD-то.
чекај сега Psyside ќе земе F3-ки па ќе каже како е задоволен :)

а и запамти ги точно моделите, пошто нашиве фирми може да ти бутнат F3 green на 5400 вртежи, моделот е ептен сличен F3 105 SI
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
WD 1TB 64MB, SATAIII, 7200 CAVIAR Black WD1002FAEX го имаш 5200 ден малопродажна во мебиус, нешто поефтино дилерски.

јас пред пола год го земав претходниот сата2 модел и сум презадоволен, екстра тивок, брз, ниски температури итн. и се мислев меѓу него и Samsung Spinpoint F3 103 SJ кој беше 800 ден поефтин а во перформанси исто, дури и за 5% побрз од WD-то.
чекај сега Psyside ќе земе F3-ки па ќе каже како е задоволен :)

а и запамти ги точно моделите, пошто нашиве фирми може да ти бутнат F3 green на 5400 вртежи, моделот е ептен сличен F3 105 SI
Готово, идната недела го зимам WD1002FAEX, баш тој, ни грин ни бутур, за 5000 ден. :)
А самсунгот не го најдов нигде, тој F3.

А самсунгот е поефтин зашто не пишува WD на него :)
 
shifty

En Taro Adun, Executor!
Член од
31 август 2009
Мислења
269
Поени од реакции
25
4286 SAMSUNG HDD SAMSUNG 1TB SATA2 32MB 1TB SATA2, 7200rpm, 32MB PMR Spinpoint F3 Series 3.838 ден.

не пишува дали е HD103SJ но јави се и прашај Тел: +389 2462 462 / 2400 451 / 2400 450 @ Vortex
претпоставувам дека е тој, барем јас од таму ги купив моиве дискови (само малку поскапо од моменталната цена :( ).
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
4286 SAMSUNG HDD SAMSUNG 1TB SATA2 32MB 1TB SATA2, 7200rpm, 32MB PMR Spinpoint F3 Series 3.838 ден.

не пишува дали е HD103SJ но јави се и прашај Тел: +389 2462 462 / 2400 451 / 2400 450 @ Vortex
претпоставувам дека е тој, барем јас од таму ги купив моиве дискови (само малку поскапо од моменталната цена :( ).
Фала за предлогот, тоа ми требаше, уште една продавница за да имам повеќе избор и по се изгледа дека ќе го земам овој F3, некои 1300 ден. поевтино ќе ме фати
од WD Caviar Black WD1002FAEX a во перформанси се тука некаде двата хард дискови...

Инаку SAMSUNG F3 од ценовникот на Vortex е баш тој модел т.е. HD103SJ
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.259
за вакво нешто
WD 1TB 64MB, SATAIII
дали има врска матичната дали поддржува сата 2 или сата 3 (ако постои разлика во кабелот за овие две генерации) и дали е исплатливо "мешање" на сата 2 и сата 3 дискови? Дали има удел во перформансите како на пример кај рамот на различни фреквенции?
И второ што ме интересира -што во брзината на ХД игра позначајна улога? кешот, брзината на вртежи/минута или протокот (сата 2, сата 3)

И уште едно кое никако да го сфатам - дискови 2.5'' дискови 3.5'' се мисли на инчи? и дали мене тоа нешто ми е потребно при избор на диск или едните типови постојат теоретски и ретко во малопродажба?

Пред да го видам горниот муабет, дисковите ги земав само по големина, не обрнував внимание на спецификации, но дефинитивно гледам дека и ради нив може да се јави тесно грло, сецкање, ограничување на перформанси.
 
Сата 3 а и сата 6 ќе работат на матична што има сата 2, само (нормално) ќе работат на брзина на сата 2 што е блиску до иста со брзината на сата 3).

За брзината... сите фактори :) само што некои не се толку многу приметни а и зависи што правиш со хардовите т.е. за што ги користиш.
Гледај RPM брзината да е што поголема, кешот да не е помал од 16 МВ.

(внатрешни) 3.5 дискови се за РС а (внатрешни) 2.5 дискови се за лаптопи. Со конвертори/кабли можеш и 2.5 да ставиш во РС.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.259
Ги користам за двд филмови (евентуално хд и бр 1080 рип) и (графички позахтевни Fallout, oblivion) игри, најверојатно рпм-от овде игра побитна улога. За графички обработки и рендери не ги користам (ваљда таму кешот е битен...ова по логика и нагаѓање :) ).

Кратко, но јасно и темелно објаснување при набавка на диск....фала.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ги користам за двд филмови (евентуално хд и бр 1080 рип) и (графички позахтевни Fallout, oblivion) игри, најверојатно рпм-от овде игра побитна улога. За графички обработки и рендери не ги користам (ваљда таму кешот е битен...ова по логика и нагаѓање :) ).

Кратко, но јасно и темелно објаснување при набавка на диск....фала.
Maксималните можности на Сата 2 т.е. максималниот трансфер на мб/с сеуште не е надминат, кога се работи за механички дискови. Така да дали е сата 2 или сата 3 воопшто нема врска, т.е. сега за сега тоа е само една финта на компаниите да изнудат повеќе пари. Друго, за лоудинг на игри најмногу улога игра acces & seek time и се разбира I/O патерните, т.е. времето потребно на хардот да ја прими, и прати иформацијата до изворот од кој ја зима, во твојот случај комуникацијата на хардот со оперативниот систем и инсталицијата на играта, во оваа категорија како и сите други шампиони се SSD дисковите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.259
Според ова правопропорционално на access time (но и не мора да значи, можеби зависи и од електрониката на самиот диск и од други елементи) донекаде би биле вртежите во минута? А на прием на податоците, т.е. проток најверојатно ата/сата (1 или 3 гигабита). Тогаш што е она што влегува во кешот, дали најпристапувани податоци, графика, длл-ови... кешот ми е мистерија.

Поврзано со дисковите се прашувам каде овде стои по квалитет скази интерфејс (подобар или полош од сата интерфејсот) пошто имавме скази дискови, знам дека се изгор скапи, а зошто...не ми беше баш јасно. Дали сеуште е присутен скази контролерот или е запоставен?

--- надополнето ---

во оваа категорија како и сите други шампиони се SSD дисковите.
ССД ги има кај нас?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom