shifty
En Taro Adun, Executor!
- Член од
- 31 август 2009
- Мислења
- 269
- Поени од реакции
- 25
Проблемот е тоа што ги земаш во предвид компонентите кои не се на лагер ... и двете плочи кои ги наведе се солидни плочи но одамна се out of stocк и пред се компонентите се од различни дуќани. Доколку на дечково погоре не му е проблем да купи од неколку продавници може да се направи нешто подобра конфигурација. Проблемот кај нас е доколку сакаш да купиш одредена конфигурација ретко да ги има сите компоненти на лагер... дури и да има доколку планираш да купиш најпаметно е да се јавиш на местото на кое планираш да купиш и да направиш резервација (доколку компонентот го има на лагер). Што се однесува до дисковите WD5000AAKS (понизок response time, нешто пониски температури, потивок итн.) е нешто посолиден диск од HDS721050CLA362 ценовната разлика не е голема (исто така ги погледнав и новите цени на 502HJ - 2.706ден. @ Vortex, дискот е подобар од претходниве двa и е можеби најдобар диск до 500GB кој што може да се најде кај нас). WD5000AAKS го имаше на лагер во Anhoch едно време но тие залихи се одамна потрошени, така да доколку зема од Anhoch останува со HDS721050CLA362 што и не е којзнае колкав downside, но препораката би останала на место HDS721050CLA362<WD5000AAKS<502HJ. Што се однесува до брендовите, доколку се поефтини од останатите не значи дека немаат солидни продукти, доколку погледнеш малку подобро изведбата на плочата која ја наведов е прилично добра, можеби малку прескапа за тоа што го нуди но единствената која би ја препорачал од понудените плочи во Anhoch за оваа конфигурација погоре (доколку имаше поголем избор претпоставувам дека ќе барав поевтина плоча соодветна за истава конфигурација).