- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.885
- Поени од реакции
- 12.420
За гледање филм на standalone двд плеер имаш 3 опции.Ме интересира како да изрежам филм на двд цд? Немам никогаш до сега режано.
Филмот е .avi формат, треба да го конвентирам нешто (ако да како) и после во Nero ако може некој да објасни кај да го ставам филмот пошто за DVD Video гледам има 2 фолдери. Кој ке биде љубезен да објасни? :smir:
1. Ако ти поддржува плеерот (не на пц-то, туку самостојниот двд-плеер) преводи во срт формат.
Ќе го нарежеш филмот со исто име како и преводот, без директориуми. На пример Wanted.avi (филмот) и Wanted.srt (преводот).
2. Ако не ти поддржува плеерот (а и да ти поддржува, секогаш мора да подесуваш кодна страна кирилица, латиница) превод.
Има еден програм Ultra dvd joiner со кој се лепи преводот на ави филмот. После "лепењето" било каде да го пуштиш ќе имаш превод.
3. Трето решение би било двд-формат. За конвертирање во двд формат ти треба програмот ConvertXtoDvd. Со него додаваш превод на ави и ти го конвертира во двд како она што го кажа, со 2 фолдери (Audio_TS и Video_TS). Можеш на пример неколку епизоди (2-3) од серии да направиш на едно двд, со одредено мени по твоја желба. Можеш да експериментираш пред да режеш.
Предност на првото баш и нема. Едино не ти треба програм за конверзија, само Неро за режење.
Предност на второто е што имаш можност да ставиш повеќе филмови на еден двд диск (3-6, зависно од резолуција, аудио квалитет).
Предност на третото решение е што ќе имаш мени, изглед на вистинско двд и доста подобар квалитет за разлика од второто решение (што зависи од квалитетот на ави филмот, односно изворот).
Јас користам второто решение за обични хорори, комедии и слично, а за филмови кои ми се омилени (Fast & furious, Dark Knight) користам двд конверзија. Но вака се збира само еден филм и 2-3 епизоди на пример од Лост.
Во последно време излегоа многу blurayrip и hdrip снимки. Тие се сите со 5.1 звук, многу повисока резолуција и ФПС (фрејмови во секунда) и секако далеку со поквалитетна слика. Овие ги користам најчесто за двд конверзија.
Сигурно има и други начини, но јас овие ги користам и фино ми легнаа.
Бирај. Ако ти требаат програмите кажи. Во моментов на пример лепам превод на филмот Подарок Сталину.