Од овие три понудени избори би одбрал Ауди...не заради тоа шо е поарен од другиве два понудени автомобили ( тука се негде сите со мали нијанси ) , туку заради тоа шо BMW и Mercedes имаат заден погон...никогаш сум нејкел коли со заден погон...а поготово за овде во државичево наше не е препорачливо кола со заден погон...поготово ова важи во зима...сите многу добро знаеме колку "ажурно" и навремено кај нас се чистат улиците и коловозите од снег...ќе посочам само еден пример од многуте шо сум ги видел...пред околу 10 години одев со другари до Битола ( иначе од Прилеп сум )...околу 1 сат пред да тргниме за Битола почна обилно да паѓа снег ( декември мислем беше )...кога тргнавме видовме дека патот до Битола е покриен со снег ( ете ја ажурноста на нашиве служби ) , но продолживме накај Битола...бевме со Застава 101 и возевме со 45-50 на сат ( не можеше побрзо заради снегот )...по патот видовме неколку Мечки и БМВ-иња застани ( паркирани ) покрај патот бидејќи не можеа да продолжат со возење ( заради задниот погон на тркала ) , а сите други коли се движеа ( дури и Фичовци стари по 20 години )....хе хе хе...ова е само еден од многуте вакви примери шо лично сум ги видел...малку ја затупив со постов ама сакав само да посочам колку е лошо да имаш кола со погон на задни тркала овде кај нас