Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Нема проблем, еве и за двете работи нека е одговорен бог, и за упех и за неуспех- и за добро и за лошо:
Прашај го просјакот што смрзнал под мост каде е неговиот бог?
Прашај го детето со тумор на мозок каде е неговиот бог?
Прашај ја мајката што изгубила 3 деца во војна каде е нејзиниот бог?
Прашај ги илјадниците жртви од цунами каде е нивниот бог?
Прашај ги слепите/глувите/немите каде е нивниот бог?
...

Мене би ми било срам да верувам во таков бог... бог кој иако е семоќен- допушта на земјата да се случуваат катастрофи, неправди, човечки деградации.
И немојте да ја продавате таа приказна дека бог тие работи ги прави со некоја цел, го става човекот во искушение... зошто тогаш бог е мнооооогуууу негативен тип.
Слободно погледни кои се најсилните и најправедните и најразвиените држави во светот, и погледни ја нивната религиозна определеност и се ќе ти биде јасно. Бог е кочница на прогресот, бог е измислен како добра идеја но со лоша намена, бог е целосна противност на се она кое би требало да го правиме за да бидеме безгрешни.
Зошто за се што не чини, што не ни се допаѓа го обвинуваме Бог?
Па Бог на почетокот за нас создаде една прекрасна Планета со сите услови и погодности за добар живот! За секој, а не за едни за други не.
И кој ни е виновен што ние постојано ги упропастуваме нештата, па и замата наша Планета и не се гричиме за неа, ја експлотираме и загадуваме што ни се врака како наша штета?! И што за се Бог виновен!
Еве еден пример
Во нашиот град направиа пред една година многу убав парк, со зеленило, цвеќиња, клупи убави за седење,канти за отпадок, неколку фонтани... Сите бевме среќни за новиот парк и уживавме да шетаме, многу луѓе доаѓаа таму. ЈАс со моето семејство често шетав и уживав во се што беште направено... Но, фати ладно време и не одевме некој период во новиот парк.
Кога пак се стопли отидовме со децата да прошетаме. И паркот сега беше во ужасна состојба- кантите за отпадок искршени, еј искорнати од корен, како успејаа се чудам, клупите извалкани, искршени, тревата испогазена и полна со отпадок, цвеќиња немаше, фонтаните полни со отпадок и затнати... насекаде имаше срчи, конзерви, кесиња... беше веќе не само не убаво за очи но и опасно за децата посебно...
И сега кој е виновен што убавиот парк стана опасен? Тие што го направија? Што зар тие требаше да стават војници со пушки и да пукаат ако некој се обиде да го уништи? Самите сме си криви, луѓето. што не знаеме да ги чуваме нештата.
Исто е и со светот вокој живееме! Не е Бог виновен што е онаков како што е опасен, но човекот!
Ете ќе напишам мој одговор на твоите реторички прашања

Прашај го просјакот што смрзнал под мост каде е неговиот бог?
-
Зошто е Бог виновен за смрзнатиот просјак? Зошто не го обвиниш општеството кое не знае да ги распредели сретсвата рамномерно та некој има 1000 пати повеќе од она што му треба, а друг нема ништо! Или, можеби е виновен самиот си?! Од кај знаеш можеби имал што му треба, но испил, прокоцкал...? Не знаеш, нели! Има и такви случаеви мнооогу! И зошто кај е неговиот бог!? Ако е вториот случај, тогаш самиот си бил бог!
Прашај го детето со тумор на мозок каде е неговиот бог?
- Навистина е жално што многу пати децата страдаат за гревот од нивните родители, дедовци, баби, прадедовци и не здравиот живот! Се е последица од гревот! Не велам, зашто, мајка му лачела, татко му се степал со некој, дедо му поместил некоја меѓа...Но, зашто најверојатно некој од неговите, мајка, татко, баба, дедо, пра дедо, пра баба... се пијанчеле, дрогирале и правеле други лудости...
Каде е неговиот Бог? Тука е! Ќе си го земе во Неговите прегратки на сигурно!
Прашај ја мајката што изгубила 3 деца во војна каде е нејзиниот бог?
- Не и ги убил Бог! Ги убил некој човек! Зар Бог е виновен за војните кои ние ги правиме?!
Прашај ги илјадниците жртви од цунами каде е нивниот бог?
- Цунами! Пак Бог не го пуштил цунами. Таквите нешта настануваат пак поради наша вина, што ја упропастивме и целата атмосфера...
Прашај ги слепите/глувите/немите каде е нивниот бог?

- Пак причините се исти!

Ако ја бараме вината за нештата, подобро наместо да гледаме кон Бог да погледнеме во себе!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Постоењето на зло и страдање не може да биде никаков доказ за непостоење на Бог. Повеќе од јасно е дека Бог одсекогаш знаел за се, и допуштил се што било и ќе биде: впрочем, тука е тајната Божја и величието Негово.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Арно рекол Ајнштајн - Злото не постои, тоа е само место каде што Бог сеуште не допрел. Сепак мислам дека не постои Бог, се е мајка природа..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нема проблем, еве и за двете работи нека е одговорен бог, и за успех и за неуспех- и за добро и за лошо:
Бог не е одговорен за лошото и за неуспехот. Бог ни дал слободна воља, а слободната воља автоматски вклучува и лична одговорност. Да не беше создал Бог нас како роботи, тогаш ќе можевме да ја бараме одговорноста за нашиот неуспех кај Него, но бидејќи не создаде со слобода на избор, одговорноста е кај нас - луѓето.

Прашај ја мајката што изгубила 3 деца во војна каде е нејзиниот бог?
Познавам родители што изгубиле цели семејства, а сепак нивниот Бог е таму каде што Му е местото: во центарот на нивните животи, волан и сугирна котва среде бурниот живот.
Само за пример ќе ти ја посочам мајката чија ќерка беше убиена во гимназијата заради нејзината вера во Христос. Потоа таа мајка горда на својата ќерка ја пишува книгата "She said yes" која е преведена и на македонски јазик "Да рече таа".

http://www.amazon.com/She-Said-Yes-Unlikely-Martyrdom/dp/0874869870

Прашај ги илјадниците жртви од цунами каде е нивниот бог?
На небото. После таа трагедија забележан е раст на црквите во Индонезија и Јапонија. Значи се случи токму обратното од она што би очекувале атеистите: наместо трагедијата да ги одврати луѓето од Бог, таа ги привлече луѓете од Бог затоа што илјадници христијански цркви и организации братски се солидаризираа со настраданите таму и им помогнаа во згрижувањето, обнорувањето на нивните домови и финансиската помош. Луѓето имаа прилика одблиску да ја видат кревкоста и краткотраноста на овоземниот живот и потребата за помирување со Бог и обезбедувањето на вечниот живот.

Прашај ги слепите/глувите/немите каде е нивниот бог?
Имам пријатели кои што безразлика што имаат некаков инвалидитет (пр. слепи и глувонеми), живиот Бог им е во срцето. Еве ти еден пример за еден човек (србин, Ник Вујичиќ) кој што нема ни раце ни нозе, а сепак е еден од најревносните проповедници на Христос:

http://www.lifewithoutlimbs.org/

Еве ти еден линк каде што можеш да го видиш како проповеда без раце и без нозе :)


Откако ќе го изгледаш клипчево (се разбира доколку имаш трпение), одговори ми сега ти, каде е неговиот Бог?

Прашај го детето со тумор на мозок каде е неговиот бог?
Воведниот коментар на оваа тема нејзиниот основач го напиша во времето кога тој имаше тумор, во периодот кога беше на средина од циклусот хемотерапии, меѓу двете операции. Епа прочитај го воведниот коментар на темава и одговори ми: Каде бил, каде беше и каде е неговиот Бог сега?
Или пак прашај ме мене, со задоволство ќе ти кажам :)
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Бог не е одговорен за лошото
Одговорен ли е за болести, природни катастрофи... ?
После таа трагедија забележан е раст на црквите во Индонезија и Јапонија. Значи се случи токму обратното од она што би очекувале атеистите
Мислам дека атеистите обратно мислат. Баш кога луѓето се очајни, несреќни, мизерни, необразовани религијата брзо се шири. Најлесно е да се прелаже необразован и очаен човек.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?
Епа за да има со што да ги плашат луѓето поповите оџите и остали фаци.Ете затоа.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Бог не е одговорен за лошото и за неуспехот. Бог ни дал слободна воља, а слободната воља автоматски вклучува и лична одговорност. Да не беше создал Бог нас како роботи, тогаш ќе можевме да ја бараме одговорноста за нашиот неуспех кај Него, но бидејќи не создаде со слобода на избор, одговорноста е кај нас - луѓето.
Слободна воља? Како робовите во Египет? Како црнците во Америка? Како Конкубините и Евнусите во Султанатот? Каква е таа слободна воља кога со самото раѓање се стекнувало статус на господар или потчинет?
И како тоа не е одговорен за лошото? А истовремено е одговорен за доброто?
Албер Ками своевремено запишал:
Да се знае дали некој човек е слободен, бара да се знае дали тој може да има господар. Посебната апсурдност на тој проблем доаѓа оттаму што самиот поим кој го овозможува проблемотна слободата и истовремено му ја одзема целата негова смисла, бидејќи пред Господ помалку е присутен проблемот на слободата отколку проблемот на злото. Позната е алтернативата: или ние не сме слободни, а семоќниот господ за тоа е одговорен, или ние сме слободни и одговорни, но тогаш Господ не е семоќен. Сите училишни ситничења не и додале ништо ниту пак и одзеле на острицата на тој парадокс.

Познавам родители што изгубиле цели семејства, а сепак нивниот Бог е таму каде што Му е местото: во центарот на нивните животи, волан и сугирна котва среде бурниот живот.
Јас пак познавам доста родители, мајки, сопруги, татковци кои по некоја семејна катастрофа "расчистиле" со бог.


На небото. После таа трагедија забележан е раст на црквите во Индонезија и Јапонија. Значи се случи токму обратното од она што би очекувале атеистите: наместо трагедијата да ги одврати луѓето од Бог, таа ги привлече луѓете од Бог затоа што илјадници христијански цркви и организации братски се солидаризираа со настраданите таму и им помогнаа во згрижувањето, обнорувањето на нивните домови и финансиската помош. Луѓето имаа прилика одблиску да ја видат кревкоста и краткотраноста на овоземниот живот и потребата за помирување со Бог и обезбедувањето на вечниот живот.
Подобро да не почнувам да зборам за црквата... ај за бог некако ќе збориме, али за црквата, те молам... немој. Ако си прав верник тогаш грев е да ја спомнуваш црквата и бог во иста реченица... црквата направила поголемо зло на светот од сите војни и природни катастрофи во историјата собрани заедно.


Имам пријатели кои што безразлика што имаат некаков инвалидитет (пр. слепи и глувонеми), живиот Бог им е во срцето. Еве ти еден пример за еден човек (србин, Ник Вујичиќ) кој што нема ни раце ни нозе, а сепак е еден од најревносните проповедници на Христос:
Зошто бог ги створил со инвалидитет? Зошто не им пружил еднаква шанса како и сите останати луѓе на планетата? Тоа е прашањето... а не дали тие се верници или не се. Верувањето во нешто кое неможе да се докаже не е рационален избор туку, за жал, емотивен.

Зошто за се што не чини, што не ни се допаѓа го обвинуваме Бог?
Па Бог на почетокот за нас создаде една прекрасна Планета со сите услови и погодности за добар живот! За секој, а не за едни за други не.
А зошто пак за се што чини или за доброто што се прави го величаме бог? Зошто за секоја позитивна работа на светот верниците велат ова е божјо дело, ова е божја милост, ова е подарок од бога?

Бог создал планета земја, и го уништил целиот живот на неа пред 65 милиони години... или не?


Прашај го детето со тумор на мозок каде е неговиот бог?
- Навистина е жално што многу пати децата страдаат за гревот од нивните родители, дедовци, баби, прадедовци и не здравиот живот! Се е последица од гревот! Не велам, зашто, мајка му лачела, татко му се степал со некој, дедо му поместил некоја меѓа...Но, зашто најверојатно некој од неговите, мајка, татко, баба, дедо, пра дедо, пра баба... се пијанчеле, дрогирале и правеле други лудости...
Каде е неговиот Бог? Тука е! Ќе си го земе во Неговите прегратки на сигурно!
Ха, Ха, Ха... значи бог го казнува за делата на неговите предци (иако тој лично е сосема невин), ама сепак на крај ќе го земе во прегратка... значи бог не простува... ама пак е добар (како беше она со другиот образ или со камењата и погачата)? А што е со оние чии татковци и мајки тепале, поместиле меѓи и правеле илјадници гревови а нивните деца живеат раскошно, безгрижно на "висока нога" кои и кога ќе добиат тумор ќе имаат пари да се оперираат и да се спасат? (или можеби ќе негираш дека постојат такви? или повторно ќе влезеш во хипотетичко нагаѓање каде ќе удри бог кај нив?)

Прашај ја мајката што изгубила 3 деца во војна каде е нејзиниот бог?
- Не и ги убил Бог! Ги убил некој човек! Зар Бог е виновен за војните кои ние ги правиме?!
Многу војни се воделе во име на бог!

Прашај ги илјадниците жртви од цунами каде е нивниот бог?
- Цунами! Пак Бог не го пуштил цунами. Таквите нешта настануваат пак поради наша вина, што ја упропастивме и целата атмосфера...
Ај немој да тресеш зелени сега... природни катастрофи имало од секогаш, 99% од нив немаат врска со човечка вина... луѓе/животински свет и пред милиони години умирале од поплави, громови, вулкански ерупции, земјотреси... за нив сигурно не бил виновен човекот... тогаш кој е виновен? Земјата е направена со фабричка мана? Бог казнува?


Ако ја бараме вината за нештата, подобро наместо да гледаме кон Бог да погледнеме во себе!
Потполно се слагам со тебе! Апсолутно... чекај... нели ти веруваше во Бог?


Точно така, ако нема Бог и ако целиот овој свет е само една случајна рекомбинација на материјата, тогаш терминот "зло" е фиктивна/имагинарна категорија.
Ако не постои Бог, тогаш смртта и убиството се само дел од природната селекција, дел од животинскиот синџир, борба за опстанок на својот вид (народ, семејство). Ако нема Бог, болеста е само една посебна состојба на организмот. Штетните бактерии, вирусите, сидата итн не се наши непијатели, туку се само дел од синџирот на исхрана. Нема духовни категории. Се е материја, енергија.
Солзите се само солена вода, продукт на хемиски реакции предизвикани од некакви си таканаречени "емоции" итн.
Токму така!


Ако постои Професор, зошто дозволи да паднам на испит?
Глупав е примерот, па глупаво ќе одговорам: Професорот не е семоќен, не знае и не гледа се и не одлучува директно за твојата "судбина" (го мразам зборот/поимот судбина)

Последниве две причини мене ми изгледаат многу пологични отколку онаа првата "нема Бог". Дури и да не постои трета причина, човекот, со помош на научниот метод, никогаш не би дознал која од тие две е вистинина. Но тоа може да го дознае по принципот на откровение т.е. ако Бог му објави.

Како христијанин, јас сум убеден дека Бог ни се објавил преку Библијата и оттаму ќе се обидам да го измолкнам и одговорот на ова толку предизвикувачко прашање.
Дека Бог постои и дека Тој е добар/љубов се библиски аксиоми и одма ги исклучуваат првите 2 претпоставени причини кои ги наведовме (дека Бог не постои и дека Бог е лош). И сега ако ги прочитаме барем првите 2-3 поглавја од Библјиата, веданш заклучуваме дека:
Господ во библијата исто така објавил дека потекнуваме од адам и ева, па со помош на научни методи ова тврдење е отфрлено како невозможно и неточно, господ во библијата објавил дека светот го направил за 6 дена (вклучително и животинскиот свет) па денес знаеме дека тоа не е така.


1. Нашата слободна воља

Бог не го создал човекот робот. Бог му дал/доверил на човекот слобода на избор и не му се меша во истиот. За жал човекот ја злоупотреби својата слободна воља уште во Едемската градина, кога го направи катастрофалниот историски избор кажувајќи му НЕ на Бог, Да на Сатанта, согласувајќи се со Сатаната кој Го обвини Бог за лажливец, искажувајќи непослушност кон Бог, сакајќи да се изедначи со Него, извршувајќи самоубиство на себе и своето поколение.
Бог не е натрапник и присилно не му се наметнува на човекот како суверен владетел, туку чека човекот сам, со својата слободна воља да Му го признае Неговиот Суверенитет и да му го отстапи местото на престолот за едно ко-владеење со Земјата, за која ние самите се покажавме како неуспешни владетели.
Ти навистина веруваш во оваа приказна дека е вистинска? Или дека е само една басна-метафора за поука?



Бог може во еден момент да ги уништи сите луѓе, и го има тоа право, бидејќи сите ние имаме грев и заслужуваме казна. Но Тој не ја сака смртта на грешникот, Библијата вели:
Повторно една условеност без последица која може да се докаже. Биди добар, живеј некој 75-80 години и ќе одиш во рајот после твојата смрт, биди лош пак ќе живееш некој 75-80 години и ќе одиш во пеколот... во меѓувреме господ може да те уништи но тој не сака смрт за грешникот, ќе те казни одпосле. (зошто тогаш не ги зема порано во рајот добрите луѓе?)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Абе сте ја гледале ли рекламата со Ајнштајн што му кажува на наставникот, е за тоа!
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Абе сте ја гледале ли рекламата со Ајнштајн што му кажува на наставникот, е за тоа!
Рекламата (како реклама за образованието) е невкусна... а во суштина е чиста глупост... се си има своја спротивност... така да е глупаво да ја припишуваш на бог истата... и второ: Ајнштајн никогаш тоа не го рекол!


http://www.truthorfiction.com/rumors/e/einstein-god.htm
 

debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Ха, Ха, Ха... значи бог го казнува за делата на неговите предци (иако тој лично е сосема невин), ама сепак на крај ќе го земе во прегратка... значи бог не простува... ама пак е добар (како беше она со другиот образ или со камењата и погачата)? А што е со оние чии татковци и мајки тепале, поместиле меѓи и правеле илјадници гревови а нивните деца живеат раскошно, безгрижно на "висока нога" кои и кога ќе добиат тумор ќе имаат пари да се оперираат и да се спасат? (или можеби ќе негираш дека постојат такви? или повторно ќе влезеш во хипотетичко нагаѓање каде ќе удри бог кај нив?)

Многу војни се воделе во име на бог!
Не читаш добро другар! Не реков го казнува за гревот на дедовците и родителите, туку е последица на нивниот грешен живот, или ај да се изразам подобро, последица на нивниот нездрав живот! Што мислиш колку е веројатноста дека едно дете ќе се роди со голем инвалитет од родители наркомани, или алкохоличари? Значи нивниот начин на живот ќе даде последица на нивните деца!
Во име на Бог? Се се тоа, само изговори демек во име на бог! А колку војни и ние денес водиме, кои никој не ги бара од нас, а може да најдеме изговор за нив!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Доброто дрво дава добар плод а лошото лош, библиски кажано, значи не дека сме слободни правиме лоши работи туку затоа што сме лоши, паднати, огревовени ( значи немаме слободна волја).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom