Ајде повторно да ти одговорам на ова прашање,за да не се правиш фраер овде:smir:
ЗОШТО ГОСПОД ГО СОЗДАЛ ЗЛОТО
Пријателот продолжи понатаму:
Како можете да зборувате дека вашиот Господ е совршен, милозлив, благороден, благ, а ги создал сите зла на светот: болеста, земјотресот, староста, смрта, вулканот, заразни клици, отров, суша, студ, рак кој не ги поштедува ни старите ни децата. Ако е Бог љубов, убавина и добро, како тогаш ги создал омразата, грдотијата и злото!?
Проблемот кој го покренува прашањето на пријателот е еден од основните во филизофијата, чие размислување пак ги поделило разните школи и мислења. На него одговараме: Бог е милозлив и добар. Тој не наредил да се прави зло, но од мудрост не го ни оневозможил:
„Навистина Аллах не ви наредува да правите срамни дела. Зар на Гопспод ќе му го кажете она што не го знаете? Кажи: Мојот Господар ми наредил добри и праведни дела...” (Ел-Еараф, 28).
Бог наредува само правда, љубови, добродетелство, опрост и она што е добро, и се задоволува само со убавото и пријатното. Но, зошто тогаш му дозволил на насилникот да врши насилство, убиецот да убива, крадецот да краде..? Затоа што Тој не сакал слободни. А слободата претпоставува можност за грешење, инаку тоа не би била слобода. Слободен е изборот помеѓу непослушноста и послушноста.
Во моќта на Аллах џ.ш. била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот.
По вољата и мудроста на Господ слободата со болката е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.
Правилното и објективно гледање ни открива дека доброто во целокупното свое постоење е принцип, а злото е исклучок. Здравјето е основа, а болеста е исклучок. Ние поголемиот дел од својот живот го поминуваме во здравје. Болеста ретко не посетува. Така е и со земјотресот кој изнесува само неколку минути во животот на земјата долг со милиони години. Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир.
Практично, се има своја добра страна. Болеста поттикнува на чување на здравјето, болката е извор на цврстината, упорноста и спремноста на жртва. Земјотресите се воздишки ослободување на внатрешниот притисок на земјата, кој ја заштитува нејзината кора од експлозија. Вулканите исфрлаат скриени рудни богатсва и покриена површина на земјата со плодна лавеа. Војните ги поврзуваат народите.
Од ова синџирно поврзување настанале и Обединетите Нации и Советот за Безбедност како две најголеми светски инстанци, кои ги решаваат меѓународните конфликти. Пеницилонот, атомот, авионите, ракетите се пронајдени благодарејќи на војните. Отровот на змијата го содржи најефикасниот противотров. Од микробите се прават вакцини. Местата на кои што сме сега не би ни припаѓале ако нашите дедовци беа живи. Злото во вселената е како сенка на сликата: ако и се приближиш ти се чини дека е надостаток на сликата и грешка, но ако сликата ја гледаш од вистинска оддалечност ќе откриеш дека тоа е неопходно и дека сенката има првокласна задача во естетското обликување на сликата.
Дали ќе знаевме што е здравјето да не е болеста? Убавото го распознаваме благодарејќи му на грдото, природната положба благодарејќи на неприродната...Во оваа смисла се и зборовите на големиот Газалија: „Непотполноста на веселената е нејзината потполност, како што е искривеноста на лакот неговата исправност, бидејќи во спротивно не ќе можеше да ја исфрли стрелата.”
Продолжува: