До Чорбаџија,
Бог ни дал слобода, пред се живот, на кого сите ние треба да му бидеме благодарни. Бог не створил убиства, болести.. тоа е ѓаволот, самите ние, ние сме тие кој треба да клекнеме пред бога и да се покаеме за се`, за сево ова безредие, хаос!
Јас, лично, чуствувам потреба да му се помолам можеби не секој, но секој втор ден на Бог, пред се да ми ги прости сите гревови, а потоа да се помолам за здравјето на моите, брат ми и моето и на сите оние кои ме опкружуваат, сите непријатели и пријатели. Тоа е мојот живот, но се разбира, без никакви предрасуди за "другите". Сите ние живееме во различни услови, семејства.. со различни навики и различен свет. Отидов малку надвор од темата, но сакав воедно да си го искажам моето видување за "мојот" свет.
Мојот заклучок од сето ова е дека, Бог ни го дава потребниот алат, а ние го правиме патот, некој со дупки, а некој толку убав и прав..