Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто има толку болка на светов?
Зошто умре мама?
Зошто има земјотреси? Поплави?
Зошто ракот не ги промашува ни децата?
Зошто војни, тероризам?
Реални ли се вестиве? Што се случува со светов?
Каде е Бог во сето ова?
КАДЕ Е БОГ?!!


Тешко му на оној кој на своја кожа го осетил трнот на горниве прашања. Речиси и нема човек кој не си ги поставил овие прашања. Но една е нивната интонација кога дознаваме за некоја трагедија од медиумите, а друга е кога таа трагедија ги поткачува нашите соседи, нашето семејство или пак нас самите. Тогаш се подигаат насолзените очи кон небото и со огнен поглед му упатуваат прашање на Бог: ЗОШТО?!!

Во интересен на времето, а и за воведот на оваа тема да не биде предолг, ќе направам синтеза на горните прашања во едно прашање и се надевам дека, доколку оваа тема се разгори, ќе ги досегнеме сите прашања одделно и подетално. Значи сума сумарум, го подигнувам прашањето:

Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Мислам дека ова е најпоставуваното прашање што човекот си го поставувал низ целата историја. Или можеби грешам. Но не грешам сигурно ако речам дека ова е најпоставуваното прашање што атеистите им го поставуваат на теистите, притоа изнесувајќи го како атеистички аргумент.
Но како што ќе видиме сега, има најмалку 2 добри причини зошто ова прашање не се квалификува како аргумент против Божјото постоење.

1. Ако нема Бог, нема ни зло.

Точно така, ако нема Бог и ако целиот овој свет е само една случајна рекомбинација на материјата, тогаш терминот "зло" е фиктивна/имагинарна категорија.
Ако не постои Бог, тогаш смртта и убиството се само дел од природната селекција, дел од животинскиот синџир, борба за опстанок на својот вид (народ, семејство). Ако нема Бог, болеста е само една посебна состојба на организмот. Штетните бактерии, вирусите, сидата итн не се наши непијатели, туку се само дел од синџирот на исхрана. Нема духовни категории. Се е материја, енергија.
Солзите се само солена вода, продукт на хемиски реакции предизвикани од некакви си таканаречени "емоции" итн.

2. Заклучокот не е каузално доследен.

Што значи ова? Ова значи дека доколку околу нас постои зло и страдање, од тоа не мора, по неопходност, да следи заклучокот дека Бог не постои.
За подобра илустрација, ќе конструираме еквивалентно прашање на даденото:
Ако постои Професор, зошто дозволи да паднам на испит?

Ова е аналоген атеистички (пардон апрофесорски
) аргумент во врска со постоењето на мојот Професор. Дали, бидејќи паднав на испит, јас треба да се посомневам во постоењето на мојот Професор ? Дали тоа е знак дека мојот Професор е лош? Или пак јас можеби не научив доволно?

Или пак следново прашање:
Ако постои семафор, зошто се случуваат сообраќајни несреќи?
Дали семафорот не постои? Дали тој е само слепа вера на возачите-верници? Дали семафорот не работи? Или пак можеби возачите не ги почитуваат неговите наредби?

Како што видовме постојат повеќе можни причини за една последица, било тоа да е случајот со професорот, семафорот или пак Бог. Не е во ред да избзуваме со заклучокот дека штом има зло наоколу, тогаш нема Бог.
Во краен случај може да претпоставиме дека Бог е лош и затоа предизвикува и дозволува зло и страдање меѓу луѓето.
Или пак, може да претпоставиме дека нешто друго (не Бог) го предизвикало и предизвикува злото и страдањето, а Бог не интеревенира веднаш, можеби ЗАРАДИ НЕКОЈА ПРИЧИНА.
Или пак нешто трето, четврто итн.
Последниве две причини мене ми изгледаат многу пологични отколку онаа првата "нема Бог". Дури и да не постои трета причина, човекот, со помош на научниот метод, никогаш не би дознал која од тие две е вистинина. Но тоа може да го дознае по принципот на откровение т.е. ако Бог му објави.


Како христијанин, јас сум убеден дека Бог ни се објавил преку Библијата и оттаму ќе се обидам да го измолкнам и одговорот на ова толку предизвикувачко прашање.
Дека Бог постои и дека Тој е добар/љубов се библиски аксиоми и одма ги исклучуваат првите 2 претпоставени причини кои ги наведовме (дека Бог не постои и дека Бог е лош). И сега ако ги прочитаме барем првите 2-3 поглавја од Библјиата, веданш заклучуваме дека:

Нешто друго (не Бог) го предизвикало и предизвикува злото и страдањето, а Бог не интервенира веднаш ЗАРАДИ НЕКОИ ПРИЧИНИ.

Кои се тие причини заради кои Бог го одложува нокаутот кон злото?



1. Нашата слободна воља

Бог не го создал човекот робот. Бог му дал/доверил на човекот слобода на избор и не му се меша во истиот. За жал човекот ја злоупотреби својата слободна воља уште во Едемската градина, кога го направи катастрофалниот историски избор кажувајќи му НЕ на Бог, Да на Сатанта, согласувајќи се со Сатаната кој Го обвини Бог за лажливец, искажувајќи непослушност кон Бог, сакајќи да се изедначи со Него, извршувајќи самоубиство на себе и своето поколение.
Бог не е натрапник и присилно не му се наметнува на човекот како суверен владетел, туку чека човекот сам, со својата слободна воља да Му го признае Неговиот Суверенитет и да му го отстапи местото на престолот за едно ко-владеење со Земјата, за која ние самите се покажавме како неуспешни владетели.


2. Не секое зло во нашите очи е навистина зло.

Еден од моите најомилени библиски стихови, напишан од перото на пророк Исаија, гласи вака:

"Зашто вашите мисли не се Мои мисли и Моите патишта не се ваши патишта", словото е Господово, "Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта и Моите мисли, над вашите мисли". (Исаија 55:8-9)

Овој стих ја скротува човековата гордост, сезнајност, сепредвидливост и неговото избрзување во давањето суд за Божјата интервенција во некоја згода или незгода. Овој стих не подучува дека не секогаш ќе разбереме зошто Бог постапил така и така или пак допуштил нешто да се случи на начин кој на нас (метафорично кратковиидите) можеби и не ни се допаднал, но сепак не повикува на вера и свесност дека ние сме на Земјата и гледаме од ниска, а Тој е на Небото и гледа и делува од висока перспектива.

Илустрација:
Во едно село постоело едно побожно семејство , на кое останатите селани често се подбивале. Еден ден, единствениот коњ на семејството, избегал. Селаните ги запрашале со потсмев: "Каде е сега вашиот Бог?" Но, следниот ден коњот сам се вратил и довел со себе уште пет други диви коњи. Селаните замолкнале. По неколку дена, синот на тоа семејство се качил на еден од дивите коњи, за да го припитоми, но коњот го отфрлил и тој паѓајќи, си ја скршил ногата. "Зошто Бог не го сочува?" пак им префрлиле селаните. Но, за кратко време нивната земја завојувала со друга. Синовите на сите селани биле собрани на фронтот и многумина од нив изгинале. Синот на побожното семејство не го зеле на фронтот, поради скшената нога, и така се спасил.
Тука завршува приказната, а соодветниот библискиот стих гласи вака:
"Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние, кои Го љубат Бога." (Римјаните 8:28)


3. Бог го одложува својот суд, зашто чека уште некои да се покајат и да се спасат

Можеби најглавната причина поради која Бог дозволува зло и страдање е Неговата милост и долготрпеливост кон сите нас.
Да појасниме: ние често се прашуваме зошто Бог не ги уништи сите зла и неправди. Но, што е тоа што Бог треба да го уништи, во тој случај?
Тоа сме ние луѓето. Тој треба да ја уништи нивната омраза, насилство, алчност, себичност, љубомора, нечесност.. и уште многу други работи.
Што мислиш, ако Бог утре реши да го уништи сето зло, неправда и грев на овој свет, колкумина од нас ќе останат живи? Кој е тој човек кој не направил грев во својот живот? Бог може во еден момент да ги уништи сите луѓе, и го има тоа право, бидејќи сите ние имаме грев и заслужуваме казна. Но Тој не ја сака смртта на грешникот, Библијата вели:
"Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание" (2 Петрово 3:9)

Бог е свесен дека како праведен Бог мора да го казни гревот и неправдата. Но Неговата огромна љубов кон нас луѓето не му го дозволуваше тоа. Затоа Бог, не деградирајќи ја Својата Праведнсот, ниту Својата Светост, ниту пак Својата огромна Љубов кон човекот, Божествено одлучи пресудата за човекот да ја премости од Едемската градина, на Голготскиот Крст.
Казната за нашите гревови ја презеде Божјиот Син, Исус Христос. Тој, на крстот, со Својата смрт плати за секоја неправда и грев на секој еден поединец на планетава кој ќе се покае и лично ќе ја прифати Неговата жртва.
Се ближи денот на Божјиот конечен суд. Тогаш ќе биде суден секој човек, според делата негови и ќе биде казнет за неговите недела. По тој чин, целосно ќе биде задоволена Божјата правда.
Ќе бидат помилувани само оние кои се покајале и го прифатиле Христос како нивен Спасител.
До тогаш, на земјата сеуште ќе има неправди, зло, страдање, бидејќи Бог сеуште го одложува својот суд затоа што чека уште некој да се покае, да се спаси и преку Христос да стане Негово чедо.
Библискиот чесовник вели пет до полноќ.

Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело на Пилат и за дена трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори:
"Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.
(Лука 13:2-5)
 
Член од
7 септември 2007
Мислења
99
Поени од реакции
1
леле БРАВО, супер текст.
Само сакам да додадам уште нешто.
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?
Затоа што на земјата владее ѓаволот. Но Бог не не заборавил и затоа го пратил Исус да не спаси.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Тоа е се релативно и лично гледање на состојбите, има и доста луѓе кои живеат среќно и долго, животот му поминува со саканите, економски ситуирани и здрави. На земјата нема болки и патење тие ги има во луѓето инаку како за пример, јужноамериканските племиња (кои што уште среќно си живеат како пагани во џунглите) не заболуваат од срцеви заболувања.
А она другото.. земјотреси и поплави... тоа веќе е тема за сеизмичари и метеоролози и хидролози, земјотреси “дрмаа“ еднакво и пагани и верници, чумата косеше и безбожници и религиозни и во поплави се удавија и еретици и правоверни
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
Чорбаџија жал ми е за мајка ти!!

Но како што рекоа connected i Lady... нема тука што да го мешаме господ.. сето тоа е создадено од човекот..на денешно време секој гледа да наштети и скоро сите се алчни за пари...
 
U

UnholY

Гостин
Е зошто де....тоа сите се прашуваат..многу побожни автори во своите дела пишуваат дека Бог намерно допушта зло односно ги искушува луѓето...мислам дека воа го пишуваат како некој начин на оправдание затоа што не можат да го објаснат неговото постоење
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
демек не` става во искушение, ја тестира нашата верба во Него.

а си размислил дали воопшто има? зашто тргаш од фактот-има, но дозволува зло? м?

не се фрлајте одма ко кучиња за коска. не сум атеист, но не сум ни толку побожен. теологијата ми е слаба страна...
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
78
Поени од реакции
0
Епа едноставно Господ е нешто во кое се верува ама и сами знаеме дека не постои...И злото и доброто се дела на човекот...атеист сум :pipi:
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.640
Поени од реакции
16
Зошто има толку болка на светов?
Зошто умре мама?
Зошто има земјотреси? Поплави?
Зошто ракот не ги промашува ни децата?
Зошто војни, тероризам?
Реални ли се вестиве? Што се случува со светов?
Каде е Бог во сето ова?
КАДЕ Е БОГ?!!


Тешко му на оној кој на своја кожа го осетил трнот на горниве прашања. Речиси и нема човек кој не си ги поставил овие прашања. Но една е нивната интонација кога дознаваме за некоја трагедија од медиумите, а друга е кога таа трагедија ги поткачува нашите соседи, нашето семејство или пак нас самите. Тогаш се подигаат насолзените очи кон небото и со огнен поглед му упатуваат прашање на Бог: ЗОШТО?!!

Во интересен на времето, а и за воведот на оваа тема да не биде предолг, ќе направам синтеза на горните прашања во едно прашање и се надевам дека, доколку оваа тема се разгори, ќе ги досегнеме сите прашања одделно и подетално. Значи сума сумарум, го подигнувам прашањето:

Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Мислам дека ова е најпоставуваното прашање што човекот си го поставувал низ целата историја. Или можеби грешам. Но не грешам сигурно ако речам дека ова е најпоставуваното прашање што атеистите им го поставуваат на теистите, притоа изнесувајќи го како атеистички аргумент.
Но како што ќе видиме сега, има најмалку 2 добри причини зошто ова прашање не се квалификува како аргумент против Божјото постоење.

1. Ако нема Бог, нема ни зло.

Точно така, ако нема Бог и ако целиот овој свет е само една случајна рекомбинација на материјата, тогаш терминот "зло" е фиктивна/имагинарна категорија.
Ако не постои Бог, тогаш смртта и убиството се само дел од природната селекција, дел од животинскиот синџир, борба за опстанок на својот вид (народ, семејство). Ако нема Бог, болеста е само една посебна состојба на организмот. Штетните бактерии, вирусите, сидата итн не се наши непијатели, туку се само дел од синџирот на исхрана. Нема духовни категории. Се е материја, енергија.
Солзите се само солена вода, продукт на хемиски реакции предизвикани од некакви си таканаречени "емоции" итн.

2. Заклучокот не е каузално доследен.

Што значи ова? Ова значи дека доколку околу нас постои зло и страдање, од тоа не мора, по неопходност, да следи заклучокот дека Бог не постои.
За подобра илустрација, ќе конструираме еквивалентно прашање на даденото:
Ако постои Професор, зошто дозволи да паднам на испит?

Ова е аналоген атеистички (пардон апрофесорски
) аргумент во врска со постоењето на мојот Професор. Дали, бидејќи паднав на испит, јас треба да се посомневам во постоењето на мојот Професор ? Дали тоа е знак дека мојот Професор е лош? Или пак јас можеби не научив доволно?

Или пак следново прашање:
Ако постои семафор, зошто се случуваат сообраќајни несреќи?
Дали семафорот не постои? Дали тој е само слепа вера на возачите-верници? Дали семафорот не работи? Или пак можеби возачите не ги почитуваат неговите наредби?

Како што видовме постојат повеќе можни причини за една последица, било тоа да е случајот со професорот, семафорот или пак Бог. Не е во ред да избзуваме со заклучокот дека штом има зло наоколу, тогаш нема Бог.
Во краен случај може да претпоставиме дека Бог е лош и затоа предизвикува и дозволува зло и страдање меѓу луѓето.
Или пак, може да претпоставиме дека нешто друго (не Бог) го предизвикало и предизвикува злото и страдањето, а Бог не интеревенира веднаш, можеби ЗАРАДИ НЕКОЈА ПРИЧИНА.
Или пак нешто трето, четврто итн.
Последниве две причини мене ми изгледаат многу пологични отколку онаа првата "нема Бог". Дури и да не постои трета причина, човекот, со помош на научниот метод, никогаш не би дознал која од тие две е вистинина. Но тоа може да го дознае по принципот на откровение т.е. ако Бог му објави.


Како христијанин, јас сум убеден дека Бог ни се објавил преку Библијата и оттаму ќе се обидам да го измолкнам и одговорот на ова толку предизвикувачко прашање.
Дека Бог постои и дека Тој е добар/љубов се библиски аксиоми и одма ги исклучуваат првите 2 претпоставени причини кои ги наведовме (дека Бог не постои и дека Бог е лош). И сега ако ги прочитаме барем првите 2-3 поглавја од Библјиата, веданш заклучуваме дека:

Нешто друго (не Бог) го предизвикало и предизвикува злото и страдањето, а Бог не интервенира веднаш ЗАРАДИ НЕКОИ ПРИЧИНИ.

Кои се тие причини заради кои Бог го одложува нокаутот кон злото?



1. Нашата слободна воља

Бог не го создал човекот робот. Бог му дал/доверил на човекот слобода на избор и не му се меша во истиот. За жал човекот ја злоупотреби својата слободна воља уште во Едемската градина, кога го направи катастрофалниот историски избор кажувајќи му НЕ на Бог, Да на Сатанта, согласувајќи се со Сатаната кој Го обвини Бог за лажливец, искажувајќи непослушност кон Бог, сакајќи да се изедначи со Него, извршувајќи самоубиство на себе и своето поколение.
Бог не е натрапник и присилно не му се наметнува на човекот како суверен владетел, туку чека човекот сам, со својата слободна воља да Му го признае Неговиот Суверенитет и да му го отстапи местото на престолот за едно ко-владеење со Земјата, за која ние самите се покажавме како неуспешни владетели.


2. Не секое зло во нашите очи е навистина зло.

Еден од моите најомилени библиски стихови, напишан од перото на пророк Исаија, гласи вака:

"Зашто вашите мисли не се Мои мисли и Моите патишта не се ваши патишта", словото е Господово, "Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта и Моите мисли, над вашите мисли". (Исаија 55:8-9)

Овој стих ја скротува човековата гордост, сезнајност, сепредвидливост и неговото избрзување во давањето суд за Божјата интервенција во некоја згода или незгода. Овој стих не подучува дека не секогаш ќе разбереме зошто Бог постапил така и така или пак допуштил нешто да се случи на начин кој на нас (метафорично кратковиидите) можеби и не ни се допаднал, но сепак не повикува на вера и свесност дека ние сме на Земјата и гледаме од ниска, а Тој е на Небото и гледа и делува од висока перспектива.

Илустрација:
Во едно село постоело едно побожно семејство , на кое останатите селани често се подбивале. Еден ден, единствениот коњ на семејството, избегал. Селаните ги запрашале со потсмев: "Каде е сега вашиот Бог?" Но, следниот ден коњот сам се вратил и довел со себе уште пет други диви коњи. Селаните замолкнале. По неколку дена, синот на тоа семејство се качил на еден од дивите коњи, за да го припитоми, но коњот го отфрлил и тој паѓајќи, си ја скршил ногата. "Зошто Бог не го сочува?" пак им префрлиле селаните. Но, за кратко време нивната земја завојувала со друга. Синовите на сите селани биле собрани на фронтот и многумина од нив изгинале. Синот на побожното семејство не го зеле на фронтот, поради скшената нога, и така се спасил.
Тука завршува приказната, а соодветниот библискиот стих гласи вака:
"Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние, кои Го љубат Бога." (Римјаните 8:28)


3. Бог го одложува својот суд, зашто чека уште некои да се покајат и да се спасат

Можеби најглавната причина поради која Бог дозволува зло и страдање е Неговата милост и долготрпеливост кон сите нас.
Да појасниме: ние често се прашуваме зошто Бог не ги уништи сите зла и неправди. Но, што е тоа што Бог треба да го уништи, во тој случај?
Тоа сме ние луѓето. Тој треба да ја уништи нивната омраза, насилство, алчност, себичност, љубомора, нечесност.. и уште многу други работи.
Што мислиш, ако Бог утре реши да го уништи сето зло, неправда и грев на овој свет, колкумина од нас ќе останат живи? Кој е тој човек кој не направил грев во својот живот? Бог може во еден момент да ги уништи сите луѓе, и го има тоа право, бидејќи сите ние имаме грев и заслужуваме казна. Но Тој не ја сака смртта на грешникот, Библијата вели:
"Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание" (2 Петрово 3:9)

Бог е свесен дека како праведен Бог мора да го казни гревот и неправдата. Но Неговата огромна љубов кон нас луѓето не му го дозволуваше тоа. Затоа Бог, не деградирајќи ја Својата Праведнсот, ниту Својата Светост, ниту пак Својата огромна Љубов кон човекот, Божествено одлучи пресудата за човекот да ја премости од Едемската градина, на Голготскиот Крст.
Казната за нашите гревови ја презеде Божјиот Син, Исус Христос. Тој, на крстот, со Својата смрт плати за секоја неправда и грев на секој еден поединец на планетава кој ќе се покае и лично ќе ја прифати Неговата жртва.
Се ближи денот на Божјиот конечен суд. Тогаш ќе биде суден секој човек, според делата негови и ќе биде казнет за неговите недела. По тој чин, целосно ќе биде задоволена Божјата правда.
Ќе бидат помилувани само оние кои се покајале и го прифатиле Христос како нивен Спасител.
До тогаш, на земјата сеуште ќе има неправди, зло, страдање, бидејќи Бог сеуште го одложува својот суд затоа што чека уште некој да се покае, да се спаси и преку Христос да стане Негово чедо.
Библискиот чесовник вели пет до полноќ.

Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело на Пилат и за дена трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори:
"Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.
(Лука 13:2-5)

Господ не создал и ни дал моќ и право да одлучуваме сами за себе,за тој потоа или да не казни или да не прими.
Ти сакаш да нема болка?Сакаш се да биде идеално?На светов тоа зло е со некаква причина-може сака да види дали при сето ова што се случува ти ќе веруваш во него.Ако твојата мајка починала-тоа е твојата судбина од која нема бегање,а такви како тебе има милиони(дури и полоши).
За војните не е крив никој друг,освен човекот.
Со светот се случува тоа што се случува,човекот почнува да забегува и само он е крив.
Бог е тука,ако се случуваат лоши работи незначи дека го нема.Вербата е најважна
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Е па тоа сакам и јас да прашам?
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Е па тоа сакам и јас да прашам?
јас ќе те просветлам сине...
почни вака: дали е можна тотална хармонија? и волкот сит и овците на број? НЕ! истото е и со нас, луѓето. не е возможно сите да сме задоволни, среќни, исполнети, добри, да нема 3,4 и повеќе класи туку само богати и сл... -)) е сеа, поради неможноста за таков свет, мора да има класи, раси, различни типови на луѓе, карактери и сл. можда почнав да го тупам ко некој дедо, но тоа што сакам да кажам е: ние самите си го правиме злото и доброто. тоа е. нема никаква сила нит власт што може да направи ред каков што бараш или замислуваш.
убиец, крадец, општо земено-криминалец, не се раѓа ко таков. општеството го тера на таков потег во текот на животот. имам уште многу за пишување, ама ме фати мрза : (
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
еј Чорбаџи..... би риал.... ЈЕХОВИН СВЕДОК СИ ??????? зошто мислам дека сум го читал ова во една нивна сликовница..... ај кажи...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Господ нигде не рекол дека нема да дозволи никакво зло. Денот кога ќе ја дознаеме Божјата правда и ќе го слушнеме крајниот Божји збор и вистинскиот смисол на се, е Судниот Ден. А, дотогаш треба да се водиме по неговите заповеди, па што биде нек биде. Фино е објаснето дека тајни се патиштата Божји и дека додека сме на земјата нема да можеме да ги дознаеме.
Али затоа место да се оддаваме на порок, егоизам, завист среброљубие и слично, може да ги почитуваме Господовите пораки и со тоа да го направиме светот барем малку поубав. Затоа што, ако гледаме реално, доколку секој еден од нас не би убивал, не би крадел, не би повредувал, не би лажел, би простувал итн. колку зло ќе остане на Земјава? Многу малку.
Но, не може и да си тераме секој по своите ситни лични интерси и да очекуваме хармонија и мир. На пример, имам секс без заштита и под дејство на дрога, па останувам трудна и раѓам дете со неуролошко пореметување затоа што сум користела наркотици. Згора на тоа, немам работа нит пари да го издржувам детето. Гладуваме, состојбата на детето се влошува, а јас не гледам никаков излез. На крај можеби и дури го губам детето.Кој ми е крив? Господ? Не, туку јас која не сум помислила на контрацепција и последиците врз детето поради мојата злоупотреба на опојни средства.
Како и примеров, така и се друго е работа на причина и последица. Бог ни дал слободна воља. Наше е што ќе избереме. Но, и какви ќе бидат последиците. Одиме ли по патот на гревот, не ни бега казна, дури и тука на Земјава. И тоа казна која самите си ја одбираме затоа што не сме размислиле за последиците пред да ги направиме нашите дела.
За крај, еден цитат: Живееме ли, Господови сме. Умираме ли, пак сме Господови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom