Човештвото - плод на инцест?

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Во Битието, 1.27 “И го создаде Бог човекот споредо образот свој, според образот божји го создаде, машко и женско ги создаде“
1.28 ’И ги благослови Бог и им рече: “Плодете се, и множете се и наполнете ја земјата.....“
Значи, Бог создава маж и жена и им дава наредба да се множат и плодат и наполнат земјата. Како татко и мајка можат сами да ја наполнат земјата, прашање е сега освен ако нивните потомци синови и ќерки не се множат и плодат меѓусебе и така “полнат земјата“ ... со инцест??
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ова е смешно. Па дури да ја одбереш и еволуционистичката претпоставка за настанокот на човекот, не можеш да избегаш од инцесот :)
Мајмуните не разликуваат "сосетка" од "сестра" ;)
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Мајмуни?? Сестри????? Сосетка??
Зборуваме за Бог, за створениот човек и жена за нивните синови и ќерки кои меѓусебе се множеле (Сестра кани брата на вечера...) па нивните деца меѓусебе... значи инцесна врска кај ЛУЃЕТО не кај мајмуните.
Плус што врска имаат мајмуните со луѓето?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сакав да кажам, било која претпоставка да ја одбереш (креационизам или еволуција) не можеш да побегнеш од фактот дека твојот прадедо и твојата прабаба биле брат и сестра. ;)
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Сакав да кажам, било која претпоставка да ја одбереш (креационизам или еволуција) не можеш да побегнеш од фактот дека твојот прадедо и твојата прабаба биле брат и сестра
Да али еволуција не вика да 'не одиш в кревет со сестра си или брата си' додека креационизмот(во христијанството) од после ни кажува да не се ебааме со роднини.

Читајте повеќе за одговорите во Библијата.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
И јас одсекогаш сум се прашувала истото. :raz:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Денес не е дозволено, со закон, стапување во брак на брат или сестра (и на полубрат и полусестра, итн.), бидејќи постои недозволено висок ризик нивните деца да се родат со деформитети. Колку поблиску се родителите по роднинска линија, толку поверојатно е дека некој од потомството ќе биде со деформитети.

Постои многу оправдана и лесно разбирлива генетска прична за таквиот закон. Секој човек има две групи на гени, со приближно 130000 парови кои ја одредуваат неговата градба и функција. Секој човек наследува по еден ген за секој пар од едниот родител. За жал, гените денес содржат многу грешки (поради гревот и Казната), и овие генетски грешки резултираат со најразлични аномајлии (деформитети) кај луѓето.

Колку се родителите подалечни роднини, поверојатно е дека децата ќе имаат различни грешки во своите гени. Тие наследувајќи по една група од секој родител, веројатно ќе имаат по еден пар гени што ќе содржат најмногу по еден неправилен ген во секој пар. Добриот (доминантен) ген во парот има тенденција да го потисне неправилниот (рецесивниот) ген така што деформитетот нема да се пројави.

Меѓутоа, доколку брачните сопружници се поблиски роднини, поверојатно е дека тие ќе имаат слични грешки во своите гени, бидејќи се наследени од исти родители. Затоа, брат и сестра најверојатно ќе имаат слични грешки во своите гени. Децата од брачна заедница меѓу брат и сестра можат да ги наследат истите лоши гени на истиот генетски пар од двата родитела, што ќе доведе до две лоши копии на гените и до сериозни аномалии.

Меѓутоа, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки!
Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било "многу добро" (1 Мојсеева 1:31), така што нивните гени биле совршени - без грешки.
Но кога гревот навлегол во светот, Бог го казнил светот, по што совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање. (Римјаните 8:22)


Во текот на илјада години, оваа деформација произвела најразлични генетски грешки во живите битија.

Каин бил од првата генерација деца што се родиле на Земјата. Тој примил гени од Адам или од Ева практично без грешки, бидејќи ефектот од гревот и Казната во почетокот бил минимален и потребно било време за да се акумулираат овие грешки при копирањето на гените.

Во таква ситуација, браќа и сестри можеле да стапуваат во заедница со Божјо одобрение, без каква и да е потенцијална можност за создавање на деформирани потомци.
Адам и Ева имале многу синови и ќерки (1 Мојсеева 5:4), така што Каин си земал за жена една од нив.

Во времето на Мојсеј (неколку илјади години подоцна), дегенеративните грешки се акумулирале во таков обем што се јавила потреба Бог да ја забрани брачната заедница меѓу брат и сестра ( и поблиски сродници 3 Мојсеева 18:6-18)

Во тоа време на Земјата веќе живееле огромен број луѓе и немало потреба од бракови меѓу блиски роднини. Бог испланирал се!


п.с. Смешното во овој инцес-проблем е тоа што дури и да го земете еволутивниот пристап, не можете да го избегнете инцесот, и тоа во овој случај не само во почетокот, туку и редоследно во сите генерации бидејќи животните кога ќе им се дигне опашот, не бираат ни брат ни сестра, туку што прво замириса и се намести :)
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Д

Меѓутоа, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки!
Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било "многу добро" (1 Мојсеева 1:31), така што нивните гени биле совршени - без грешки.
Но кога гревот навлегол во светот, Бог го казнил светот, по што совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање. (Римјаните 8:22)


Чорбаџија напиша:
Бакилус, факт е дека еволуција ниту постоело, а ниту пости. !
А како то гените се смениле од идеални во неиделани ... промени имало или немало???
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
А како то гените се смениле од идеални во неиделани ... промени имало или немало???
Па за еволуција збори тој а не за промени..... Промени нели има... викаа и на плоштад така пред некое време...

Еволуција ти е нешто друго... еволуција ти е... мајмунска работа...

http://uncyclopedia.org/wiki/Evolution
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па за еволуција збори тој а не за промени..... Промени нели има... викаа и на плоштад така пред некое време...

Еволуција ти е нешто друго... еволуција ти е... мајмунска работа...

http://uncyclopedia.org/wiki/Evolution
:aplauz:

А како то гените се смениле од идеални во неиделани ... промени имало или немало???
Причината е гревот - ама тешко би ми било тоа да ти го објаснам, ептен сме на различна фрекфенција :)

Промените во гените не се аргументи за еволуцијата. Промените во гените не создаваат нови видови, туку само дегени во ракмките на сопствениот вид.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Гревот ги Прави промените во гените????????
Промените на гените не се аргумент за еволуција ?!?!?!?!
Промените во гените создаваат само дегени ?!?!?!!!


Ај вака.... во една единствена реченица.... најкратко.... што подразбираш ти под поим ЕВОЛУЦИЈА (кога се зборува за природата)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom