ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Државното земјиште зад ТЦ „Рамстор“ каде што треба да се гради хотелско трговски центар го добила ептен нова македонска фирма зад која стои скопска „ОРКА“ и тоа формирана наменски, само неколку дена пред продажбата на плацот. „ХЛХ Македонија ЛЛП“ нема ниту еден ден работа во хотелиерството, ниту еден денар не е поминат преку сметката, формирана е од англиска компанија на која 60 отсто од капиталот и отпаѓа на долгови, обвини денеска СДСМ.
Истрагата на партијата покажала дека не се работи за реномирана странска компанија, како што тврдело министерството за транспорт кога продало речиси пет илјади метри квадратни земјиште, ниту дека тоа е „Резидор Хотел Груп“ како што тврдел премиерот Никола Груевски.
СДСМ покажа изводи од македонскиот и англискиот регистар на кој се гледа дека основач на македонската компанија е мала текстилна фабрика во тесни врски со македонска „ОРКА“. Македонската фирма ХЛХ Македонија е регистрирана на истата адреса, „Скупи бб“ каде што е и седиштето на „ОРКА“.
„Се работи за договорена зделка во која државниот имот во центарот на Скопје требало да падне во рацете на најтесниот круг луѓе околу Груевски. Затоа толку експресно се уриваа бараките за побрзо да го присвојат имотот. Да беше чиста зделката Груевски немаше да лаже кој го купил плацот. Значи се докажа дека тоа не е „Резидор груп“ туку фирми блиски до премиерот“ - рече партискиот потпретседател Јани Макрадули.
Зошто се кријат сопствениците преку формирање на неколку фирми во синџир ако е чиста зделката. Дали за да се спречи наоѓањето на врската, праша СДСМ. Целата манипулација е направена за блиските семејни и партиски луѓе на Никола Груевски да го добијат овој плац- рече Макрадули.
„Откако се откри овој мега скандал, единствена дилема е дали Оскарот за најкорумпиран политичар ќе го добие премиерот или неговите братучеди? Тие што го смислија или тој кој го реализира овој договор“ - изјави Јани Макрадули.
Владиниот портпарол Ивица Боцевски не одговори дали „ОРКА“ е купувач на земјиштето. Рече, само дека плацот е продаден во регуларна постапка што ја спровеле надлежните органи. Пет илјади квадрати беа продадени за околу 42 милиони денари и беше најавено дека во наредните две години тука треба да се изгради хотел и придружни објекти за забава.