N
n/a
Гостин
Ти ги одделив интересните работи во твојот пост на три подточки.Ама и Грција и Србија уште преди војната потпишуват амандман против Бугарија (за све, нема значај зашто).
Знаем дека Туркија е капитулирала после пада на Одрин (вистина е дека е имали тамо и српска артилерија!), ама целата операција е бугарска творба и изп'лнение.
После знате Лондон и све оно, но србите и грците особено, кажуват дека нема да се чуват договорите, него принципа - "докаде е стигнала сека војска". За бугарите ово е било судар. Војската е била нај-веке во Тракија, и совсем мали дел во - Пиринската дивизија - во Егеја до Солун. Фердинанд е отправил претнја кон србите да чуват договора за зоните (спорна-безспорна), они су отбили и наште јурили. Грците без причина (имали су обаче договор со србите) јурили срешту Бугарија. Боевете су били добри за Бугарска
Прво,да те поздравам пошто ова е едно од најкоректните пишувања од бугарин на форумов,кога станува збор за Историја,и тоа поготово за периодот на балканските војни.Милион пцости имаат паднато до сега....
1.Има...и тоа те како има значење зошто!Тоа е круцијалниот доказ за целовитоста на Македонија пред балканските војни,на секое ниво!
Тајниот договор помеѓу србите и грците има за цел да приграбат повеќе територија на рачун на бугарите,спротивно на веќе постигнатиот таков,пред војните дејствија против Турција,според кој што Србија и Бугарија трребало да се разграничуваат на дијагонала Паланка-Струга.
Така да...нема ослободувачи,него три заинтересирани агресори кои што сакаат да прибават поголемо парче територија од Македонија.
2.На Одрин...бугарската пешадија и лесна артилерија под раководство на Ген. Сава Савов безуспешно летала 3 месеци и претрпувала сериозни загуби!И би летала уште толку ако србите не ги донеле нивните тешки топови(само они од сојузниците располагале со такви),и со нив не срушиле 3 од четирите главни утврдувања на Одрин.
3.Причино-последично врзано со првото...т.е со поделбата на интересните зони,или анектирана територија од соседите на Македонија.
Само што...војната и пред Румуните да влезат во конфликтот(за кое што се наградени со Добруџа) не стоела добро за вас.На фактот што румуните влегле може само да сте благодарни,пошто ако не...пак би изгубиле,само би имале мнооогу повеќе жртви во Втората Балканска Војна.
заклучок.
Бугарија не е мотхерланд на македонците...во никој случај!
Она е само еден од трите (јас намерно ги маргинализирам црногорците пошто они не добиваат своја интересна зона) завојувачи,кои што се договориле да ја поделат територијата на македонскиот народ помеѓу себе!
Бугарија,според загубите и нивото на учество на конфликтот,никогаш не останала задоволна со парчето земја што го добила (денес Пиринска Македонија) и во разни периоди од тогаш наваму и користејки најразлични средства се труди да прибави територија плус.
Во последниве години се води специјална војна со која што по пример на пиринските се цели да се претопат и вардарските македонци.
А тоа...е само уште еден гаф на официјалната бугарска политика!