Фан Клуб: Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Sprite
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе шо стадион имате таму у Охрид и која лига играте?:)

Стадион "Билјанини Извори" фантастичен терен (али откако настапи Лени, не е баш нај нај) и играме во 2 македонска лига и моментално се наоѓаме на првото место :toe::)

За Феномен:

Втора лига, стадионот ни е супер (за стадионот ако прајме муабет, без трибини), а трибините ни се да не речам бедни, неодржани, стари и плачат за обнова. Македонската фудбалска репрезентација пред секој домашен натпревар доаѓа тука на припреми. :)

Коста, шо број носиш? :)

И во кој ден играме не пиша.

Фантом ова година немам заиграно поради повреда, а и не сум баш најспремен...да речам голем малер ме пратит :( и сега засега никој.

Играме во сабота (стандард) :)

btw Фантоме можеби ќе се најдеме на трибина :)
 
Стадион "Билјанини Извори" фантастичен терен (али откако настапи Лени, не е баш нај нај) и играме во 2 македонска лига и моментално се наоѓаме на првото место :toe::)
Опала браво бе
А кое коло е?
А колку капацитет има стадионот?
Позз:salut:
 
Опала браво бе
А кое коло е?
А колку капацитет има стадионот?

Позз:salut:

4-то коло е, а за колку собира стадионот...мислам околу 1000 (можеби грешам, не ме фаќај за збор)

:salut:
 
Охрид 1-1 Миравци

Охрид поведе со голот на капитенот Ристе Маркоски, подобра игра прикажаја играчите на Охрид во првото полувреме додека второто припадна на гостите каде и го израмнаја резултатот во последните минути. Головите паднаа од втор план (од не изградени ситуации) Гостите имаа и шанса и да поведат, но добро изреагира голманот на Охрид.
 
Еве како изгледа моменталната табела
ТАБЕЛА тим игр. поб. нер. изг. + - бод. Брегалница 2008 4 3 1 0 7 0 10 Тетекс 4 3 1 0 5 1 10 Охрид 2004 4 3 1 0 7 4 10 Дрита 4 3 0 1 7 4 9 Слога Југомагнат 4 2 2 0 5 2 8 Цементарница 55 4 2 1 1 10 8 7 Маџари Солидарност 4 2 0 2 8 5 6 Локомотива 4 2 0 2 4 6 6 Вардар Декамел 4 1 2 1 7 7 5 Скопје 4 1 1 2 3 3 4 Кожув 4 1 1 2 6 7 4 Беласица 4 1 1 2 4 6 4 Миравци 4 0 2 2 5 7 2 Шкендија ХБ 4 0 2 2 4 7 2 Нов Милениум 4 0 1 3 3 9 1 Новаци 2005 4 0 0 4 3 12 0
Коста, добра утакмица беше денеска. Ја следев од почетокот со мојот драг пријател Фантом_Ох. Првото полувреме бевте супер, ама после кондицијата падна на нула, а и тренерот грешка направи. Зошто 9-ката и 19-ката ги изваде кога тие ја држеа до некаде утакмицата?
А мака ми е за голот беше без врска малце:(
 
СЕ ПРЕНЕРВИРАВ! Второ полувреме не игравме воопшто, одеа ко по чаршија „фудбалерите“. Онај тренерон пак, нека ојт кокошки да чуват, не го биват за нишо...
 
Според мене причината зошто беа извадени од игра е поради умор на двајцата и нормално да се освежи средниот ред ама :toe: и не само тие двајца туку сите паднаја второто полувреме...мора да се поработи на кондиција...а за голот беа виновни целата одбрана заедно со голманот кој мораше подобро да изреагира...сепак ништо не е загубено бод си е бод и е добредојден во секој случај...лани цела сезона само 2 победи имавме на гости, а додека оваа сезона од 2/2 ги имаме :wink:
 
СЕ ПРЕНЕРВИРАВ! Второ полувреме не игравме воопшто, одеа ко по чаршија „фудбалерите“. Онај тренерон пак, нека ојт кокошки да чуват, не го биват за нишо...

Зш тренерот???
Немаше врска тренерот со "фудбалерите" кога тие самите не знаеја шо прават 2-ро полувреме...резервите беа внесени за да прикажат игра и нормално да се докажат...од кај да знајт тренерот кој како ке изиграт...во грешка си фантоме
 
Се изедначивме на Табела во втората лига... Тетекс, Охрид и Брегалница по 10 бода од 4 кола

Се гледаме Охрид на 22 ноември... Охрид - Тетекс
позз
 
Охрид се „сопна“ на Миравци

Фудбалерите на Охрид одиграа само нерешено 1:1 на свој терен против незгодната екипа на Миравци. Иако „белите“ носени на крилата на трите едно по друго победи на стартот од новото првенство со голем елан влегоа и во овој натпревар, тоа не беше доволно да се соввада незгодниот противник.

Охрид имаше минимално водство до 87 минута, откако Маркоски во 36 минута го доведе домаќинот во водство. На три минути пред крајот Трајков ја искористи нерешителноста на домашниот голман Капрически и го израмни резултатот. Во 91 минута гостите пропуштија колосална шанса за победа, кога противничкиот напаѓач не реализира зицер.

Охрид и покрај ремито дома со 10 бода од 4 средби е во врвот на второлигашката табела. Во наредното 5-то коло кое на програмата е на 13 септември, Охрид гостува на Нов Милениум.

извор: Ohridnews
 
Коста, ко реков за тренерот, мислев да ги спремит кондиционо појќе... Јас шо тренирав атлетика, и дисциплина шо не барат толку трчање, бев подобро кондиционо спремен од фудбалериве. Можев да истрчам 10 километри со умерено темпо без проблеми, во секое време. За тактики и совети за време на утакмица не знам да кажвам, не го знам лично чоекот, да не грешам душа, ама за кондиција кој и да е требит да мојт да ги стегнит, да трчет ко коњи 90 минути.
 
Ајде сеа 2 недели одмор и пак да се вратиме во шема. Следна со Нов Милениум госи да ги тепаме убо ке е.:wink:
 
Мош ке ги тепате Нов Миленуим ако играат у Сушица. Кога ке ве затегнат низ соблекувалните, и ке ве замааат со камењата:pos2::pos2:
Се шалам:toe:
 
Охридски глај камен не ги бушит. :pos:

Неаме гајле, јас прогнозирам 2:0 за нас, Капрически несовладан овајпат. :pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom