Не се заебавај уште Доминго да ни умре и после кој ке прави добри оперски вечери???
знам дека последнава година имаше проблеми со тежината и мислам дека последниот пат во болница беше за срцеви проблеми.
Не знаеш ти ништо
Eве ја статијата од главната на Кајгана:
По безуспешна и тешка битка со ракот, утрово почина Лучијано Павароти, еден од најголемите тенори на сите времиња.
Како што јавуваат италијанските медиуми, во последните моменти од својот живот Павароти бил придружуван од неговата сопруга, ќерките, како и најблиските пријатели.
Операциите на р'бетот на почетокот на 2006. година, а потоа и на панкреасот по само неколку месеци, го натераа тенорот да се откаже од големата проштална турнеја на која планираше да одржи 40 концерти ширум светот и која ја започна во мај 2004 година.
Павароти е роден на 12 октомври 1935 година во Модена, а со неговиот исклучителен глас настапуваше на најголемите светски претстави, од миланската Скала до њујоршката Метрополитен Опера. Заедно со Хозе Карерас и Пласидо Доминго ја сочинуваа славната пејачка тројка "Три тенори".
Во декември 2003 година се ожени со својата поранешна соработничка Николета Mантовани која е 30 години помлада од него. Од тој и од претходниот брак има четири ќерки.