Unholy пеер,ќе извиниш оти малце те претркав
Вака,колку и да беше арогантен и безчуствителен,и искористи прилично неморални методи,сепак мора да го почитувате тоа што Let 3 ја постигна целта.
Имам една кратка реплика на неговиот пост подоле во кој самиот ќе увидиш дека неговата таканаречена провокација е прост биолошки импулс кој сигурно немал за цел да добие некаков ефект,туку само да се избие мометален наплив на некој каприц.
Јас го почитувам неговото мислење,што не значи дека немам право со иста мера и тон да му го кажам моето и кон него да се обратам како тој што се обрати кон сите нас.Мое право.Наречи го желба за дискусија ако сакаш,наречи го и фрустрација.
Од друга страна,јас пак не ве разбирам.
Видете како изгледате однадвор,и ве молам да се објасните
Ќе зборам за себе,а со тоа и за голем дел од моето опкружување.Јас лично личам на разгалено,добро гледано дете кое секогаш носи стандрадна облека и се меша со секаков народ.Истото можам да го гарантирам и за еден куп луѓе слични на мене.Сум одлучил once upon a time да не ја носам мојата музика,и со тоа си давам за право да кажувам дека стеротипот,како глобална рамка е глуп.И се борам против него,побивајќи уште еден стеротип,дека металците се луѓе со фак оф став и немаат вистински допир со реалноста.
Од една страна,не сакате стереотипи за вас и генерализации,од другата отварате теми како "Најголем дел од интелегентните тинејџери слушаат метал".
Значи,не сакате да ве генерализираат и да имаат предрасуди кон вас,а вие од друга страна сами си ги правите.
Не збори во множина.
Пази кој ја отвори таа тема(со достојна почит и такви некои срања)
Не викам дека нема уфилмани.Викам дека сум среќен оти со секој поминат ден,таквите се се помалку.
Не сме најинтелегентни,ама не сме ништо помалку свесни и перцептивни од другите.
Од мое лично гледиште,таа тема беше брука.
Друго,сакате да се облекувате ненормално (да расчистиме,ненормално за општеството,надвор од границите на моралното и убавото за општеството,битен детал,бидејќи вкусот е релативна работа)...А од друга страна сакате општеството да ја прифати вашата облека како нормална.
Мешаш.Има разлика меѓу морал и вкус.Облеката во ниеден случај неможе да носи неморал,бидејќи тоа е само стил на живеење.Исто како кога оние затуцанине христијани ќе кажат дека е неморално да ја посакуваш жената на комшијата.Па ти не си ја ебел бре,само имаш валкани мисли.Значи,не си убил ако се облекуваш во црно.
ОК.Понатаму,токму општеството го создава тие стереотипи.Јас лично пропагирам докажување дека не е тоа ништо страшно или опасно,наместо покорување и менување на она што тие луѓе се за да припаѓаат.
Се работи за круцијален момент во животот на еден човек,а еден човек како единка мора да биде респектиран,се додека не направи некаков деликт кој ќе го компромитира.Се до тој момент,може да се облекува и во крзно од тигар.
Штета за нашево општество,и историјатот кој го направи такво какво што е.Ама истрајноста е предност.Само треба да се баталат старите закоравени концепти на неподложност и омраза и да се погледнат розевите во очи
Трето,од една страна сте оние луѓе кои don't give a damn,а пак од друга страна се замарате премногу за тоа кој,колку и како ве доживува.
Навистина,не можам да сфатам,дали вие намерно вака правите,или ни сами не сте свесни дека од страна однесувањето е навистина нелогично и контрадикторно?
Панкерите се оние со апла i don't give a damn однос.Кај металците тоа се менува.Тоа се луѓе кои иако не се целосно подложни на сугестија,прифаќаат дебати и докажувања.Најпрост пример имаш со металците на форумов.
И веќе заморно стана твоево наметнување на тези.Пред да напишеш пост,прочитај што се напишало над тебе,анализирај го,па потоа коментирај,или евентуално реплицирај на делот на кој не се согласуваш.Јас на двапати му напишав на стариот-мега-металец дека е погрешен принципот на вртење грб и дека сега се помалку металци го прават тој глуп маневар.
Но сите овие муабети ме заморуваат,вие сакате да покажете дека сте кул,другите сакаат да покажат дека не сте...и можеме така до бескрај (односно 2012 година).
Не е кул оној кој се брани од неправедните стереотипи.Јас не сум кул,ама ни ти не си.Никој не е,тоа е збор измислен за да се објасни величината на семоќниот клитовлажнач Бред Пит.
За да прекинат да ве генерализираат,треба прво вие да прекинете самите,да се делите од целокупното општество,и самите да тврдите нешта,кои не се ништо друго освен груба генерализација.
Нема никој право да му кажува на друг како да го живее животот.Ако некој сака да не оди по тоа шабанските журки,или ако на некој му смета транс музиката и сака да си седи на трева и да си пие пиво и да си свири на гитара,тоа е негова работа.Тој(скоро секогаш)НЕ Е секташ,тој(скоро секогаш)НЕ Е мршник,тој(најчесто)НЕ Е дрогираш...и така натаму.
За се треба разбирање.Ако нема разбирање,барем нека има толеранција.
јес бе, се борев против стереотипитие во едноумието, јес бре, пролевав сопствена и туѓа крв по битолските маала за моите убедувања.
Ете.
Само ова го барав.
До пред некое време во една горна реплика пиша дека треба да баталиме вакви докажувања,правдања и дебатирања оти тоа било надвор од духот на идеологијата,за сега да кажеш дека и самиот си се борел против тоа.Извини,не си сфатлив.А ако си вистински стар претставник на метал движењето овде,тогаш не би си дозволил да си играш мајтап со помладите кои ја делат истата определба пишувајќи постови во кои им велиш да баталат пичкарско докажување и да си го тераат филмот.
Тоа ми требаше од тебе.
Фала ти.