Он.нет со нови Solo (adsl) пакети!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Изгледа не си доволно корисник на Он.нет да видиш какви заебанции ни приредуваат :nenene:
Од првиот ден кога пуштија соло3 сум корисник....па ај пресметај
 
Он нет и мене не ми прават ќејф. Ги имам и нив пробано. Имав ВАДСЛ, но нетот беше тешка катастрофа. Едноставно според мене не се стабилни, а и немаат којзнае што поддршка, а и плус проклетата поддршка се наплаќа. Од Т-Хоме за сега сум најзадоволен. Не да ги фалам сега или рекламирам нив, но имаат најстабилен интернет во Македонија.
 
Според моменталните понуди на услуги, можам да замислам како ќе биде ADSL 2 на Он Нет... Ако ADSL-от нивни има цена од 1500 денари со 4 MBit брзина, ќе има 2000-3000+ за ADSL2-ка, што е многу прикладна цена за македонските граѓани и нивниот стандард.

значи пред да почнете со заклучоци да ги разграниите малце работите:

ADSL што го нуди оннет е телекомски , што значи они само го препродаваат,така да некој друг ја диктира цената,
ADSL 2+ - е понуда што ќе биде НЕЗАВИСНА ОД ТЕЛЕКОМ, бидејќи за да добиеш мора да се разврзеш од телеком, значи не зависиш од нив.Така да оннет ќе може да си стави своја цена( не навлегувам која ќе биде таа).
На форумов има многу душебрижници кој што се секогаш незадоволни, кој без разлика дали се на оннет, телеком, кабелски..плачат нон стоп.заклучокот е дека изгледа не е проблемот до провајдерите него до корисниците.
Добро е што сите провајдери во држава не седат и веќе работат на нови технологии,така да очекувам во скоро време да има доста промени на тој план
 
ADSL 2+ - е понуда што ќе биде НЕЗАВИСНА ОД ТЕЛЕКОМ

Не лажи!
Како ќе биде независна оваа понуда од телеком кога бакарните жици се на ТЕЛЕКОМ?
Не ги имам видено да се пентраат по бандери, да пуштаат нови жици, да градат централи... Значи пак он.нет ЌЕ ЗАВИСИ ОД ТЕЛЕКОМ. Ќе зависи со бакарот, со централите...
Башка што, се најавува дека и т-хоум ќе пушта наскоро (баш периодот кога и он.нет најавува дека ќе пушта АДСЛ2+) АДСЛ2+. Да не испадне и двојкава препродажба на услугите на т-хоум?
Малку дигресија кон минатото на он.нет (нели кога се жениш, те интересира минатото на невестата за да имате успешен и убав брак, а не ветувањата кои ти ги дава за во иднина, демек ќе се смени откако ќе и го ставиш прстенот, да не речам потписот на договорот).
Он.нет озон - умрена работа
Он.нет вај-фи - цркната работа
Он.нет вадсл - на смртна постела
Нека ја дополни некој после мене листата. Колку да ги потсетиме на поразите во минатото и да им кажеме дека не сме овци.
 
значи пред да почнете со заклучоци да ги разграниите малце работите:

ADSL што го нуди оннет е телекомски , што значи они само го препродаваат,така да некој друг ја диктира цената,
ADSL 2+ - е понуда што ќе биде НЕЗАВИСНА ОД ТЕЛЕКОМ, бидејќи за да добиеш мора да се разврзеш од телеком, значи не зависиш од нив.Така да оннет ќе може да си стави своја цена( не навлегувам која ќе биде таа).
На форумов има многу душебрижници кој што се секогаш незадоволни, кој без разлика дали се на оннет, телеком, кабелски..плачат нон стоп.заклучокот е дека изгледа не е проблемот до провајдерите него до корисниците.
Добро е што сите провајдери во држава не седат и веќе работат на нови технологии,така да очекувам во скоро време да има доста промени на тој план
Сум бил и на Он Нет, и на Мт Нет, и тоа од кога излезе ADSL во Македонија го имам. Така да ги имам видено двата провајдери што се и како се, можам да ти кажам дека се менав на WDSL-от од Он Нет, кој не зависеше од инфраструктурата на Мт Нет за пренос на интернет, цените беа идентични како на тие на Мт Нет. WDSL-от работеше добро првите 2 месеци, но потоа беше тотална катастрофа па се менав пак на Мт Нет.

Инаку види на гоогле разбарај малце да видиш колкави се цените за интернет во другите држави па после пишувај дека корисниците не чинат а не провајдерите.

И на крај убаво ти рече Princ, инфраструктурата преку која ќе даваат услуга Он Нет е на телеком, независно ко ќе ми шепниш.
 
Нешто сте начуле од пријатели, нешто сте читнале од блогови, а сите немате врска... (со исклучок на Go2bed).

Инфраструктурата не е на Телеком, туку на Република Македонија.
Владата го шитна Телеком на Унгарците, ама не и инфраструктурата. Не бидете глупи, жиците може да ги користи кој ќе си плати за нив. За да се либерализира пазарот, тие жици нема да ги користат само Телеком. Ќе има ADSL2, експресно и поволно. Ама YuZe е изгледа запознаен со сите интернет „згодитоци“ низ светот, само не во Македонија.
 
Acid, не ќе да е лошо да си го избришеш постот и да не се брукаш вака :)
Телеком беше продаден со се мрежа, у пакет. Да беше така ти како што викаш, сосема поинаква песна би пееле сите ние денес.
 
Princ, грешка си. Јави се кај Грујо и прашај ако сакаш :)

Назад на темата (која не е продажбата на Телекомот).
 
Ама YuZe е изгледа запознаен со сите интернет „згодитоци“ низ светот, само не во Македонија.
А сега моментално на кој згодиток сум? На странски можеби? Сум ги пробал и Мт Нет и Он Нет, така да знам што се и двата. А баш ме интересира каква поволна ќе биде таа понуда... Ај да почекаме па ќе видиме, ќе збориме кога ќе излезе.
 
Па тоа е поентата. Да почекаме и да збориме кога ќе излезе. А не да се правиме стручњаци пред да излезе. Или светски интернет аналитичар кој тврди дека ова е „научна фантастика“ за Македонија.

Сеа моментално може да збориме за Solo (на оваа тема) и за WADSL (на оваа тема). За ADSL2 и за цените ќе збориме откако некој од нас всушност ќе го има. Несомнено е дека ќе го има за скоро време, ама да не го кудиме пред да излезе во официјална продажба.
 
Од првиот ден кога пуштија соло3 сум корисник....па ај пресметај

А како тогаш ти скурчило од телеком?

Од dial-up нетот што го користиш кога ќе ти падне он.нет? :)

Него,не ми е јасно Acid зашто ги браниш (знам зашто,но ипак off the record зашто).

Каков ќе биде тој нелогичен пакет од 10 mbp/s и 15 гига трансфер?
Мислам,ако е за домашни корисници,подобра варијанта е да ја искористат сегашната инфраструктура на адсл,и да понудат 1 mbp/s и неограничен трансфер за истите пари.

Мислам,навистина,на кој му треба побрз нет од 1 мегабит,а со толку смешен лимит.

Но знам дека тоа е чисто од маркетиншка страна,сите околу мене би ги дале своите 4 мегабитни и 2 мегабитни конекции без размислување,само да имаат мегабит со неограничен трансфер.
И он.нет го знаат тоа.
И не го применуваат само од чисто економски причини,повеќе профит за нив со побрз нет,а помал лимит.

И ќе беше се у ред да не беа тука Кејблтел.
Навистина,имаат декларирано дека после 100 гига се намалува нетот на 512 kpb/s,но кај мене констатно тера со 2 mbp/s,и симињам месечно над 170 гига.
И сето тоа за 1450 ден.

Не глеам причина зашто понудата на он.нет е во било која смисла подобра.
 
Него,не ми е јасно Acid зашто ги браниш (знам зашто,но ипак off the record зашто).
Ако не ги напаѓам (како тебе), не значи дека ги бранам. : )

блаблаба, блабла бла блабла...
Не ми се дискутира за пакетите, кои сеуште не ги видов никаде официјално наведени. Кога ќе бидат - ќе збориме.

И ќе беше се у ред да не беа тука Кејблтел.
Навистина,имаат декларирано дека после 100 гига се намалува нетот на 512 kpb/s,но кај мене констатно тера со 2 mbp/s,и симињам месечно над 170 гига.
И сето тоа за 1450 ден.

Не глеам причина зашто понудата на он.нет е во било која смисла подобра.
Ваљда зошто колку што разбрав ќе имаш и Онтел број, со неограничени разговори во Онтел мрежата, и со 300 бесплатни минути во T-Home мрежата. Не гледаш причина, или не сакаш да видиш причина?

И човече, не се споредувај ти со нормалните интернет корисници.
Ти си порн-чудовиште кое троши 170 гига месечно. Јас одвај 7 гига трошам месечно, а уредувам портал (што значи секојдневно прегледување видео фајлови, слики, галерии...) и ми стига месечно да симнам по некој филм и музика.
 
ХД филмови,и се друго што обичните смртници на но.нет купуваат за 100 денари на автопазар (програми,OS,игри,филмичиња 4 во 2 за 150).
Сепак,тоа е научна фантастика да симињаш на он.нет.

Не ми е јасно,во моментов ти плаќаш 100 ден помалку од мене,а јас можам да трошам повеќе од 15 пати повеќе од тебе.

Porn или no porn,тоа е убиство.

На крај,врти го ти како сакаш,но хипотетички,ако кој било јузер на но.нет му е даден неограничен нет,ќе го прави истото што и јас.
Не симињате зашто не можете,не зашто не сакате.
 
Не лажи!
Како ќе биде независна оваа понуда од телеком кога бакарните жици се на ТЕЛЕКОМ?
Не ги имам видено да се пентраат по бандери, да пуштаат нови жици, да градат централи... Значи пак он.нет ЌЕ ЗАВИСИ ОД ТЕЛЕКОМ. Ќе зависи со бакарот, со централите...
.

Тежок збор е ова.Ама има една поговорка:прости им боже не знаат што зборат.
Убаво е да се правиш паметен на секоја тема,ама за жал овој пат воопшто не си паметен, напротив излезе тотален лаик.
Еве ти се нудам слободно пиши ПП па ќе ти објаснам како тоа ќе бидат НЕЗАВИСНИ од Телеком, се разбира ако сакаш да научиш нешто ново.
 
Џабе се расправате на некои нема никогаш да им биде јасно дека и јас неможам од 4 гига да потрошам повеќе. И зошто би ми биле да плаќам макар и 50 денари повеќе да би имал не 15 туку 100 пати повеќе лимит кога нема да можам да го потрошам и ке ми бидат залудно фрлени пари....

Или сакате интернетот да го делите со половина од маалото, па после 110 гига ми се малку, до 10-ти лимитот поминува, па идивиди ја отварате 4 минути. Друг е муабетот. Гледам дека телекабел почнаа да нудат 6 гига трансфер со брзина од 4 мб/с за 600 денари. Еве ви еден доста солиден пакет кој сигурно Он-нет ке се обиде да му биде конкурентен. Башка како што гледам може и ке даваат фиксен телефон, со еден удар две муви. И претплатници на телефон и интернет корисници. Го имам WADSL речиси 2 години, единствено на што може да се пожалам е цената. Стварно можеа да намалат нешто под 1.000 денари сосе ддв (наместо сегашните 1300), друго нема што. Интернет имам кога сакам, за чет, прегледување на страници или спуштање програми. Не сум имал мака од типот не се конектира, бавен е, или паѓа на секои 6 минути. Ич не ми е гајле од кого го препродаваат интернетот, кеифот е голем кога ги гледам од Мт-нет со мсн месиџерите падни-кренисе, цел монитор од контакти се исполнува во десната страна кога ке се кренат сите наеднаш по падот. Е тоа братче кај Он нет го нема, и највероватно нема да го има. Колку сакате мислете дека ги бранам, но ова е размислување на еден задоволен корисник.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom