ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Во земја каде се зголемува платата на администрацијата и пензијата на пензионерите,во земја каде социјалната помош може да биде и 150 денари од човек месечно,се разбира дека се можни и вакви грозоморни чинови:
-Со јаже веднаш по породувањето на неговата сопруга Весна, Слаѓан минатата година задавил уште едно негово чедо. Двете бебиња прво ги закопувал во дворот, потоа ги преместувал 300 метри подалеку, во близина на бавча.
Чедоморството се случувало со знаење на потесното семејство.
„Што ме прашуваш мене, што да кажам?“, рече дедото на убиените деца.
40-годишната Весна, мајка на десет деца, против која полицијата покрена кривична пријава, а судот поради недостиг на докази за соучество привремено ја ослободи од притвор, според соседите, ретко излегувала од домот на 12-членото семејство.
Весна се породила во куќата, од каде соседите слушале бебешки плач. Знаеле оти има новороденче на кое потоа му се губи трагата. Ова го пријавиле во полиција. Првично се сомневале дека децата се посинуваат нелегално.
По распитот во светиниколската полиција, таткото убиец го посочил местото каде го погребал последното дете. Ископувајќи го распаднатото тело, полицијата случајно го открила и другиот скелет на новороденче погребано минатата година.
Кај истражните органи денес се постави и дилемата дали расветлувањето на случајот побројно чедоморство кај семејството Петковски ќе значи расветлување на други застарени случаи на убиство на сопствената рожба во Светиниколско.
Не се работи за две, туку за три убиени бебиња во семејството Петковски, велат жителите на Пеширово. Некои од нив сведочат и за други случаи на чедоморство во овој крај.
„Од старо време, ама тоа е друг случај. Одела со некој, останала бремена, го породила, го удавила и го однесла на турските гробишта, го закопала“, изјави жител на с.Пеширово.
Јавна осуда и сожалување предизвика овој случај кај соседите во Пеширово. Велат дека со 1.900 денари преживувало 12-члено семејство.
„Мирни се. Не сме имале лошо ни од децата, ни од постарите“, вели жителка на с.Пеширово.
Светиниколскиот Центар за социјални работи и во овој случај постапувал според законски одредената парична помош. Ретките посети на теренот не можеле да утврдат дали и кога треба да се делува превентивно и како треба да се влијае на планирањето на семејството.