Плати - Драган П. Латас

  • Креатор на темата Креатор на темата Helo
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
190
Ова е текст од денешен Вечер и ми се виде интересен:

Плати
Од каде му се пари на Груевски за зголемени плати, а потоа и пензии?!
Па тоа се парите што петнаест години од истиот буџет се крадеа по приватни џебови а, годинава, еве останаа тука

Господ го создал Светот за седум дена. Така зборат оние што, веројатно, го виделе тоа. И јас мора да им верувам бидејќи немам алтернативна информација.

И, откако го создал - запрел. Гледал чудо и сеир. Гледал како на луѓето, што и да сториш, не можеш да им угодиш. Тие што Тој ги создал се поделиле отпрво по вери, како врвен демократски чин на избор помеѓу повеќе опции. После се поделиле по држави и нации, професии и, најпосле, на богати и сиромашни.

Последнава поделба станала генеричка причина за сите понатамошни поделби и тепачки. Господ веќе не гледал причина и иднина за себе.
Пуштил работите да си тераат по свое. Заминал на подолг одмор. Во непознат правец. И не само Господ, знам многу по него што почнале
иницијатива, смениле на своја рака со свој влог и ризик многу нешта на подобро, ама народ опак и лош на крај ги исплукал и нив. И себеси со нив заедно.

Ако биле Даме и Питу, биле Власи и нема што ние сега на Власи македонски споменици да им правиме. Па после дојде Тито. Не вадеше одовде од под јорган да дојдеме во Јајце на АВНОЈ, за да се прогласи и нашата држава заедно со другите. А после Љубчо, кога стана премиер, му ги симна буквите што ја испишаа неговата реченица на стара железничка за подобро Скопје после земјотресот. Нема везе што Тито донесе куп пари за обнова на Скопје, а Љубчо од Делчево тогаш не бил ни роден. Па сега ти види дал имаме ќар што се родил Тито, или ќарот ни е раѓањето на Љубчо?!

Ај, Љубчо бил бугараш, ама имаа време после Љубчо и Бранко, и Хари и Бучковски буквите на Тито со зборовите за благодарност и надеж за Скопје да ги вратат.
А не ги вратија. Во меѓувреме тоа Скопје стана ѓубриште и паланка без идентитет.

И после не ни одело. Е не оди пријатељу. И нема да оди. Да се немало усул: да се погазело и исплукало се околу, па и она што ти носи ќар. Или бенефит, по ново.

Гледам, минатава недела, Груевски го направи за седум дена она што народов го бараше скоро петнаесет години: да се зголемат платите на повеќе од сто илјади во државниот сектор и јавната администрација, да се намалат даноци на лекови, учебници, компјутери... и, на крај, сето тоа да даде поголеми пензии.

И, бидна. Човекот седна, и Владата донесе одлука за тоа да биде. Над половина милион вработени, пензионери, компјутераши и редовни купувачи на лекови имаат причина да бидат и те како задоволни. И се.
Арно ама, излезе омладината на Се-Де-Сето и онака, антипротивно, збрчи: не може така, од каде му пари на Груевски за такво зголемување на платите!

Од каде му пари за платите, а?!

Е па омладино, од истиот буџет од кој се крадеше по токму толку, по педесетина милиони евра годишно. Парите, наместо за плати, одеа за дубари, од Алмако и ЕксИмпорт банки, до разноразни бачила, набилдани резервни делови за тенкови, покривање на штети од
разни ТАТ-ови... ставање големи фирми пред стечај за да бидат купени со украдени пари од божемни странски инвеститори... ете ги парите.
Можеа да ги дадат и порано да не ги украдоа. Ако ги дадеа, ќе имавме поквалитетен кадар во државната админситарција и јавниот сектор, со поголема плата. И помалу корупција, согласно тоа.

Накусо, целата игранка со зголемените плати на навистина бедните примања на учители, наставници, лекари, полицајци... кошта брат-брату педесет милиони евра годишно. Тоа е износот кој е едвај третина од аферите за кои секоја година пишуваат весниците, ама Суд
не крупните лопови до сега не ги суди.

За споредба, само во Фондот за здравство и Министерството за одбрана со години постојано фалат по три-четирисет милиони евра годишно, и никому ништо.

А, не фали само кај нив. Сетете се на Фрч и пасошите. Е, сега не фалат. И, оп! Ете ти пари за плати. Омладино, опамети се. Кога на пола милион луѓе им е подобро, и тебе ти е. Ако ти дошло до луѓето.

Ако не, нема спас тука.
 
Aбе овој немал ни периз,ни срам штом пишува за вакви работи,па самиот тој има учествувано во најмалку половина афери што ги споменува со неговиот Ѕинго,а сега мрчи по веснициве дека друг бил крив.А знае ли воопшто во чие царство работи и со чии пари е создадена машината што го лансира во светот на малку попознатите?Контрадикторен е и со фактот кога сам вели дека крупните арамии досега суд не ги судел,значи неговиот идол заборави да направи реформи онаму каде требаше уште првиот ден да ги направи а тоа е судството барем како што му порача ЕУ.
Се-де-сето му било криво а Тито му бил прав,само уште да кажеше кој Тито,оти Македонија е единствена земја на Титовци после Шпанија мислам.Изгледа му зарибал џипот што му го даде Љубе па сега се греби за нов кај Гвујо,само така Драгане,само така ќе ти го шитнат џипот на Кедев или на Гордана поефтино мислам како заслужен тресигаз во секоја власт.
 
Ова е текст од денешен Вечер и ми се виде интересен:

Плати
Од каде му се пари на Груевски за зголемени плати, а потоа и пензии?!
Па тоа се парите што петнаест години од истиот буџет се крадеа по приватни џебови а, годинава, еве останаа тука

Ја прочитав само првата реченица од текстот и видов дека немам шо да читам понатаму. Од каде пари за плати? Прво, Никола Поповски на крајот на мандатот како министер за финансии рече дека на неговиот наследник му остава каса со 350 милиони евра. Второ, ако Латас не се сеќава или НЕ САКА ДА СЕ СЕТИ, и лани административците добија покачување на платите, кога СДСМ беа на власт.

А Латас е испукана чаура. Колку е само смешен и проѕирен. :vozbud:
 
А што те кошташе да го прочиташ текстот, наместо да арчиш простор со негово цитирање? Да го прочиташе, ќе сфатеше дека ти е скроз депласиран коментарот.
 
А што те кошташе да го прочиташ текстот, наместо да арчиш простор со негово цитирање? Да го прочиташе, ќе сфатеше дека ти е скроз депласиран коментарот.

Поткрепи го 'депласиран'.
 
Па 350 милиони Гвујо врати само за кредити кој и не мораше баш да ги врати,ако веќе збориме непретенциозно.
 
Па 350 милиони Гвујо врати само за кредити кој и не мораше баш да ги врати,ако веќе збориме непретенциозно.
Ај сега да бидеме реални зашто ги врати. Ги врати за ММФ да не може да му кења за наредниот чекор, зголемувањето на платите на администрацијата :wink:
 
Ај сега да бидеме реални зашто ги врати. Ги врати за ММФ да не може да му кења за наредниот чекор, зголемувањето на платите на администрацијата :wink:

Значи администрацијава чини многу повеќе од објавените 50 милиони?:(
 
Значи администрацијава чини многу повеќе од објавените 50 милиони?:(
Не. Значи дека ќе го немаше нивното аминување. Ќе беше во стил ни должиш, а покажуваш пари. Значи, долгот мораше прво да биде вратен. Разбирливо.
 
Ако секоја година им ги зголемуваат платите на административците, не знам до кај ќе стигнеме. 2/3 од буџетот за администрација е само... Ама добро, една од реформите што им е наложена од ЕУ е да ја намалат администрацијата, така да, ќе нема да е толку оптеретен буџетот.
 
Леле Фљаво мори, ко Никола Поповски да те има пЉукнато... :pos: Влавче да не си?
 
Ако секоја година им ги зголемуваат платите на административците, не знам до кај ќе стигнеме. 2/3 од буџетот за администрација е само... Ама добро, една од реформите што им е наложена од ЕУ е да ја намалат администрацијата, така да, ќе нема да е толку оптеретен буџетот.
Aбе 15 години им ги немаат качено (како и на сите во државава), а цените на сите производи/услуги се качија по неколкукратно. Па сеа ти види...

Мене ми е мило да ги качат платите (па и пензиите) на било која група на граѓани на државава, без разлика дали се тоа административци, физички работници или што и да е. Тие луѓе се сепак граѓани на оваа држава.

Е сега, кога сме веќе кај гломазноста на државната администрација, мора да признаеме дека таа е страшно тромав и огромен, а неефективен апарат. Но, бидете реални и кажете кој ја набилда толку. Колку само измислени со сила работни места се отворија во минативе години...ихаа....клати врата, земај плата.
 
Па лани им беа покачени платите во администрацијата.
 
За колку? 200 - 300 денари? Наместо геврек, за доручек да имаат и за јогурт :)
Kаков просперитет економски... :)
 
Back
На врв Bottom