Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
ајде да пишам и ја....не е легално да се исфрли еден предмет за да се подобри просекот. многу тоа го прават, ама не е легално.
е сега за продолжување на стипендија се зема просек на сите положени предмети, а не само од последната година.
 
Има ли теоретски шанси да ни исплатат уште нешто до август? Исто така, кога продолжуваш стипендија, се гледа успехот и од претходната година или само новата година. Пример, прва година просек 9.75, втора година 10.00. Просекот ќе биде од двете години или 10.00?
 
Леле гревче си исто како мене... И јас го фатив истиот просек...

Ако не запишам една 6-ка, ќе биде океј.Ќе си ја пробам среќата на студентски, кога ќе дојде време.:toe:

Има ли теоретски шанси да ни исплатат уште нешто до август? Исто така, кога продолжуваш стипендија, се гледа успехот и од претходната година или само новата година. Пример, прва година просек 9.75, втора година 10.00. Просекот ќе биде од двете години или 10.00?

Се гледа целокупниот успех, т.е. и од претходната година.:salut:
 
Без разлика на се,препорачувам да одите докрај кога аплицирате или продолжувате постоечки договор за стипендија или кредит.Зошто?Едноставно е,има премногу апликанти во многу кратко време,така да во МОН работат "грубо" без да навлегуваат во детали!

Искрено како студент се чуствувам како маргинализирана категорија,државата не го исполнува и тоа најмалку што може!Наместо да не стимулираат,да не поддржуваат во нашето напредување,тие не уништуваат.По се изгледа најдобро ќе биде наместо факултет да се запише некој занает или да се стане земјоделец,зошто тоа се форсира,тоа се субвенционира,а студентите го добија статусот кој го имаа земјоделците во минатото.
Затоа драги мои,не одете на факултет туку засукајте ракави и на нива...тоа е во мода,а не знаењето!!!
поздрав
 
Знае некој кога ќе ни ги исплатат останатите рати од стипендиите?
 
Луѓе а знае ли некој колко минимум просек треба да стипендија за електро?
И дали даваат стипендии на сите шо ќе аплицираат? А кредитите ги укинаа?
 
Луѓе а знае ли некој колко минимум просек треба да стипендија за електро?
И дали даваат стипендии на сите шо ќе аплицираат? А кредитите ги укинаа?
Минимум просек за стипендија на електро е 8 , а 7 за кредит. Кредитите не се укинати.
Дали даваат на сите што аплицираат тоа зависи од тоа колку стипендии се предвидени и колку луѓе ќе се пријават. Колку повисок просек имаш толку се поголеми шансите за да добиеш стипендија.
 
Дали таа поголемата стипендија со просек над 9, смее да ја земаат само тие што се на ики, електро и информатика на пмф, или може и од другите смерови на електро?
 
40 милиони евра дивиденда од телеком за владата!!!Кој монопол имаат маџарите мајката нивна!

Е сега не гледам причина да не ни исплатат долгот што го имаат!
 
40 милиони евра дивиденда од телеком за владата!!!Кој монопол имаат маџарите мајката нивна!

Е сега не гледам причина да не ни исплатат долгот што го имаат!

Маџарите немаат монопол веќе две години и више :))) умре тоа :)
а верувај дека тие пари у никој случај нема да легнат на нашите сметки :S тие долговите не им ги исплаќаат на овие земјоделциве што умираат од глад а владава им дужи еден куп пари, не се замараат со нив, па ќе се замараат со нас..:S ние студентите сме на крајот на листата, на нас пари ќе ни дадат тогаш кога веќе ќе немаат што да лажат и да се вадат, е тек тогаш ќе ни пуштат некое денарче да се порадуваме малку :S
 
Се согласуваме дека ние сме бетер од земјоделците,ама маџарите за жал имаат монопол.Другите се мали играчи,берат трошки да не речам:smir:
 
Оф топик: Дивидената на МК Телеком е со 12 бројки, каде првата бројка е 7......Па сега рачунајте.....Кога ние ке добиеме стипендија и како.....
 
Ај да прашам нешто?
Сега кога ке поднесуваме документи за стипендија во октомври или кога и да е, бараат ли месечниот приход на семејството. Односно, ме интересира дали ке прават проблем или ти се намалуват шансите да добиеш стипендија на пример ако имаш сметка своја и на пример имаш на неа одредена сума на пари. Дали тоа играе некоја улога ...поздрав :salut:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom