СООПШТЕНИЕ
за студентски стипендии и кредити
Министерство за образовние и наука ja информира јавноста дека од денеска (15.10.2007 година), студентите од државните и приватните Универзитети во Република Македонија можат да конкурираат за студентски кредит или стипендија.
Оваа година, за прв пат на студентите е овозможено електронски да се пријавуваат, со што ќе се елиминираат сите можни неправилности при распределба на студентските стипендии и кредити. Пријавувањето трае до 31.10.2007 година, по што на 05.11.2007 година ќе биде истакната прелиминарна листа. Можност за пријавување имаат и студентите од приватните Универзитети, каде што е предвидено доделување на 240 студентски стипендии и исто толку студентски кредити, додека за студенти кои студираат во државните Универзитети предвидено е доделување на 1.360 студентски кредити и исто толку студентски стипендии.
Сите заинтересирани студентите за студентски стипендии и кредити можат да конкурираат и да добијат подетални информации на веб порталот
www.raspredelba.gov.mk.
ова е соопштението од министерството за образование од
www.mon.gov.mk