Il Fenomeno
non mollare mai
- Член од
- 14 март 2007
- Мислења
- 3.226
- Поени од реакции
- 707
Владата најави зголемување на платите и пензиите
МИА
22.08.2007 Владата на Република Македонија донесе одлука за зголемување на платите на државната и јавната администрација со одредена динамика за околу 34% во периодот од октомври 2007-ма до октомври 2009 година, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.
Зголемувањето на платите, како што посочи Груевски на денешната прес-конференција во Владата, ќе повлече и зголемување на пензиите за околу 20% во период од три години, почнувајќи од 1 јануари 2008.
Согласно владината одлука, порастот на платите ќе почне да се реализира од октомври годинава со 10% годишно, а ќе бидат опфатени 108.114 лица вработени во државата и јавната администрација.
Со одлуката за зголемување на платите се опфатени државните службеници, јавните работници во образованието, од културата, на детската заштита, на социјалната заштита, министерствата за внатрешни работи и за одбрана, судството, здравствениот сектор, јавни здравствени администрации, медицински персонал, судии, пратеници, министри и заменици - министри, именувани директори на буџетски институции, амбасадорите и вработените во дипломатско - конзуларните претставништва, јавните претпријатија.
„Покачувањето на платите, на пензиите и намалувањето на ДДВ за лековите се крупни и конкретни мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните и за нивно економско закрепнување. Оваа одлука се носи по околу една година работа на Владата на Република Македонија и преземени низа чекори во економијата и активности на за економско закрепнување на државата“, изјави Груевски.
Тој изрази надеж дека ваквата владина одлука ќе биде следена и од приватниот сектор во рамките на можностите.
Вкупниот трошок за Буџетот од зголемувањето на платите ќе изнесува меѓу 2,7 и 3,5 милијарди денари годишно или 1% од БДП.
„За оваа година за исплата на првото покачување ќе бидат потребни 670 милиони денари кои ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија. Буџетскиот дефицит ќе остане на ниво 1,5% од БДП“, потенцира Груевски, додавајќи оти не очекува овие мерки да влијаат на стапката на инфлација.
За одлуката за зголемувањето на платите во јавниот сектор е информиран ММФ.
MIA
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=82953